Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210909-125849_Facebook.jpg
    И повторно помош од странци оти не нè бива.
     
    На senjorita-v и Sestra :) им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    77.508
    Пол:
    Женски
    Чудни сте ми.
    Изгледа не знаете како изгледа пожар и како брзо се шири.
    Арно што и тие 12 ги извадиле, сепак тоа се болни кои лежеле во кревет, врзани на системи.

    Дали имало автоматски струјомер, при случај на спој да се исклучи струјата?
    Дали имало аларм и спринклерс?
    Дали имало пп апарати?
    Дали имало обезбедување кое треба да е тренирано да дејствува во случај на пожар?
    Дали имало врати за излез во случај на пожар кои не се заклучени?

    За спречување на таква трагедија треба многу нешта.
    На многу луѓе им се снеарнува кога некој ќе се онесвести. А во случај на пожар кога сите паничат ретко кој останува смирен да знае што треба попрво да направи.

    И не е само модуларната болница градена вака.
    Многу објекти се.
    Во колку згради има fire exit?
    Скалите се внатре или надвор?
    Има ли тренирани особи кои ќе помагаат во случај на пожар?
    На работно место, во која институција ги има истиве нешта?
    Скоро сите врати што треба да се fire exits се заклучени, почнувајќи од училиштата.
    Прво, кај нас нема достап до сите објекти заради блокирани улици од автомобили, немаме пожарни, немаме опрема...
    Арно што и толку постоиме...
     
    На marchi-cool, hello-kitty.90, злоба и 49 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, аман со шпекулации веќе.
    Трагедија се случи вчера стварно не е во ред да потпалувате оган тука со полуточни информации.
    Во Тетово КОВИД болни се сместуваат на повеќе места. Едно од тие места беше модуларната болница. Значи не беше ова инфективно одделение, ова беше во продолжеток на Инфективносто одделение ставено во дворот како плус капацитет.
    Во него пожртвувано работеле лекари кои папсуваат од умор да спасат живот плус.
    Среќа во несреќа е што нема мртов здравствен персонал.

    Овој објект и оној на кој му беше оштетен доводор на кислород пред некое време не се истите. Овој е од една страна на Интернистичкиот блок, Ургентниот Центар е на другата страна.
    Она што треба да се случи е да се истражи што се случило и некој соодветно да одговара.
    Тие што се на одредена фунцкија во моментов исто треба да сносат одговорност, ама со пишување глупости нема да помогнеме.
     
    На злоба, PaLaVa, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.032
    Допаѓања:
    36.340
    Пол:
    Женски
    А што ќе се случи кога ќе даде Филипче оставка?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Ништо. Супер си е човекот оставете го нека тера.
     
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.699
    Допаѓања:
    11.214
    Пол:
    Женски
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде друг и ќе ни ја продава истата магла.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Така и за македонска фудбалска репрезентација викавте па на крај се пласиравме на европско со нов тренер. Ама според некоја логика требаше истиот тренер да биде со години затоа што "фудбалерите толку ги бива"?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.802
    Пол:
    Женски
    Од Слободен печат:

    Тетовчанка, чиј татко се лекувал од ковид во модуларната болница во Тетово, вели дека пожарот најверојатно настанал откако лекарите во соседната соба со дефибрилатор се обидувале да анимираат девојче, кое било на умирање. Во моментот на интервенцијата, вели тетовчанката, слушнала повици дека во соседната соба мора да се анимира девојчето, лекарите и сестрите биле растрчани, а набргу потоа се слушнале панични повици дека избил пожарот.
    Дека е можно дефибрилатор да ја предизвикал трагедијата во тетовската болница тврдат за „Слободен печат“ и лекари од инфективното одделение на болницата, со кои разговаравме под услови на анонимност. Според, овие неофицијалните верзии, можно е да дошло до искрење на штекерот на кој бил приклучен дефибрилаторот, или самите искри на дефибрилаторот да предизвикале пожар. Оваа верзија уште не е потврдена од официјални извори на истрагата.


    Еве, според изјава на сведок. Се надевам нема да прикријат нешто, со оглед на тоа што уште нема официјална потврда...
     
    На saki13, MarijaMi90 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Во сите овие 30 години не се најде јунак од мајка роден да излезе да каже дека презема одговорност за нешто... чисто перење раце, немање совест и морал за ништо...
    Ова што се случи е само една жалосна слика на дереџето до кое сме дојдени како држава, оти оние што ги бираме да не водат се неспособна, неморална и парољубива багра што по секоја цена сака да грабне што повеќе.
    Ех Македонијо... не те заслужуваме...
     
    На marchi-cool, злоба, Klarijana и 42 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Фудбал не ме интересира и темава не е за фудбал.
    Министерот треба да си даде оставка,требаше уште одамна заради состојбата во државава.
    Ама,и друг да дојде не може да очекуваме да е поарен од овој.
     
  12. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Нека дојде па ќе видиме. Овој ако остане уште повеќе ќе се намалува довербата во институциите а тоа води кон нови и нови проблеми.
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Страшно е и жално за секој еден човек кој на овој трагичен начин го изгуби животот ..

    Колешка на мајка ми се погоди баш таму на смена .. И се јави мајка ми , жената плачеше од стрес , страв , ужаснатост , шок ... Кратко рече " успеав да излезам во последен момент да се спасам , не сум повредена .. изгоре , се изгоре , луѓето , опремата , се .. не можам да зборувам , извини " и спушти . Се тресеше жената ..

    Свекрва ми исто била на смена на друг оддел , и за жал сите мртви се кај неа донесени првично . Вели ужас беше , само нозе , половина човек го нема .. пеплосани .. Околу 20-тина ги донесоа кај мене , можеби .. Страшно .

    Свекрва ми , која ништо не може да ја расплаче и растажи , денес плачеше .. Беше растревожена од она што го видела ноќеска .

    Јас доцна синоќа поминав со кола од таму . Глетката е тажна .. од модуларната болница останале само кровот и страните налик ѕидови . Црнила се гледаа од надвор . Се изгорело .

    FB_IMG_1631186532364.jpg

    Бог да ги прости починатите . Сочувство до семејатвата ..
     
    На marchi-cool, Ivan4e04, Idedemja и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.659
    Допаѓања:
    39.517
    Пол:
    Женски
    Никој ништо нема да признае и да преземе одговорност.За тоа треба морал и емпатија, а овие две особини и политичари не одат во иста реченица.Многу повеќе ќе бидам изненадена ако се спроведе праведна истрага отколку ако едноставно се препише на несреќна случајност.
     
    На PaLaVa, Idedemja, Mr. Scratch и 7 други им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Каква црна одговорност Анат, секој што седнал на фотеља и го залепил гзот со супер лепак не намерава да стане па нож до коска да е. Да имаше еден нормален и асален политичар што дошол на власт да направи добро на народот до сеа ќе цветаа ружи, а до тогаш ќе биде "све под контрола" дур све околу нас оди у мајчина.
     
    На PaLaVa, Ivan4e04, neno0o и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе дојдат, коа овие партиски напикани војници се неписмени и не знаат што да прават
    ништо. Друг партиски неспособен министер ке стават
    немајте верба во сторијава, бидејки ја пишува Мирослава Брнс (блиски човек на заев и негов верен послушник) па сега ќе го испере некако со приказниве
     
    На azelea, Tajnaotrovna, Роберт 7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.616
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, нема зборови со кои можам да помогнам. Само ќе го оставам ова тука, да знаат дека има стручњаци што бесплатно ќе им помогнат.

    FB_IMG_1631187943246.jpg
     
    На злоба, sweet-cherry, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  18. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Греота и срамота е каде живееме и кој неспособни луѓе ни ја водат државата, се прашувам што е проблемот што не може да се стави ред со години во една држава каде што живее само 2 мил. народ. И тоа не бара овој народ бог знае што, туку основните права на здравство и образование да функционираа бар како треба. Што да кажам еве од себе да тргнам, моментално ковид позитивна сум и досега се на приватно плаќаме со сопругот, тргнувам од тоа што прво немаше термин за тест, се чекало 5 дена, па термин за плуќа немаше па за крвна слика ни закажува после 10 дена и така натаму, се на приватно направивме...и после касно доаѓале луѓето на преглед и највисока стапка на смртност...а за сето ова никој не презема одговорност...крајно неодговорни луѓе за жал, затоа ќе страдаме
     
    На PaLaVa, Idedemja, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ова е обновена вест, во претходната верзија што ја прочитав девојчето кажуваше дека нејзина сестра била придружба на татко и кој бил хоспитализиран, и дека и другите имале придружници од семејство.
    Вероватно овој дел морале да го исфрлат од приказната.
    Девојчето во паника, го скршило прозорецот, и со татко и преку прозор, тој паднал, дека болен, ама успеале да го извлечат. Додека се свртела и другите двајца болни на кревети останале да лежат, спиејќи, веќе во пламен отстрана. Сестра и во шок, цел ден само плачела поради тоа.

    Наводно само економскиот директор на болницата дадел оставка.
    Другите и да поднесат, само ќе се спасат себеси. од притисокот. Доволно складирале досега, се обезбедиле за живт, па оставката само ќе им значи мирна глава. Нив некој да не ги замара. Оф.
     
    На Idedemja, Mantub, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.671
    Требало ли и кај медицинскиот персонал да има жртви?
    Помогнале колку што можат да помогнат.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.