Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    32.404
    Пол:
    Женски
    За жал и да си отиде овој министер ќе дојде друг. Ист како него. А ќе биде ист зашто за жал ние сите здружно 30 годни не уепсеаме да пораснеме. Трагедијата е одраз на немање систем. СИстемот сме сите ние. И сите ние не успеавме да го изградиме.
    Фунцкионирањето на државата не треба да зависи од тоа која марионетка е на местото Министер во момемнтот. Минливи. скоро небитни фигури се министрите секаде каде што системто функционира. Поголемиот дел од луѓето не би требало нит да го знаат, нит да им а гајле кој е марионетата на местото Министер. Само во земји каде што луѓето не сакаат да функционира системот е битно кој е Министер. Системто функционира и без Министер (како во Блегија каде што година дена немаа Влада). Само кај нас Министерот е крив за се. Зашто партиските војничиња во системот не си ја вршат работата.
    Туак потфрливме сите ние. Потфрливме како систем на денот кога славевме независност.
    Наместо да изградиме систем сите ама баш сите систематски се трудиме да го уништиме со чест на исклучоци.
    Сите очекуваме непто од системот и полукаме по него, ама дали ние го градиме тој систем така како што треба. Сите плукаат по партиите ама повеќето имаат книшка за да може да се вработат тие или некој од фамилија на сигурно во државна администрација. Сите плукаме што се влегува преку ред, ама повеќето ако може ќе ја фатата на комшивката осмата братучедка за врска за да влезат преку ред. И тие што се вработиле со врски потоа ќе гледаат како да се офајдат, како да помогнат на свои луѓе и нормално како со тоа да го зезнат системот. И системот ќе се распаѓа, а ние ќе се давиме во препирли која партија е поарна од другата. Побогу вчера никој немаше муда да го користи уставното име на државата. Зашто доаѓаат избори и партиските ботови ќе се пуштат на најјако да си го негираат сопственито идентитет. не знам од каде ние само таа негативна нишка за себеушништување вткаена. Си играме мајтап со сами себе, несфаќајќи дека со тоа градиме идентитет во кој имам негативна особина за сам себе. Во тероиај сите групи во сопствениот идентитет имаат само позитивни особини, ние во нашиот од инает, до глупуирање и незнаење вткајуваме себепонижување. Само затоа што со тоа ќе се изгребе некој за подобра позиција за себе во партијата/администрација и што и да е. Е па како круна на сето тоа баш на прославата на независноста ни се случи трагедија. Тешко дека ќе не разбуди по она што го читам. Новинарите пак пишуваат недоизтражени работи ( и неточни па луѓето не знаат кој објект во Тетовската болница изгорел, каде пре ддве недели бил оштетен доводот на кислорот и слично). И партиските ботови беа пушетни на најјако па ноќеска на Твитер се водеа недолични препирки, наместо да се покаже искрено сочувство со настраданите. И тука исто.
    Оставки од морални причини е веројатно редно да има, ама одговорност лична да барате кај Министер не треба. Треба сите од администрацијата во повеќе одделни да себидат одговорни зашто не си ја завршиле работата како што треба.

    Ова треба да биде лекција за сите дека вака веќе не оди. Мора нешто да смениме. Ама веројатно за жал нема да смениме.

    @CrazyGirl15 Кортекс од Тетово нудат бесплатна психолошка помош. Информацијата веќе се шири по Фејсбук. Мислам дека е доба идеја сите што ги знаеш и доживеале траума да се обратат до нив за да добијат стручна поддршка за да им се намали траумата. Со најискрени намери препорачувам помош од мои колешки.
     
    На злоба, PaLaVa, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Медиум на албански јазик јавува за смрт и на медицинско лице ,Др Ферди Сарач .Го преживеал ковидот но оваа трагедија не ;(;(;(.
     
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Едно не ми е јасно само две возила пожарна имало, колку време им требало да стасаат, зарем немало обезбедување кое треба одма да алармира. Ако се е по стандарт зарем ќе изгори се како хартија? Пп апарати зарем немало колку толку нешто да се направи. Како и се во државава владава ќе испере раце ќе се заташка и ќе се вадат на тоа " несреќен случај". Да имале некој свој таму и да настрадал имаше за 24 часа да најдат што се случило.
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    И да е од штекер, пак е нивна одговорност. Јас не го вградував штекерот. Некој треба да одговара. Кој потпишал и надгледувал изградба на објектот? Тие.
    Отпушок е? Кој дозволил тоа да се случи? Кај е обезбедувањето? Кој вработил некадарно обезбедување? Пак тие.
    Саботажа е? Треба да се најде кој е и да се казни максимално. Како дозволиле тоа да се случи и кај била полицијата, особено покрај претходниот настан со кислородните цевки? Пак се тие виновни.

    Знаеме дека ќе го изеде стапот некој најмалку виновен. Ама џабе, ние пак си ќутиме. За толку растревожен народ, ептен ладнокрвно прифаќаме вакви вести.
     
    На marchi-cool, PaLaVa, smooch и 19 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.522
    Допаѓања:
    251.535
    Добро де, прашав дали помагале. Добив одговор дека да.
    Да не ја должиме со секој втор пост за тоа.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Најпрвин, кога се случува трагедија од ваков калибар во најмала рака треба да имате осет и да не лицитирате со бројки и шпекулации што се случило наводно од прва рака ко баби на селска чешма. Од кај и да ви се информациите, едноставно е невкусно. За луѓе, семејства и животи се работи. Лошите вести ќе стигнат секако до секој од нас и тоа нагаѓање и љубопитност како првите страници од темава е едноставно неприфатливо за пишување на јавен форум.

    Второ, жално што ова е само еден показател на тоа кое дно е постигнато во нашава држава. Луѓето во картонски кутии и гипс ги лечиме, нормално е дека нема да може да се сопре и локализира избиен пожар.

    Уште пострашно е што ни еден надлежен не презема никаква морална одговорност, а треба. Дека ќе дојде друг полтрон на министерската фотелја тоа да, ама дека ова министерство како комплет, целосно, треба да си даде оставка од морални причини е најмалку што треба после вчерашниот настан.

    И кога ќе се карате по политичките теми за овие или оние, сетете се дека истите тие ако утре не дај Боже ви се случи нешто ќе седнат пак во својата удобна фотелја, ќе викнат новинари и БЕЗ НИКАКОВ СРАМ ќе се исперат сами од секаква одговорност.

    Ова не е само трагедија, туку и приказ на еден систем кој е одамна во корен расипан. Тешко и жално за починатите, фамилиите и оние кои со свои очи виделе и цел живот ќе си ја носат траумата. Сочувство до сите, останете силни.
     
    На PaLaVa, smooch, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ѕидана куќа може да изгори за 20 минути.
    Рачунајте сега.
     
    На LejlaD и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Повеќето медиуми се залетаа со бројки.Луѓето што биле таму се во шок и згрешиле во броењето.
    Па и Филипче се залета дека е можно бројката да порасне,а не требаше ако така гледаме.
    Битно,медиумите утринава се поправија.
    Како не е битно кои се на власт?
    Не ги перете.
    И те како е битно.
    И едните и другите потфрлија седејќи во фотелјите.
    Ама,очекувано е прстот да е вперен во оние кои сега се на власт.Да беше асален системот немаше да дојде до ова.
    И министер кој во тешки ситуации(особено во пандемијава) попрво се однесува како политичар отколку како доктор,не заслужува и не треба да е министер.
     
    На IronLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Политичар е моментално.
    То му е работата.
    За то зема плата, не за доктор.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Да,ама доктор кој е министер ако има памет и совест знае кога треба да го тргне политичкото на страна.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не смее да го тргни 'политичкото' на страна.
    Платен е да носи политички одлуки.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Министри за здравство во други држави го имаат направено тоа.Може и он,ама не сака.
     
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да имаше нешто човечно во себеси досега требаше да го тргне безброј пати "политичкото".
     
    На Idedemja и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    181.034
    Ние што не сме имале никаква партиска книшка и за ништо не сме барале врски, може да плукаме по системот?]:)
    Во Белгија функционирал системот без министер, во МК ни со министер не функционира. А и некако долго му трае моментов на министерување, за да биде изземен од одговорност. 5 години не е малку за да направиш или не направиш нешто:?:
     
    На PaLaVa, Kanya, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Вака сега...
    Зборувам чисто за неговите задолженија, обврски и ингеренции, не за неговите емоции.
    Работното место му е Министер за здравство.

    Нема врска со докторлук.
    Институционална му е улогата.
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Kако што неќете некој со диплома од Гугл да се споредува со доктор шо учел 10 години, и вие не се прајте експерти за пожари и дали требало или не требало да се запали и изгори.
    Пожаров не требало да се случи in the first place. И битна е причината зашо се случил и како дошло до тоа. А дека модуларнава е отпорна на пожари, не е.. Не може највисоки стандарди да кажеш ако нема ППА, детектори за чад, прскалки, систем за евакуација итн.
    A башка никој освен пожарникар не би требало да влегува во пламен да вади луѓе. Така што не се криви вработените ако ги имало.

    Останува да видиме. Дали бил подметнат, пикавец, шетекер, што и да е...останува да видиме
     
    На marchi-cool, PaLaVa, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    181.034
    А шо уствари објаснуваш ти?
    Ај сега и опис на одговорности и задачи најди, да видиме дали арно си ја работи работата|(
    Многу е просто- дали во овие 5 години, здравството и услугите што ги добивате се подобри или полоши. Тој нека е и марсовска фигура- функционирањето на здравствениот систем е не моја, не твоја, туку негова работа!.
     
    На PaLaVa, elenaklasik, Nikolina35 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Меѓу загинатите и роднини на пациентите кои во тој момент се нашле таму. Има споделено слика на фб од млада девојка чија мајка се лекувала во модуларната, и девојчево настрадало во пожарот.
    За ова кажаа ли нешто "одговорните"?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се надоврзав на муабетот дека бил доктор.
    По струка е доктор, по работно место не е.
     
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    не бе ништо
    ке помине и ова, свако чудо зс 3 дана, и ке си продолжат да си го тераат луксузот на наша сметка и така
    Ја видов сликата од девојката, убавица, жалосно многу, голема штета е направена, многу сум шокирана и вознемирена, не знам и со кој памет Филипче ке си остане министер а Заев премиер после сево ова
    Дунав не може да ги испере после сево ова
     
    На Idedemja, Flower27, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.