Јас разбрав нема ниту едно здравствено лице хоспитализирано на Државна. * Не е местото во оваа тема да се дискутира ова што си го спомнала, ниту право време, ама во Актуелни политички настани кога ти велевме што се можни ризици по примањето на авганистанците и кога некоја членка објави дека Австрија или Швајцарија најавува можност од потенцијални терористички напади ти што велеше? Нејсе, јас помислив дека е подметнато ова затоа вчера пишав имаат еден осомничен. Првично не го поврзав со оваа можност, ама никогаш ништо не се знае. Огромни суми зимаат или ако погине напаѓачот терористиве даваат на неговите блиски. Одвратен народ сме општо како човештво и што еден ''будала'' ќе з@е*e 100 паметни не можат да оправат. A во ситуацијава кој и да причинил вакво зло и од која причина, трагично и револт ствара тоа што нема што да се оправи, мир и спокој само да најдат на оној свет таму. Жално, па таа сликата со креветите и ДНК дека треба за идентификација ми потврдува дека било ужасно
Шо мислиш ти дека ова Афганистанци го направиле? Тешко тебе. Доволно сме способни за сј*бавање сами. Не ни треба помош. Во случај да е подметнат пожарот, глава сечам дека е домашен фактор.
Уште нема оставки? Ако ништо друго, од морални причини. Не дека некој поспособен ќе дојде по нив ама како спијат мирно освен ако не се тешки психопати, без трошка емпатија? А ние си ќутиме и си ставаме сликички pray for... И ние сме за ќотек. Тоа што ништо нема да ги врати изгубените животи не смее да значи ослободување од одговорност. Не ми се коментира повеќе. Уште ми ечат во глава гласовите од видеото синоќа. Ми се плаче и ми се повраќа истовремено. Ваква тага не сум чувствувала одамна. Нека почиваат во мир...
Тешко со тебе да се разбере човек, ќе ти објаснев детално што мислам ама не вреди после она тешко тебе, ај да не ја поганиме и гнасиме темава со терористички бљувотини.
Благодарност до сите кои изразуваат сочувство и солидарност .. тоа е најмалку што можеме да дадеме како обичен народ .. Ќе го споделам ова на социјалните мрежи , за да го видат и други луѓе кои ( најверојатно ) не членуваат на форумот .. Можеби ќе биде од корист на некој . @JuLleE во Тетовската болница и во нормални услови ( пред Корона ) имаше недостиг на персонал .. Ако во пожаров настрадаше и персонал , само поголема штета ќе беше за нас како граѓани . Жално е , но тоа е вистината . И јас , а верувам и било кој од нас да беше на смена во тој момент во модуларната , би се спасувале себе си во последниот момент . Спомнав и погоре , мајка ми се јави на колешка , жената буквално не можеше да зборува од стрес . Викаше " изгоре , се изгоре .. " .. Буквално две реченици кажа и спушти .. Се надевам само дека не е подметнат пожар , како оној инцидент со цевките ( што за среќа помина без жртви , во тој дел од болницата немало ковид пациенти на кислородна поддршка ) .. Доколку испадне дека е подметнат , се надевам дека ќе го фатат кој и да бил . И ќе го сместат во соодветна установа на доживотен одмор .
Знаете колку министри дадоа отказ зошто добро не се справуваат со пандемијава? А кај нас катастрофа се дешава, на крај памет им е давање оставка. Видовме дека оваа влада само лошо донесе и да треба да се тргне што побргу, ова во Тетово ја прели чашата, за нивни бизниси граѓаните страдаат, тие од кои леб јадат. Значи веќе е лошо, оставка е единствено решение и нова власт со нови мерки па ќе знаеме дали е проблемот до народот или до власта.
Не нè сфаќаш. Дел е од оние кои донесоа мерки.Доктор знае кои од тие мерки можат да влијаат врз психата на луѓето и би ги предупредил колегите од владата,па како министер би предложил подобри.Министер за здравство на кој му е(барем малку) гајле за граѓаните ќе го употребува своето медицинско знаење за да функционира здравствениот систем.Ќе им укаже на колегите од владата на недостатоците во здравствениот систем и ќе се бори за поправки.
Само што не носи сам одлуки и не зависи само од него. Конечниот збор го има владата, а анализите и препораките се спроведуваат во одделенијата на министерството. За моралноста на чинот 'оставка', се согласувам, ама дека е доктор, не е доктор. Нема место за емоции во политика. Секаде е така.
Не е 'безосетно'. Знаеш како се вика во менаџмент ова: Справување со кризи & Damage Control Неќиш да знајш како изгледа во пракса.
Не се нормални, мајке ми!!! Не им е срам вакви работи да изјавуваат? Болницата им изгоре, ама им била направена по највисоки безбедносни стандарди. Дај бе нека се отепаат
И шо ако се отепат? Ќе се смени нешто? Сто пати се сменаа влади во 30 години, се смена нешто во државава? Сите сме криви! Сите до еден!
Извини, да не ги навредиме... се поправам. Среќно и бериќетно нека си живеат!!!! Ние да се отепаме, криви сме, јеби га!!!
Сите сме криви жено. И тие, и ние, сите 2 милиони! ... ако не има толку. Знаеш што е систем? Систем е мрежа од луѓе или машински делови. Системот има правила и прописи. Кај нас, во реалност правилата и прописите се: Фати врски, потплати некој, земи мито ако ти побара некој услуга. Е, од таков систем во кој секој замижува или корумпира, шо резултати очекувате? Нешто 'за доброто' на заедницата, или нешто за во газот на некој? Шо си сееме, тоа жнееме.
@WildMk Безосетно е. Има грешки и недостатоци во здравството што немаше да ги има ако министерот за здравство(не само Филипче,и тие пред него) и останатите од владата(секоја влада) го тргааа политичкото на страна во некои ситуации.
Немаше да ги има ако сите, или барем повеќето вработени во здравството си ја работеа прописно работата. 120.000 илјади администрација имаме! 120.000 луѓе не си ја работат работата,а рестото ги потплаќа ако сака да му биде завшрена некоја работа. И вака е 30 години, а и претходно у ствари. Наследство од распадот на СФРЈ. Во 80тите отиде низ брдо Македонија и не успеа сеуште да се крени. Нема ни желба, ни воља, ни мотивација за промени. Сите одат по линија на помал отпор. Никој не сака да го спотни газот за основното, не пак да прајме муабет за некакво надградување.
Се чудиме зошто позитивни лица бегаат од болниците. Се чудиме зошто веќе приведени лица, кои се гонат за тешко кривично дело шетаат место да бидат во притвор. Се чудиме зошто милион случаи се заташкаа и се ставија под тепих. Се чудиме зошто братот, кумот, сватот на Рајко или Петко со осмо ти е шеф, а ти со диплома си негов поттрчко. И после се чудиме зошто секојдневно бегаат млади од државата. Ова е премногу!! Човечки животи се во прашање. Мора да се сноси одговорност! Ќе се зачудам ако некој даде отказ или се докаже дека е виновен (вистинскиот виновник, не чистачката). Да, ништо не е како што треба. Од правда, преку здраство до образование и земјоделие а како млада и надежна личност јас како и повеќето излезот го бараме надвор од тука. Брод кој тоне не можиш да го спасиш, можиш само да бегаш да спасиш жива глава.
Татко ми знаете како велеше: Сите крадат. Од швајцер, до директор. Швајцерот излегува со штрафчиња во џебот, директорот излегува со штрафчиња во шлепер. Основата е таа: Секој-за себе! Тогаш го изгубивме чувството за заедница.... Во 80тите...
Јас не ја градев болницата, јас сум никој и ништо. Секој кој пробал да протестира или да се побуни за било што е етикетиран како партиски војник од опозицијата... секој протест завршил неуспешно! Јас си плаќам даноци, почитувам сообраќајни правила, си плаќам сметки редовно, придонесувам во ова општество онака како што треба. Што јас да направам за да не сум крива, ајде кажи? Јас мојот дел го извршувам како што ми е законски наложено, како јас сум крива за нивните криминали? Дај да не ги правиме овие муабети на секоја тема. Се случи оваа трагедија и некој треба да сноси одговорност, тоа е тоа!!!