јас сум сигурна дека ке излезе дека чистачката испушила цигаре и го фрлила тука и затоа изгоре модуларната болница, а филипче и заев ке си останат на функција, јас очекувам дека вака ке заврши, а како ке си се погледнат во огледало еве не знам
Знаете кога ќе одговара некој? НикаТ!!! Како што одговараа за сообраќајката со автобусот Тогаш, ако не се лажам, шоферот го направија крив... И сега така ќе биде, некој молер ќе го окриват или чистачката.... да се надоврзам на претходниот пост
Зарем верувате дека само неисправен односно пукнат штекер може да биде причина за да настане пожар? Од неисправен односно од пукнат штекер не може да настане пожар, доколку останатата електрична инсталација е исправна. Ако не била исправна останатата електрична инсталација може да биде причина за пожар. Ако била исправна електричната инсталација, во моментот на пукање на штекерот ќе избие осигурувачот и тој дел од модуларната болница ќе остане без електрична енергија. Ако имало проблем и со разводната табла во тој момент и не избил осигурувачот, тогаш во таква ситуација можело да настане пожар.
Луѓе, ја сум згрозена од вчерашната ситуација. Замислите само во каква агонија ги изгубиле своите животи. Отишле да се лечат, да најдат спас за својот живот и ова.. Премногу жално, боли.. Дел од тие луѓе познававме, знаевме. Израсната сум во Тетово, боли ова што се случи. Никогаш да не се повтори. Одговорност мора да се преземе. Оставки! Казни! Доста е!
Не е живееш во Мкд нели? Кога живеев во студентски дом во Англија еднаш месечно имавме вежба што да правиме во случај на пожар. Неколку пати имаше и симулација со вистински чад и вистински пожарни. Држава што учи од грешките, се поправа и воспоставува систем на превенција. Корумпирана држава ко нашата не учи од грешките, не ги признава. Изразува сочуство и на тоа завршува. Поплави, пожари, одговор при катастрофи. Никаква превенција. Мината недела ЦУК имаше вежба симулација на гасење пожар на планина. Еден месец откако изгоре пола држава. Може и Венко сеа ќе праи вежба, евакуација на Тетовска болница да покаже дека прави нешто. Преголема трагедија. Жална Македонијо.
Во Систина еднаш годишно имаат вежби за како да реагираат при пожар и земјотрес. Имаат вежби како се гасне со пп апарат. Таа вежба ја прават сите од доктор до хигиеничар.
Не верувам дека е подметнат пожарот. Ни на најголем душман не би го посакала ова. Трагедија се случи и никогаш повеке да не се случи ова. Потресена сум јас а не фамилиите на кутрите невини луге што се наогале таму. Навистина е страшно што се дешава во нашава држава. Оставка да си даде Филипче. Јас мислам дека ние народот треба да гласаме кој ќе биде мин. за здравство а не секој некој да го ставаат за да си пикаат пари и кај што не треба,сепак човечки животи се во прашање. Се извинувам на дрскоста но многу сум револтирана.
Ova so se sluci e uzas i tragedija . Nie od strana so se kurcime lesno ni e nas ama tie so izgubija bliski rodnini zamislete kako im e . Sega da kazeme kako bi bilo so bi bilo e kasno veke bidnalo a odgovornost treba da snosat onie koi izgradile bolnica u baraka so kislorod u nego tragedijata bilo prasanje na vreme koga ke se sluci daj boze da ne se sluci ova so se sluci kaj nas i vo drugi gradovi zs na sekoj grar ima po edna takva tempirana bomba .
Сите мерки ,протоколи ,градби ,кај нас е само на "господ да не чува " оставено. За срам сме кое дно го допревме. И ни оставки ни ништо ќе поногне. За нас само некој да не превземе како протекторат па да не втера в ѓонија евентуално.
Абе каков подметнат пожар што зборувате.. врска нема. Во 20:30 почината е 21 годишна девојка каде при реанимација или после тоа се расипал дефибрилаторот и така е настанат пожарот. Девојката починала во 20:30ч, пожарот избил во 21ч. Сочуство до загинатите, меѓу нив е и 20 годишна девојка која не сакала да ја напушти мајка си, а не можела да ја спаси. Ова е незамислива трагедија, болно е, најужасната смрт ја имале. Нека почиваат во мир, а одговорност мора да има!!! Не смее да се молчи и за ова.
Знам дека е политички одговорот, ама ако не е така како што збора, многу му е јасно дека е ова крај не само негова и на владата, туку и на државата.
Чест на исклучоци, но кај нас најчесто е сѐ само за на хартија да бидат исправни фирмите и да не сносат одговорност во вакви случаи. Од лично искуство во фирма во која порано работев ми беше доделена потврда за помината обука за гасење на пожари со цел просториите да бидат покриени законски и според прописи. Јас ниту апарат фатив во раце, ниту некој ми покажа од нивна страна, т.е од фирмата која го издаде сертификатот и потврдата, туку потоа дома татко ми теоретски ми објаснуваше со помал апарат.
Бог да ги прости загинатите и побрзо оздравување на повредените.Бог нека со е нив. Да се истражи во најбрз рок пропустот во модуларната болница и што довело до тоа. Некој да понесе одговорност за овој настан,м. И подитно да се провери состојбата содругите модуларни пред да биде касно. И да се градат повече нови болници со поцврста конструкција и инасталација,м. Болници од пред 50 годимаме.
Reanimacija pravat nazalost otkako covek ce pocine, I mojata majka Ja izgubiv vo covid centar ot Tetovo. Ne pruzija nega koga trebase, reanimiraa koga vidov deka pocina, togas se rastrcaa. Cela noc gi vikav, spieja, nikoj ne dojde. Sram Socustvo do semejstvata za ogromnite zagubi
Па да, само не знам дали во текот н ареанимацијата или отпосле избил пожарот, можеби погрешно се изразив. Прими сочувство, нека почива во мир.
Најмногу помогнале роднините на пациентите, изгледа медицинскиов персонал има избегано и ги има оставено пациентите на милост и немилост. „Кршев прозорец и го извлекував својот болен татко од болницата, додека луѓето без придружба гореа живи“, вели очевидец на пожарот
Филипче откога ќе се заврши истрагата, претпоставувам откако ќе се увиди што е причината за пожарот ќе донесе одлука дали ќе си даде оставка. Заев од друга страна мислам дека уво не го боли и иако можеби е најодговорен за ситуацијата никогаш нема да си даде оставка.
Нека биде што сака. Пред се' е човек, а секој човек е должен да се однесува човечки со останатите луѓе. Неговата функција го обврзува за одговорност и грижа за народот. Не можам да сфатам како може да постои човек кој си чила и покрај тоа што секојдневно умираат по 40 луѓе, а дополнително вчера уште 14. Поигрување со човечки животи не смее да се случува во никој случај!