Трагично, жално! Немам зборови, сочуство до сите оние кои изгубија свој близок! Нај страшно е што никој нема да одговара за ништо, и да има причина. Во нормална држава за нај мала ситница политичарите даваат оставка. А кај нас у тек е прес на кој бесрамниот ѓон мафта со купче листови и не убедува како се е во ред и како они одлично се справија.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција кажа дека оставка во моментов нема да поднесе, и дека ќе чека да заврши истрагата. „На многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност не бегам, ниту бегам, но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџериње на дел од кризата, посбено околу пациентите во тетото, и дека апсолутно после завшрувањето на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови болката која ја чувствувам, сочувствувам со семејствата на сите загинати.“, изјави Филипче. https://mk.tv21.tv/od-odgovornost-n...luka-dali-ke-podnesam-ostavka-kazha-filipche/
Ако е така како што тврдиш ти дека пожарот е од дефибрилаторот, кој да понесе одговорност според тебе? Фирмата што продава дефибрилатори? Бидејќи се расипал или? Зошто да не е подметнат пожарот ако веке два пати се сечат цевки за кислород во истата таа болница во краток рок?
Бог да ги прости сите кои го изгубија својот живот во оваа страшна трагедија. Многу е жално што таму се отидени да се излечат и на крај се случи ова . Којзнае како им е на фамилиите ова е нешто премногу жално . Најлоша смрт е живи да се запалат којзнае колку болна смрт имале , нека им е лесна земја.
https://www.dw.com/mk/тетово-болница-пожар/a-59128556 Власта душо! Затоа што ако еден човек ненормален кој бтв е уапсен го направил тоа, не значи дека сите се такви, тоа беше изолиран случај. Не знам кој сака луѓе живи да изгорат сосе роднини и персонал.
Sega ministerot izlaza, nie bevme primorani da gi cuvame nasite bliski, taka od priem ni kazuvaa, ili pridruzba ili nema koj da se grizi, ce bidat Sami. Odev sekoj Cas doma, PA vo bolnica, se raspagav, nosev virus doma, toa za niv bese normalno. Ne mi bese tesko da ja cuvam mojata majka, na protiv I Sega isto bi napravila, no Sam covek da se grizi 6 Dena /24 casa e neizdrzlivo. Mi pomaga a sestra mi I rodnini te na drugite bolni, a personal ot ne ni vleguvase da gi vidi osven za terapija. Gi molev da mi pomognat nikogo ne ispratija. Vo Dekemvri 2020 ne bev vakcinirana I nikoj ne me prasa kako odam doma Kaj semejstvo to I pak vo bolnica. Ova bese javna tajna koja se tolerirase. I Sega slusam deka semejstvata pomagale I gi spasilo bliskite, a sto so tie koi nemale blizok, pocinale I toa e Sega na Tovar na bliskite, koi mozebi ne mozele 24 casa da ostanat vo bolnica.
Па секој ден од вирусот умираат по 10 луѓе минимум. Или требаше да се пеплосаат 14 души за да си даде оставка? Ама не де, вирусот е крив нашите болници се супер. Затоа сме прваци по смртност. Нејсе, за дефибрилаторите одговорност треба да сноси Тито зошто ништо чудно и тоа да е од негово време. Се сеќавате на противпожарното возило од пред месец-два?
Зошто власта оти се расипал апарат? Тоа е несреќен случај. Ако испадне дека е до инсталација нека си понесе одговорност директорот на фирмата. Па некој ненормален ваљда штом веќе имало обид, сигурно некој си има причина зошто да сече цевки и да наштетува тоа психијатар си знае, ама не е дека не постојат.
А како тоа други личности биле во болницата, зарем пуштаа од домашните да седат тука, а притоа свесно знаат дека можат да се заразат така?
А што треба да направат ако немаат доволно персонал? Па среќа што пуштале за да се грижат за тие луѓе во таква состојба одколку да не пуштаат никој а да нема кој вода да им даде на болните. Не знам само кога ние како нација ќе понесеме одговорност за тоа што болниците се полни? Воедно и рестораните и шаторите за свадби/крштевки и родендени.
Да вработат персонал. Ако не имс е нафаќа никој, значи ниски се платите. Да ги кренат платите. Пример...
Мора да има одговорност за оваа трагедија што се случи. Не,не сме сите ние криви,нема да се обвиниме себе си за да ја испереме одговорноста што некој друг треба да ја превземе. Тетовската болница имаше одделенија кои се празни и кои можеа да бидат пренаменети место модуларната болница. Зошто тоа не го направија? Персонал премалку,пациенти многу,роднини во ковид одделенијата,без никаква контрола кој влегува и излегува. Услови под секаков стандард. Персоналот спасуваше пациенти синоќа,истиот оној персонал за кој ние од семејствата не знаевме дали се живи вчера,а денес се во состојба на шок. Да не си во кожа на човек на кој му гори човек пред очи,а не може да го извлече.
Венко мора да даде оставка. Да, никој никогаш не дал, ниту му е гајле, ама од негде/некој мора да се почне. Ова се случи на негова стража, додека он е министер за здравство, во модуларна болница направена под негов надзор. Не директен, секако. Само од таа причина, од морална одговорност, од што и да е. Он ќе одлучел, нема што он да одлучува, сам не се постави таму, народ го избра, ако народот притисне треба да даде оставка. Треба да му се поплави и фејсбук и све со коментари за оставка, гласно. Жално, прежално, ма нема зборови за ваква трагедија. Солзи само.
Да. И да ги подобрат условите за работа генерално. Е сега тоа не е моја работа, на Филипче е. Ако сме стигнале до тоа ниво да семејствата да одат по ковид центри да се грижат за болните, нормално дека мора оставка да си поднесе. Ама ете се извадија одма дека немало такви. Тоа загрижени граѓани помагале од надвор во пожарот.
Венко индиректно на пресот си кажа дека нема намера да си поднесе оставка. Оној новинарот од Телма убаво му го плесна во лице , кога го праша дали во моменталниот случај директорот на Тетовската болница ќе понесе одговорност и дали Венко има намера да го разреши директорот. Венко не знаеше соодветно да одговори. Ќе чекал да се утврделе околностите, па потоа ќе ја барале одговорноста кај кого била.
А што ако даде Филипче оставка, демек невработен ќе остане? Или тој што ќе дојде следен министер ќе биде нешто подобар. Сеедно е дали ќе биде Филипче или рајко трајко од вмро или сдсм. Сите се исти и сите гледаат што повеќе за лична корист. Апсолутно ништо нема да смени и тој потоа што ќе дојде министер, барем тоа од искуство го знаеме, секоја год се менат министри на секои избори.