Ќе си дадат оставка, секако. Вие што немате муда да бркате со гласање туку барате 15 контакти со матични броеви за да ги запишете скришно во партија заради уцена за работно место каде што ќе умирате психички и физички мускули ќе ви атрофираат од седење за 300 евра. Се е у курац.
Со свои очи имам видено како вежбаат, плус имам познаници кој работат таму. Вежбаат се одбира еден одел и сите имаат некаква задача, приоритет се пациенти кој не можат да се движат се даваат насоки каде да се евакуираат. Се мери времето за колку ќе бидат сите пациенти и вработени евскуирани без да има повредени и загинати ( теорецки). Доаѓаат и од фирма за пп апарати и пожарна која го спроведува тоа. На секој кат од болницата има по неколку пп апарати и хидрант. Секој кој е вработен треба да знае колку пп апарати има на оделот во кој работи и како да управува со нив.
Милемитекна има дадено оставка. Првиот пат кога на негова стража се удавија десетици бугарски туристи на охридско езеро, во неисправно пловило. Не дека му ја прифатија таа оставка, ама си поднесе. Е сега, таму кајшто е Миле и Венче да го видиме, здравје боже, оти поголеми премиерски полтрони ни биле ни ќе бидат. Можеби до наредните, времето ќе покаже, ама овие го отсвирија своето одамна. Ова капак. Едно чудо членки на форумов ги имам прочитано, во болница биле со член од фамилија оти немало персонал да се грижи за нив. И ова не е од вчера. Луѓе од недостиг на вода и кислород му умираа, од корона ги пишува. Багра криминална, пу
Сега си мислам, ако не оделе таму да ги чуваат болните, можеби наместо 14 ќе имаше 7 жртви. Треба и раководството во Тетово да си поднесе оставка. Својот башибозук го платија со животи.
Ви текнува на сцената во Чернобил кога откако испука јадрото на реакторот, беше итно свикана комисија и си се тапнаа по рамо, си кажаа пресмешки и на крај си ракоплескаа? Дека топ се справиле со ситуацијата? Па дури откако од други држави почнаа да ургираат и овие се чукнаа малце по глава? Е жими се тоа замислувам дека и кај нас се има случено, мислам дека во толкава делузија живеат што на крај ако не си ракоплескаат како тие добро се справиле со ситуацијава да ме плукнете сите по 2 пати. Е арно дури хаваријата ни е во државава, ама кога ќе ја укакаат на поголемо ниво ќе биде забава. Не секогаш само ние ќе страдаме, толку се неспособни што ќе ја усерат и на пошироко. Цела држава ни изгоре, солзи ми течат од нервоза дури пишувам, ми иде да фатам да искршам нешто. Фирмата што фатила тендер не била крива, министерот под чија капа била градена болницата ќе почекал, одговорните за тоа што нехоспитализирани луѓе од што нема кој да им помогне на нивните се шетале од ковид центар кој мора да е под апсолутна контрола и ширеле зараза си свиркаат, персонал нема, пп апарати нема, прскалки нема, ништо нема. Има само јад, чемер и солзи. Ништо друго. Ќе почекаме да видиме како ќе се развие епилогот на театаров, кој се невиновен ќе испадне, црна комедија е цела претстава, а ние сме само публика. Почнаа сите да си се извлекуваат од одговорност, како што претпоставив и дека ќе биде. Да аплаудираме барем и ние на крај, онака филингот комплетен да биде.
А што ако даде? Малку им беше цицање од државата и уживање, да ги жалиме треба? Кој е тековен министер тој е одговорен. Доста со тој Трајко, Петко и Грујо и дека се сите исти. Први ќе дојдеме у свет кај и да е по умрени од корона, тоа дека се многу способни и он и тие околу него. Одамна требаше да го снема и да не се појави. Ако тој пред него беше министер на смртта како што го нарекуваа тогаш овој сега не знам што е .
Имаше денес напишано многу добар извадок соодветен и многу точен. За туѓи бели дворови копај си црни гробови! тоа е се што треба да знаеме за оваа трагедија.
Ова што се случи е трагедија, кога ги видов видеата со лелеците на луѓето што гореа живи се испотресов, појезиво нешто не сум видела и чула од дамна. Претажно, тешко си на фамилиите и за тие што посведочиле директно таму тоа што се случувало. Искрено не ми е гајле за политичарите, се надевам само дека некој ќе одговара за ова. Луѓе изгореа живи, овие од ВМРО први со глупи непотребни коментари, поени демек да собираат на трагедија. Други пак се ситат на починатите, не знам, стварно одвратни луѓе ни крепи државава.
Да. И пред коронава си беше така. Не на сите оддели, ама на некои буквално докторите така ти викаат. Има место, ама мора некој да седи со пациентот.
Мајка ми седеше со татко ми додека не почина. Тие што немаа помош, посетителите на другите пациенти им помагаа. Човек со мозочен удар, не можеше раката да ја подаде за вода да се напие од чашата. Ужасни глетки...
Си кажа он, си има ситуација за менаџирање. Само он знае како треба со Ковид кризата. Мора да го доврши тоа што му е почнато.
Ме фати смеа на тој дел. Неговото министерување од стартот не е менаџирање на здравствениот систем,а најлошо се покажува во пандемијава.
Ај не глумете лудило дека не сте знаеле дека членовинод семејства седат на болници. Од како знам за себе си е така. И во странство еден од семејството е со болниот.