Прежално! Каква трагедија. Има ли инфо што поточно се случило? Прочитав некаде дека внатрешно започнал, не бил подметнат...
До сега 15 жртви се потврдени официјално, шпекулациите одат и до 40 жртви, но никако не е во ред да се шпекулира во ваква ситуација.
И медицински персонал и пацинети Аман господе каква трагедија како малку да ни беше короната сега и ова. Нека почиваат во мир
Каков ужас! 14 лица воопшто не е мала бројка! Што ли би можело да предизвика толку бурен и брз пожар? Претпоставувам и боците со кислород дополнително го засилиле огнот.
Сега некаде има и 30 неофицијално, хорор значи ова. Бог да ги прости, немам зборови, трагедија голема.
Пред две недели имаше обид да се исечат цевките за кислород во ковидот, сега пожар. Го најдоа ли првиот ?
Ова мислам е предизвикано од боца за кислород,имаше слични експлозии во ковид центри и во други земји .Жално.