Каде му е професионалноста, каде му е авторитетот, ако тие немаат осет да си дадат оставка, овој треба да им врачи отказ. Не се мисли тоа се делува, а не чекајте село гори, баба се чешла па ќе одлучувал. Ама чека да договорат партиите политички одлуки, да заташкаат работи и не било до него, како не е. Ако не знае да се носи со обрските што му ги носи оваа работа и со нејзините одговорности нема ништо срамно да си замине, ни прв ни последен, што направи досега, за што понесе одговорност, што смени досега нешто на подобро и позитивно? Само еве да истакнам паркингот и влезот-излезот на Државна само зошто беше мирно и фати корона да направат нешто и да замачка очи што пак и пак не се почнува со градба на нова болница која плаче да биде направена со год. уназад.
У државава не постои морал, емпатија и човечност. Страшно е како дрско и вообразено еден претседател на држава во која што само пред неколку саати се десила страшна трагедија, одговара на прашања поврзани со истата. Страшно е што еден министер за здравство во чиј што мандат се случува истово ова, не ни размислува за оставка. Ќе помагал во истрагата. Абе има ли некој шо е при здрав разум и верува во ова??! Изгледа време е сите ние малку поинтензивно да размислуваме за нов живот. Што подалеку од овде.
А ќе одговараат ли шпекулантите и квази новинарите како Јорданка? Ова ли е новинар? Брука! Јаката Јоци. Море мрш! Се гадам од народ што се воспалува на трагедии! Едвај чекаат! Оној Кочо еднаш засекогаш нека исчезне од државава. Лопужа невидена. А тендерите? Ма ајде ви се молам, во Македонија како први, така други се, исти калап кога тендери се во прашање. Исти алчни газови, се им е малку. Тешко на семејствата.
Пушти го да видиш како со нетрпение одговара на сите прашања. Има израз на лицето као да го замара моментот и шо е таму. Препотентен до бесвест!
Мене пак ми изгледаше испотресен. Ова е огромен удар за целата власт и мислам дека е ептен свесен за ситуацијата во која се наоѓаме. На раскрсница сме.
Некој во неколку реченици ја сублимирал целата трагедија,а Филипче не срочи два збора ,дека поднесува МОРАЛНА ОСТАВКА.Потоа нека се тераше истрага.
А што ако и она се заразе и умре? Затоа и сме на највисоко ниво на смртност и лошо менаџирање со ковидот. Од една страна немање персонал за кое што е крива власта и само власта, а од друга страна луѓето кои сакајќи да помогнат на своите блиски стануваат потенцијални заболени и пренесувачи на вирусот. И сѐ така си вртиме во круг година и пол.
Секој на нејзино место би го направил истото, би го негувал родителот во болница ако има потреба. Секој коментар е сувишен.
Јас како што разбрав во други болници не пуштаат да си блиску до ковид центар, а не да седиш со болен.
Времето ќе покаже кој и што бил крив. И овде секако не мислам на жртвите или на тие што помагале, туку на надлежните органи. Најчесто секоја ваква трагедија е склоп од повеќе ситни мали фактори. Сите само по себе ситни, а кога ќе се надоврзат еден на друг трагични. Дел човечки фактор, дел несреќни случајности. Во вакви моменти најважно е да се згрижат тие за коишто сеуште има надеж, а вчера било најважно да се извлече секој за којшто имало шанса. Зајадливи луѓе како пример некои новинари во вакви моменти не се од корист. Отпосле треба да се тука, за да не се заборави. И за да се истера до крај. Да се открие причината и пред се да не се дозволи никогаш повеќе ваква катастрофа. А не сега само за џева да креваат и да чекаат некоја трагедија за да има за што да јадат..... дента. Да се спречи ако има слични пропусти и во другите модуларни. Нека се среди тоа, после нека одговара секој што треба. Ваљда што тоа е друг муабет дали ќе го биде. Не сега да се губи време во бистрење политики. Нека гледаат да не се повтори. А трагедии и несреќи за жал се случуваат секаде. И да избегаме од нашава банана држава, нема да избегаме од нив. Верувам дека од ова ќе излезе и некоја грешка, некој пропуст што бил една од причините, но не секогаш е само до тоа. И системот и здравството се градат со децении, то ест кај нас се рушат...и дали бил Филипче, дали тој по него или пред него, не верувам дека ќе ни сменеше нешто многу или дека ќе го спречеше ова.
Да, ако блискиот ти е во тетовската болница,пошто само таму се пушта посета. Затоа и толку болни има таму. Ама никој не му е гајле за тоа. Еве пишале во Штип нема посета. Тие не се луѓе? Немаат потреба од нега? Страшно, ова е меч со 2 острици. Како и да вртеш пак криви се тие горе. Во нормална држава до сега министерот ќе си поднесеше оставка 100 пати. А нашиов изиграва Господ. Едит Да не се случеше ова, дали ќе бевте за посета кај заболени од ковид?
Не е така, и во други ковид центри истово беше пракса во чисто македонски општини во претходните бранови. Дали е правилно, нормално дека не. Ама не можеме сега да обвиниме некоја девојка што не рекла извинете ама јас играм по правила и ќе си ја оставам мајка ми тука. Не можам да сфатам како упорно и упорно некои луѓе не само овде бараат начин да ја пренасочат вината кон тие што уствари немале никаков избор, туку постапиле онака како што морале во едно вакво труло никакво општество. Зошто лесно е од дома да пишеш што ќе ти падне на памет, ама тешко е да си во кожа на тој што треба да го направи тој "избор". Затоа, да намалиме сите со судењата, овие луѓе и семејства се доволно казнети од системот и од животот. Најлесно е да покажувате само прсти. Колку сакате лутете се, ама едноставно не е нормално да обвините некој што имал шанса да остане покрај родителот и ја искористил, па во која сака болница нека е.
Ама јас не ја обвинувам девојката. Секој кој имал можност истото би го направил. Крив е системот, криви се тие неспособните што заради нив сме први во Европа по смртност. Да менаџираа добро ова немаше да се случе. А сега има недолжни луѓе што живи изгореа заради нив. Се ежам од оваа реченица.
Барате емпатија и морална одговорност од функционери, а да си ја пронајдете прво кај вас?коментариве што ги прочитав...се надевам дека е недоразбирање
Апсолутно, се разбира дека таму и треба да се бара вината, се однесуваше на постовите горе, не директно на тебе. Само се надоврзав повеќе на делот со тетовската болница, другото беше повеќе исфрлање бес оти не ми се верува уште што прочитав погоре, ужасната сум.