Да, поради тоа што персоналот влегува, дава терапија и излегува. И толку. Оставени се на милост и немилост. Никој не ги гледа.
Не знам, вие скроз отидовте ван темава. Другарка моја да не беше вчера до татко и во тој период и да не го влечела преку пенџер сама, он денеска ќе беше плус бројка на починати. Сигурно сеа и неа ќе ја кривите зошто била покрај татко и, можела комотно да го остае да изгори до коска. Овде во Тетово , да нема мука чуек да го спротера да иде у болница. Посебно корона ако има, ти ставаат катетар, памперс нели нужда вршиш и буквално до грклан ќе пливаш со гомна твои. Никој нема да те види, ќе умре чуек у сопствени гомна да ми извините на израз. На неколку часа идат ти ставаат инфузија и тоа е тоа. Прашање знак дали у инфузијата има витамини освен антибиотикот, што антибиотик на неколку дена го менуваат. Верујте вие што не сте од Тетово не знаете овде како функционира, и не можете да ја споредите оваа болница со болниците од другите градови. Малу имајте осет, доста од преживеаните се спасени благодарение ради нивните блиски што биле покрај нив.
За жал во повеќето болници во државава е така. Затоа сме каде што сме. Прваци по смртност. Жалам за девојката, којзнае колкава траума доживеала Самата помисла е страотна.
Какви го*на испливаа. Таман ќе помисли чоек дека не можи да е полошо, Македонија успева да ми докаже дека може...
Ќерката си остана со мајка си до крај... Колкава љубов! Да си заминела за да се спаси, којзнае со какви трауми цел живот ќе се борела, сликата ќе ја гонеше цел живот и мислата за мајка ѝ што ја оставила... Траор. Кај да се бега од лудилово, нема каде сите сме во калта. Ни власт, ни закон, правила, вредности, систем, љубов, почит. Ние сме едно Ништо кое тргнало кон неповрат.
Персонал и кадар имало, секако дека ќе се криви сестрите https://www.slobodenpecat.mk/nuredi...edicinski-sestri-toa-doprinelo-da-ima-poseti/ Уште некој електричар да пикнат у затвор и да се затвори ова поглавје со реченицата системот функционира, виновниците се казнети.
Скоро сум сигурна дека не беше и знам дека не е по другите градови вака. Јас одев во центарот во мојот град пролетта, немаше никакво обезбедување и немаше потреба од истото, никој ама НИКОЈ освен позитивни од ковид не влегуваа. Околу присуството конкретно на девојчето никој не го осуди и нормално секој би бил до својот родител во болница доколку му е дозволено, знаеме и дека воопшто никој не ги спречувал да бидат таму со оглед на околностите, немањето персонал и сите други настани што допринеле до ситуацијата на која посведочивме ноќеска. За истите околности имаше пред недела - две сторија од некои новинари, меѓу другото и искази од медицинскиот персонал дека не можат да ги исполнуваат своите обврски баш поради постојаното присуство на роднини на пациентите. Баш ќе побарам да ја најдам. СДК полека со осудувањата, како тоа некој кажал нешто што тоа е толку очигледно за сите нас. Многу кои изгубија блиски последнава година не добија шанса да се збогуваат со нив, затоа што погодете што?! Не им беа дозволени посети! Не може да се правиме наудрени дека за некои важат правилата а за некои не. Мои блиски сѐ би дале да беа со нивните родители во последните моменти, но никој не се побуни, туку стрпливо чекаа пред центрите по цели денови само да слушнат информација од некој од персоналот. Не дека имаше вишок на персонал, и тој што беше, даде сѐ од себе. Е така беше за нас! Едит: еве линк до снимката од сторијата - https://maktel.mk/makedonija/video-...-na-arbnora-memeti-i-seriozno-da-se-zamislat/ https://m.dw.com/mk/борба-за-живот-...tM1tCnCEFq_n2DRzK5Pl9WXOfCxwxGDFToI0aWNiR4T2c "Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и без никаква заштита, во потрага по своите најблиски."
Директорот на Тетовската болница Флорин Бесими е член на ДУИ, поранешен пратеник за ДУИ, кој се откажа од пратеничката функција за да нема судир на интереси кога брат му Фатмир Бесими (исто така од ДУИ) го назначија за министер за финансии. Нивниот братучед, Илбер Бесими (член на ДУИ и заменик потпретседател на Лекарската комора) е тој кој утврди дека НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА во случајот со родилката од Дебар што се врати дома без бубрег, матка и јајник. После долги натегања и непопусливи притисоци од јавноста, успеаа да го разрешат од директорската функција директорот на струшката болница Мухамед Хасани. 10 Фев. 2019: Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари ја обвинуваат тетовската болница дека вработуваат лица кои се во роднинска врска со функционери на ДУИ и БЕСА. Итн. Забележувате заеднички именител во овие афери? Чисто да знаете со какви луѓе ќе си има работа “истрагата“.
Затоа викнаа 'странски експерти'. Свесни се дека никој не верува во институциите. Damage control пуштено на најјако! Ако не летаат глави овој пат, џабе е се'. Да си пишиме крст и ај со здравје!
Не се согласувам и во другите градови не е поинаква ситуацијата. Лани баба ми лежеше на интерна, беше неподрвижна, веќе и разумот го губеше, немаше чаша вода кој да и подаде, жената ќе ми извините на изразот п**рана немаше кој да ја пресоблече. Мајка ми и тетка ми молеа за да ги пуштат да ја пресоблечат жената и да ја нахранат и не сакаa никако да ги пуштат, па едвај некако ги пуштија и тоа на кратко. Значи секаде е исто, но правилата за секаде исто не важат. За тие што сте пишале дека не треба да се бара одоговрност, колку членови треба да најдете за гласање да не пишете?? Прашања што ме мачат. Само Русковска е јавен обвинител во државава, па таа мора да ја води секоја истрагата?? Арно вика Апасијата, сите заедно ќе висите.
Стварно мислите дека некој ќе одговара? Не се залажувајте. Во Грција не знам колку министри се смениле поради тоа што не можеа да се справат со пожарите кога беа, а овде што? На толку смртност, на толку заболени, никој не рече дека си дава оставка. За ништо до сега никој не поднел одговорност. Мислат семоќни се. Ама ќе им дојде крајот.
Не ни треба само да смениме министри. Системот ни треба да го смениме. Шо ако е друг министер и исто тера ко сите до сега?
Кога до сега, во 30 години било поинаку? Историјата е тука да не' научи на грешките, ама очигледно не нас.
Министрите се исти затоа што народот дреме. Да реагира народот,следниот министер нема да продава магла.
Модуларните болници се оставени сами да оперираат со пациентите? Како поставуваш таква болница, ако немаш кадар за грижа на истите?! Вината ја гледам обострано. Јас разбирам од кој аспект пациентите имале придружба, иако ја спорам, но од друга страна дозволуваш понатака да се шетаат слободно со вирусот и да заразуваат. На болните им е место во болниците, на здравите не. Оние што треба да се грижат за нив се докторите и сестрите и никако поразлично. Но, каде ти се докторите и сестрите...Грото во Германија, ама нејсе. Оставка и да даде министерот, не знам што би сменило. Ќе дојде нов, поарен сигурно не, искуството и не ме убедило спротивно. Проблемот е во целокупниот политички менаџмент во државата. Онаа македонштина, добро е бе, чукни со чекан ќе се исправи. Закони и процедури на тоалетна хартија. Фушерај од влада, фушерај од држава. И ќе се заборави брзо, како што се заборави несреќата поврзана со Дурмо. Ќе ја најдат чистачката во болницата, неа ќе ја судат, само газот чист да им биде. Убаво викаше прабаба ми, од лошите и ѓаволот бега. За жал... На душа нека ги носат, ако воопшто имаат некаква.
Има! Секој од нас да преземе одговорност за грешките кои ги правел и да престане да ги повторува. Криминал не се толерира, се пријавува и се казнува. Имаме закони. Време е да се научиме да ги почитуваме. Истите овие македонци, во Германија ко попчиња врзуваат појаси, овде блендираат на Плетварот за да 'го опоменат' тој од спротива. А не им текнува дека појасот е измислен за глата да не си ја расцепат, а не за да ги казнува полицаец. А полицаецот, да не кини казни оти му бил курле-мадле пријател.