Никој! И то е дел од проблемот. Истиот мајндсет е од шоферот на Плетвар, до Премиерот во кабинет: Да се шмугни, врски да фати, некоја шема да напрај, да смести некому, пари да лапни.. било шо, само да не е преземање одговорност.
Не пуштаат во Скопје, секој ден одев оставав храна и лекови кои следеа, а ги немаше секогаш за сите достапни, оставав кај сестрите тие носеа.
Знам, наш комшија во Скопје лежеше со месеци, кажа нема кој вода да ти подаде, да не влезеш таму. Го отпишаа од живите. И неговите кажуваат не можат да го видат.
Ама не можеш на исто рамниште да го ставаш шоферот од Плетвар и министерот во кабинет. Министерот е одговорен за сите луѓе во државата и неговата одговорност е многу поголема од таа на шоферот
Абе тој шо не е одговорен на Плетвар, нема да е ни в кабинет. А кога грото се ко тие на Плетвар, не барај некој Германец да ти се погоди во кабинет. Од овие од Плетваро ќе биди. Статистички то е веројатноста.
Пример ако јас згазам пешак уредно ќе си лежам во затвор. Венко да згази човек никому ништо. Системот има правила лошо е што не важат за оние кои имат Како да ви кажам...законите постојат за сите. И појма неам зашто темава се полни со глупости вакви. И бтв, скроз банално е да споредувате носење одговорност и имање врски да влезеш преку ред на лекар пример и ова.
И ти нема да лежиш ако имаш врски. Е то е проблемот. Кој има поќе врски и/или пари, тој помалку одговара. И то го има на сите нивоа во државава.
Ќе си одите и вие. Симпл ас дет. Нема друг мајндсет, нема други министри нема правда, има мито има корупција, нема одговорност ни правна ни морална ни етичка нема ништо. Толку е токсично што стварно не гледам дека некогаш (било кога) нешто БАР нешто ќе е поарно. Дури и сега да почнеме да се однесуваме сите како што ти посочи (и се согласувам дека така треба) промените ќе се гледаат по 50 години. Сори нот сори ама одбирам да одам на веќе готова промена, онаа која сакам да ја имам, а овде нема да ја доживеам. Ќе ме избриши реин а шубо се испукав
Боли колку си во право... Врските не се секогаш поврзани со пари. Роднински, пријателски, партиски, вујко Владика.. ју нејм ит Тој шо нема ни врски, ни пари, тој слободно може да умре уште сега. Пишуваат луѓе секој ден, дека третмани си плаќаат сами при лекување ковид, оти на државно се чека со денови, а после денови може да е доцна.
Младината во државава не е ваква, ама таа старада гарда од Титово време никако да се оправи, уште лежат на тоа уво секаде со врски да се протнат.
Знаеш некст..... Мојот маж уште пред 10 години запнуваше да заминеме во странство. Секој ден ми посочуваше по еден пример како причина зошто треба да си одиме. Зошто оваа дупка никогаш нема да биде функционално место за живеење, дека системот е трул итн. Јас му велев: не се замарам, како за сите така за мене. Некст, вајлд, форумче нема да умрат ако земат ден од одмор од работа за да извадат извод од матична книга на родени, нема ни јас да умрам. Фаќаат врски за преку ред, ако, ќе најдам и јас врски. Куп вакви примери, со социјално со пензиско со лекари со градинки ... Се изморив некст. Барајќи врски, чекајќи по шалтери ... Сега повеќе од мм имам желба да си одам. И го должиме тоа на ќерка ни.
Зошто немаат осет некои, особено оние немало потреба од оставка, арно ти ли пиша да им дадеме матични броеви да задржат работа за која и уопште од старт не ги ни бива и зошто се мешаат баби и жаби и додека пишав се нема осет, се јавија и мрчатори зошто ќерката и била придружба на мајката. Ах бее со насолзени очи сум цел ден, ама по сликата со клучот се расплакав преѓе. Доста луѓе, удрете црпките, темава е осетлива, од јачање на тастатура ништо. И мајндсет и менталитет се мења кога ќе заиграат казни и санкции ќе има за прво тие од горе па надоле. па како ќе се пази кај се фрла, не застанува на пешачки, а не собра жена со кола и колку година и пол ли беше казната? Плус ај да ви кажам нешто што може го знаете ама не го приметувате и менувате знаете колку е ниска стапката на граѓански активизам кај нас? Гледав документарец за Ирска колку се активни и ако не се лажам Скандинавијата исто така има висока стапка политички освестени, пази освестени и независни гаѓани кои поред тастатура идат надвор, излегуваат и се борат за законски измени. Епа затоа е таму така и скоро сите сакаат да бегаат таму од обичното просечно македонско семејство до бегалци, мигранти, азиланти. Ама и нивниот систем таму ќе колабира наскоро од сета дива лига ваква што е таму или сака таму, затоа и тие ако имаат акал да се чукнат малку в глава да ни припомогнат да се смениме на подобро и како прво нека ни го отворат вратите на ЕУ. Неке има повеќе контролни механизми, помош, рол-модел нека ни се, а не биднало несреќа ќе дошле од страна за експертиза. Ама сигурно и тие си имаат свои државни интерни маки и кај нас вака чорба, епа чорба. Кој ќе преживее ќе раскажува на идни поколенија нажалост