Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Присуството на роднините по центрите не е проблематично само од аспект на заразата, туку и неможноста да се исполнуваат обврските околу пациентите од страна на медицинскиот персонал. Замисли на некој итно треба да му се обрне внимание а тука некој друг те влече за негов човек да прегледаш.
     
    На Tanjamm, MilaSs12, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Tehnickite specifikacii, baranja i potrebni sertifikati gi propisuva (bara) dogovorniot organ, vo slucajov Ministerstvo za zdravstvo.
    Ekonomskiot operator, vo slucajov firmata na Angjusev, odgovara na tenderskite baranja i toa TREBA da e eliminatoren uslov za dodeluvanje na tender. Cenata e najbiten element, no ako ne nudis toa sto se bara, out.
    Ako e prifaten ponuduvac koj nudi nesoodvetena izvedba ( teh.specifikacii, standardi..) , togas ne e vinoven ekonomskiot operator tuku dogovorniot organ.
    Ako ekonomskiot operatot ponudil edno, a vo izvedbata koristel drugo, togas e vinoven EO, no i DO cii inspekcii (ili inspekciski tela plateni za toa - drug EO) zatoa sto primile kraen proizvod koj ne e soodveten.
    Sto i da pokaze istragata, Ministerstvoto za zdravstvo, t.e. Filipce e vinoven.
    Na TV 24, predmalku doktor Fadil Cana rece - da se sluci katastrofa vo hramot vo koj lugjeto doagjaat i vi go davaat na raspolaganje ona sto edinstveno go imaat - svojot zivot, e nedopustlivo.
    Taa kukja, toj hram, nebitno dali e vo Tetovo, Skopje, Gevgelija, ima isto ime - Ministerstvo za zdravstvo.
     
    Последна измена: 10 септември 2021
    На DoubleK, LejlaD, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.383
    Допаѓања:
    126.379
    Пол:
    Женски
    САД.
    Потпирање претежно на приватно осигурување оти федералните и државните програми слабо покриваат.
    Скапо здравство.
    Нееднаков третман на луѓе и ради расизмот.
    CDC пречесто менува мислења во пандемијава.
    Лекарски грешки,немање доволно персонал и опрема,и префрлување на топката.
    Проблеми и пропусти има секаде.Не постои перфектен здравствен систем.
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Не се работело по протокол! СТОП! Одговорност и оставки (како тоа министерот ќе чекал одлуки и не бегал од одговорност)
    Протокол ли е да пушташ придружба на заразен од ковид во црвена зона? НЕ!!! Па што дебатираме понатаму. Тоа била негова одговорност. А ако нема мадиња да го смени директорот кој што бил од ДУИ, тогаш прво он нека си оди.

    Претеравте со муабети на релација мајката и ќерката. Да го ставиме на страна фактот што изгоре болница и живи луѓе. Дали ќерката требало да биде во ковид црвена зона како придружба? Не! Без разлика какво е здравството.
    Сосема друго е тоа што се обидувала да помогне.
    Ќерката и секој придружник ја шират заразата, без да се во карантин поради контакт со заболен. За истово во Кина казнувале и со 5 години затвор. Тука-ништо!

    Друго, колку фраери без маски и неодговорни граѓани со маска под нос(или кога прави муабет преку мобилен и под уста) има по автобуси, да се чуди човек. Контрола никаде нема. Уште една одговорност од која бега министерот.

    Мизерни сме до немај каде. Србија за пандемијава изгради толкави болници ковид центри а ние бараки ставаме во кои или ќе премрзнат болните или ќе изгорат живи.
    За неспособноста да изградат државна болница па не ми се зборува. Избраа локација идеална за косоварите ама и таму ги мрзи да почнат.

    Не смее да има придружба во заразни оддели, црвени ковид зони. Не е точно дека нема персонал. Има персонал и од други јзу кои се викаат на помош, па не се сите ковид центри па да се утепуваат од работа. Дали ќе им се помогне на сите пациенти, зависи и од ангажираноста на персоналот. Не може да спие на работа додека некој ги вика за чаша вода. И докторот може да подаде вода, нема да му падне круната.

    И пред и за време на пандемијата не знаеше да се менаџира со персоналот и со ситуацијата. Сите тие "шпекулации" за неодговорен персонал можеше да ги провери и санкционира. Имаше доволно персонал од сите јзу, не само ковид центри.
    Имаше и можеше! Ама немаше кој да се слика со мотори, наместо да прошета без најава по ковид центрите.
    Требаше да се случи ваква трагедија за да почне да се реагира, ама пак не биле они криви, чекајте да изрежираат ситуација, да наместат документи.
    И не може цел мандат да се криеш зад "Див запад". Ослободи го местото, може ќе се најде јунак да го скроти.
     
    На Nellie, PaLaVa, Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Господ нека ги чува.
     
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Обезбедувањето каде е, не сме да те чепне на должност а не да те влече, протокол за во ковид центар напишан и спроведен у пракса каде е, директорот за сликање и изјави само има глава да ја појави, тоа внатре да уклучи у штек да проработи?
    Ама не, немале мртви последениве денови и ај ќе слават со пуштање внатре и тоа кои све внатре биле роднини на сестрите на 15мин. само|( Ах бре пишав јас од министер до испод него само дебилни изговори, после не не бива. Епа кај е одговорноста од горе и пред да оди све разреши нема ДУИ, МУИ, циу-миу, авторитет, професионалност, неприкосновеност, ама и чист образ, без флека и црна дамка кариера, а не нејголемите профитери све раководни лица. Па овој парите што ги лапна/лапа за провизии да не ги вложеше у на Водно имотите, а повеќе у стартен капитал за реформи и обнова по здр. институции ќе мрдневме од мртва точка, ама не секоја в џеб и опа ќе си одам, ми заврши мандат па што мои си се:cash:
     
    На FridaodaMk, LejlaD, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Читаш само тоа што ти одговара.

    Не биле сестрите на само 15 мин., постирав и линкови наназад од пред една недела дека цело време било хаос таму.
     
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Читам јас убаво, ама ти сакаш да се расправаш исто читам.
    Видов видеата, се надоврзав на изјавата на директорот некој ја постираше погоре, како демек од сестрите роднините биле само.
    Знам јас како е кога се нема ред, ај да не ти објаснувам зошто и од каде знам, да не идам во детали со лични податоци ќе запрам тука. Немој да бидеш само толку буклвалиста и избори до 3 пред да ме осудиш. Јас никаде не те нападнав само посочив како би било се во ред да се почитувало се тоа институционално, а не сега и министер и сите тука експерти ќе оправаме криви дрини. Ај да не сум и јас во тие без осет толку.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    272.599
    Пол:
    Женски
    А каде тоа веќе се почитува протокол?
    Никаде ни в болница ни в кафана ни в училиште.Ниикаде!!!
    колега позитивен 8 саати седел вчера со сите нив никој не во изолација.Наставник позитивен 3 дена по 5 -6 седел со ученициве не се во изолација...
    Затоа крај ќе нема ни коронава ни некогаш ко држава ќе крениме глава.
     
    На PaLaVa, noteforself, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во право си за САД, ама само за таму.
    Иако САД има 50 држави, може е поточно да се зборува за секоја засебно.
    Да беше лошо куп иселеници ќе се врателе. Колку познаваш вратени?
    Не е перфектно никаде, ама да е подобро од кај што доаѓаш.
    А ние овде научени на катастрофи, кај било да одиме, поубаво ќе ни се гледа.
    Јас не знам некој да не збори за заминување.
    Куќни пријатели, мислам 53 год има мажот, сопругата некоја година помлада, пред неколку година направија куќа од околу 100 илјади евра, пред некој ден ни кажуваат дека сериозно разислуваат за надвор.
    Е тие ако размислуваат, со две деца на факултети завршени, со куќа, на толку години да почнуваш од 0 во друга држава, што остана за помладите.
    Ако 50 годишен човек преработен во животот, наместо да си намалува работа и да си ужива со внуци, обезбедил за себе, обезбедил за децата, направил куќа, стаж, е ако таков наоѓа воља да оди и да учи странски јазик, да учи странска култура, закони на друга држава, да е спремен да се соочи со страв за финансии, е ако таков човек се реши на чекор за странство, значи неговата држава стварно потфрлила многу, зошто преселба во друга држава е тешка за млад човек, енергичен, што нема ни деца, ни вложил пари тука па да му е криво, а не па за човек од 50 години.
    Како не е бегањето решение?
    А што па да се изложуваме секојдневно на вакви работи?
    Циркуз до циркуз сме, само ќе си речам полошо од ова не може да се случи, ама со следниот настан гледаш дека може.
    Што па нашите деца да се помалку од деца во средени држави?
    Преселба не е нелегално нешто, светот денес мигрира повеќе од било кога.
    А често слушам (не од тебе, туку сега така ми текна да се надоврзам) некои муабети кон оние што сакаат да се селат, како да треба да се засрамат.
    Па дури и кукавици биле, е тоа лично го слушнав.
    Каква жртва е да си прва генерација иселеник, па храброст треба за тоа.
    Не се мислете многу ако ви се пружи подобра шанса.
     
    На Ivan4e04, Luminary, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Протокол се почитува само на Саем на книга, на отворено само со сертификат може влез, книгиве најопасен извор на заразава испаѓа|(
    Види у собрание у скафандер влегоа па народов си вика зошто да не и ние, кога нема правда или селективно се спроведува при што никој одозгора не сноси последици, а и да сноси пак некое профитерче следно ќе дојде нема да не биде.
    Инаку јас да ти кажам почитувам не идам кај што не смеам, а можев да идам кај што не ми е местото напати, ама не (зло)употребив ништо, а за хаосов по болници, пак е до менаџментот. Кој раководи има и низа одговорности од професијата не е само бенефициите да се сркаат, јас сум директор на ...кхм, ма иди у да не пишам кај.
     
    На dunika, LejlaD, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    18.357
    Пол:
    Женски
    Не е до парите, до мајндсетот е. Џабе пари ако ништо не е како што треба.
    Една институција да е како треба добро ке е.

    Кога најрано може да го пратам син ми германски да учи???
     
    На WildMk, azelea и Mantub им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Лично познавам, едни од мои најблиски луѓе што кога заминаа, таму соодносот на плати со трошоци им беше прилично полош во споредба со овде пошто овде земаа високи плати, на одмор не беа отидени со години, па не им падна на памет да се вратат.
    За германски нема многу рана возраст, деца импресивно учат јазици, што порано, тоа подобро :D
    Ако ти значи нешто, професорка по јазик нејзиното го пушти да учи англиски од 2 и пол год :)
    Прилагодено на возраста секако
     
    На LejlaD, WildMk и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    18.357
    Пол:
    Женски
    Проблем е што јас не зборам па јас да го учам. Моето има 2 год и 2 месеци скоро ама уште не збори, нема да има ефект уште од сега. Ама штом увидам дека има капацитет го праќам и ке му ја полнам главта да бега.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Ден по ден го пробушуваме дното, 20 милји под дното и секој изминат ден се подолу и подолу.

    Уште кога бев многу малечка секогаш ја слушав реченицата, не дај боже да влезеш во болница, и така и би. Уште од самото раѓање бараат бомбониери, скапи алкохолни пијалаци, а по ново и пари, за да да им посветат внимание, т.е. да не починат. Деца се повредиле, јаделе несоодветна храна или заболиле од некоја болест, не ги погледнуваат, а камо ли постари лица.

    Искрено не ги обвинувам, сум била низ болничките ходници, нема вода кој да ти поддаде, а за храната да не зборувам воопшто.

    Изминативе години сум слушнала безброј трауматични настани од болниците што од фамилија што од пријатели и познаници:

    - бебе вакцинирано со веќе искористен шприц,
    - убиено новороденче од страна на медицински пресонал заради невнимание на работа,
    - пациент пред операција го принудуваат да се јави на фамилијата и бараат "средства" ако сакаат да преживее,
    - пациент со рак одбиваат да го примат во болница, губи свест пред капијата,
    - бремена жена излегува од сала без јајник и лев бубрег,
    - бремени жени кои не преживеале заради несоодветен третман, оставени завои, гази и вати...,
    - пациент опериран од слепо црево со оставени ножици во абдомен,
    - пациенти со ковид се јавуваат дома и бараат да им однесат витамини, аналгини, парацетамол, инфузии итн.

    Еве ова е реалната приказна за македонското здравство. Болници изградени од минатиот век, оставени на забот на времето бидејќи само водат грижа за фасадата како таа да ги лечи пациентите. Партиски примен персонал од чистач па се до директор, кој се менува со секои нови избори.

    Во болниците работат оние за кои врски се фаќале уште од градинка за 5ка на раче, преку медицинско средно за да влезе во определено одделение, па и за прием на факултет. Сите ние познаваме некој кој што учи или веќе завршил медицина, само затоа што мама и тато се доктори, медицинари, на функција или останат к** фактор во општеството.

    Сите оние кои учат и се трудат самостојно не се веќе тука, си заминаа и допрва ќе заминуваат надвор. Гледам по себе и по моето друштво. Зошто јас на секој мој вложен труд во образованието да трчам и дремам по партиски штабови, кога можам со истиот труд да заминам надвор и да бидам свој на своето? Плус никој нема да ми пререкува, да не зборувам за останатите бенефити.

    А зошто сме во овој амбис говори самиот факт дека од осамостојувањето па се до денес државата ја водат едни исти луѓе. Или во превод децата на функционерите во Југославија се повторно на фотелји и не само во Македонија, туку во цела бивша СФРЈ со исклучок на Словенија.

    Случајност не е во никој случај, напротив тешко се станува од фотелја, а кога веќе мораш подобро да те наследи некој од твоја крв е мотото на екс ју политичарите. Кастински систем како во Индија.

    Имам кажано безброј пати, ќе повторам пак, кога ќе изумре последниот од Југославија и комунизам ќе тргнеме напред, до тогаш ќе го бушиме дното, па може ќе ни се посреќи и ќе најдеме нафта.

    Кога се сади растение потребен му е добар у цврст корен, ама нашиот е трул и веќе е изеден од црвите. Да, потребна е сериозно преконструирање на системот, од почеток, целосено рестартирање. Но со луѓе кои од братство-единство завршија со масован кланица е невозможно. Цел катран го влечиме од тој систем. Првин стани комунист со книшка па потоа еве ти работа. Таткото полицаец го наследува синот, мајката медицинска сестра, ќерката доктор итн. Систем партиска книшка - работно место е воведен во комунизмот, а прифатен и широко распространет и ден денес.

    Јас сум од тие 80% никој и ништо, без пријатели и врски и во рани 20ти години научив дека живееме во земја во која врски, пари и подмитување ти требаат од колевка па до гроб.

    Оваа држава ја створивте вие, не мојата генерација, и во оваа држава ви живеат вашите чеда. Зарем ова сакате да им го оставите во наследство?

    Па уште без страм ширите партиски идеали и се дрзнувате да коментирате нешто што разумен човек не би го ни помислил. Партиските полтрони насекаде ги има особено сега предизборно. Бидејќи изборите и фотелјите се најважни, а потоа кој ве шиша.

    А го оставивте народот сам на себе на среде пандемија, сам да се спасува и бара лек. Арам, да ви е само тоа ќе кажам секако сте оперирани од страм.

    И за крај, сочувство до сите повредени и семејствата на загинатите во оваа трагедија. Сеуште не можам да се соземам и душата ме боли и ми гори, заминаа на најстрашниот начин. Ако има правда на светов и веков сите инволвирани ќе сносат одговорност.
     
    Последна измена: 10 септември 2021
    На pikabu5, Estranged, smooch и 47 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ќе има ефект, што помало тоа полесно ќе научи :) Можно е во прво време ниеден јазик да не збори, после наеднаш на двата да може да комуницира. Учи го ако можеш, штета нема да му направиш :)

    Извинете за офтопик.
     
    На темјанушка, LejlaD, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.373
    Нема ни простор за дискусија.
    Од инжинер што проектирал лесно запалива барака за лежечи пациенти, преку надзор кој потпишал технички прием дека е се во ред за употреба, до тој што ја платил изградбата сосе министер. Сите заедно се одговорни. И не е само морална оваа одговорност за да поднесат оставка. Кривична е.
    Колку и да не можам органски да ги сварам овие од опозиција што од ваква трагедија собираат политички поени, во право се дека мора да има одговорност
     
    На PaLaVa, eli25, smooch и 31 други им се допаѓа ова.
  18. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    И во ваква ситуација еден куп безмозочни ги бранат функционерите. Креирале група на фб за поддршка на Филипче. Па тоа коментари за поддршка, па не е крив и одговорен. Буквално светец го направија. Џабе е се додека постојат такви бљувотини. И оваа,, несреќа,, ќе се затаи како и сите други во државата, што немаше ни да се случат ако бевме некоја нормална држава. И после без осет и без срам ќе си се спремаат за избори, какви оставки, какви бакрачи.
     
    На PaLaVa, Idedemja, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Култно однесување.
    Испрани мозоци.
    Преку ветувања да те владее некој, а ти да го обожаваш ко Бог.

    Стварно е култна психологија ова, а и опасна е многу.
     
    На PaLaVa, mareane, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Сигурно чекат решение овие што ги поддржуват, друго нема
     
    На spacegirl92 и WildMk им се допаѓа ова.