Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Чекаат решение со години и за тие години треба јавно да поддржуваат, луѓе да врбуваат ко во пирамидна шема, да паѓаат во екстаза од задоволство на митинзи, да погазат принципи, да мижат на неправди и криминал...жално и тажно.
     
    На PaLaVa, LivingGlam, Idedemja и 15 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не ми кажувај, знам,сум осетила, ама не беа години туку неколку месеци и кога видов каква е работата, сама си избегав од таму. Прво беше: ќе има решение за 2,3м. После беше: ќе оди Заев во Крушево, треба таму да бидете. После: се ближат избори, треба да најдете 20 души со име, презиме, адреса и телефон што се сигурни гласачи. После требаше договорот да го продолжат, ама ги немаше никаде. Цел месец не знаев дали ќе го продолжат и ќе ми ги дадат тие мочани 9000ден. Си отидов, не ги дадеа парите, логично нема догоовор нема пари. После ми се јавуваа да сум се вратила. Извини ама во тој круг нема да бидам јас. Не молам никој

    Едит: Ги заборавив и состаноците на кои нѐ убедуваа дека ако не гласаме за нив и дојдат другите сите ќе летаме од таму
     
    На azelea, buba4e89, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.513
    Ма кој култ, чиста лична корист. Утре вмро да им вети вработување или тендер, за нивниот ќе урлаат.
     
    На KateKane, Cherry333, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Се ми е познато, од блиски особи, исто од збор до збор. Некои со години работат со плата ама без договор. Како е тоа можно не знам и тоа државна работа.
     
    На azelea, LejlaD, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.700
    Допаѓања:
    11.224
    Пол:
    Женски
    Креирале група за поддршка??? Ох народее, ништо ич. Не мрдаме од мртвава точка уште 1000 години! Полтронски народ избира полтронски функционери.
     
    На Idedemja, LovelyGirl3, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Да, и најтрагично е што групата има 25 200 членови. Ако некој напише коментар спротивно од нивното мислење, одма го праат вмровец и ништо не разбирал. Сувишен е секој збор, дно.
     
    На azelea, elenaklasik, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    И јс сум Венко, таа група да не е? Оддамна е мислам оваа група
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.383
    Допаѓања:
    126.382
    Пол:
    Женски
    Не е.
    Не сме единствени со маани.Не само здравство со недостатоци,туку надвор има и политичари кои продаваат магла,висока стапка на криминал,преголеми долгови,скап живот и неквалитетно образование.
    Некаде не ги сакаат Балканците оти им ги земаат работите.
    Добро е што некои имаат позитивни искуства,ама не треба да се идеализираат другите држави.
    Не треба да се игнорираат негативните.
    Овде народот дреме.Со дремење ништо не се менува.Ни системот,ни политичарите кои го контролираат.
    Народот се кара и дели во групи,а политичарите го користат тоа.
    Глуп народ,силна држава/власт.
    На протести тресат глупости наместо да употребат правилен(правно-политички) речник.
    Упорно истите ги гласаат.
    И не е за чудење зошто нема промени.
    Потребно е обединување.
    Тастатурата нема јак ефект,треба да се чуе глас.
     
    На PaLaVa и Mikha4 им се допаѓа ова.
  9. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Таа е, да. Можеби, но сега ми падна во очи кога почнаа да ја споделуваат насекаде.
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Од ко почна ковидов е таа група
     
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Координаторот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини, утрово информираше дека пожарот во модуларната болница траел многу кратко време. Рече дека е чудно што толку брзо изгорело сè. Објасни дека пациентите сами се спасувале, нивни роднини се обидувале да ги извлечат преку прозорци. Не сакаше да шпекулира околу причините за пожарот, само нагласи дека за толку кусо време не можело да се употребат ПП-апаратите, кои, како што рече, ги имало во болницата.

    „Пожарот траеше три минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас, сите тие помагаа и, замислете, сè се случи за 3 минути. Цел град дојде ама сè веќе беше завршено. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеаја бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, вели Нуредини.

    На новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува. Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.

    „Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби да не се дозволува посета. Дали имало некој случај, не знам. Овде има и вработени во ковид-клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид-центарот“, вели Нуредини.


    ©Makfax.com.mk
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кога велиш никаде не ги сакале балканците зошто им ги земаат работите на што точно мислиш?
    На работа?
    Ако јас сум доволно квалификувана, никој не може да дојде и да ми ја земе работата.
    Тоа е само механизам за себе утешување што си го правиме сите некогаш, некој друг да обвинуваш за сопствен неуспех.
    99 посто од луѓе што не сакале да заминат, заминуваат кога ќе добијат деца.
    Зошто имам одговорност кон детето да му пружам здрава средина на живеење.
    Ако не можам, во ред, ама да знам дека сум пробала.
    Јас се бунев дури се бунев, после видов колку е саат и дека нема да живеам 250 години за да видам некои евентуални промени.
    Сум слушала и сум се изнаслушала причини зошто да не се заминува, и 99 посто од нив биле патриотски предизвикувања чувства на вина, па најкукавиците бегале, па сме имале одговорност да се бориме за промени, ехеее.
    Одговорност имам да тргнам деца од воздух кој прави рак.
    Толку.
    Сите кои сакате, седете.
    Само мој мал совет најпријателски, бидете пофлексибилни.
    Кажи си, сега нејќам да заминувам, ама утре може ќе се премислам.
    Се менуваат работите, се менува и мислењето.
    Нејќеш 95 посто од врсниците да ти заминат, ти да си во тие 5 што ќе речат, Што не ни текна порано кога сите заминуваа.
    Сите се бориме, само различни борби.
    Некои одат на протести, други учат германски и така :D
     
    На Waverly Raven, Idedemja, viol и 17 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.383
    Допаѓања:
    126.382
    Пол:
    Женски
    Тоа не е борба.
    Тоа „бегај“ е дел од она на Југославија „ќутете и трпете“,што е неодговорно.
    Паѓате под влијание на нечии позитивни искуства,а ги игнорирате негативните.
    Без обиди нема промени.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Е баш ќе ми е гајле колку ќе зборуваат дека сум неодговорна, кога ќе преминам граница.
    Јас здравјето да си го гледам, а кој што сака нека зборува.
    Ич не ме допира право да ти кажам.
    Како што она адреналинско чувство кога се бориш за промени, всушност не ти носи поголем квалитет на живот, зошто ќе ти помине чувството и сфаќаш дека уште си во истата ситуација, така и зборењето дека сум ваква таква, ич не ме допира кога ќе дишам почист чист од овој отровот овде.
     
    На Idedemja, PaLaVa, Mr. Scratch и 11 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Колку само не. Сосем и спротивно е. Во Југославија се живеело со мисла дека се е мед и млеко, а не било. Денеска барем реални сме си дека живееме во дупка. И, да, себично е. Родител сака најдоброто да му го пружи на своето дете. Радо би да израснам дете во земја ко Германија него во Македонија. И, не само дека е подобро од финаниска точка. Тука е здравство, едукација и разни просперитети.
     
    На Idedemja, PaLaVa, Mr. Scratch и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.094
    Допаѓања:
    206.918
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што напиша,но мислам дека одговорност не сака никој да прифати.Страшно е што сите ќе пробараат да се исперат,за жал...така некако мириса....
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    1.680
    Ги идентификуваа ли жртвите?
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Гледал на саат па знаел колку траел пожарот? (facepalm)
     
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.592
    Допаѓања:
    15.661
    Апсолутно со се согласувам ,а посебно со тој дел со добивањето деца.
    Знаеш, пред десетина години кога сите вадеа бугарски пасоши ги правев ненормални,како можеле тоа да го прават,а сега откако имам деца сфаќам дека тие паметно си направиле,ене ги си уживаат по шведски,Дански,германии,а јас се борам детено во една скапана градинка да ми го примат оти дете во градинка требало да се запише само ако имаш партиски врски.:x

    Ејј до кое дереџе сме дојдени не ми се верува,ма во една Србија да емигрира човек е поарно,за понатаму да не правиме ни муабет:doh:
     
    На Abracadaver, KateKane, green.eyes и 11 други им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.700
    Допаѓања:
    11.224
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам и се прашувам што потоа?
    Луѓе живи изгореа, луѓе живи гореа, каква катастрофа! Во 21ви век во земја која се преправа дека е спремна за влез во ЕУ. И властодржците при ваква грозоморна трагедија, чекаат истрага. Не можам да разберам како од кожата не излегоја! Не можам да разберам што се надеваат! Како трошка трошка сочувство и морал немаат! Ги мразам што земјава е олицетворение на смрдеа, гној, тага, војни, поделеност мои-твои болници грозни, датуми што ги паметиме по црни случки, природа уништена. И по вакви настани уште не ја чукаат главата. Да ги чукне Горнион!
    Еден настан да беше истеран по правда, само еден претходен, државава ќе беше подруга.
    Објавава ќе затера ептен политички, ама сфаќаме дека земјава труе и вакви настани се знак дека мора коренито ремонтирање.
    Сите црни случки ги прикрија, сѐ со пиздарење, лижење, на Албанците сите работи им ги дозволија. Знаеме колку тие "много брача" не се по ред и правила, а сегде кадешто се мнозиство, градовите трујат. Им се плашат да им се спротистават, ги користат за коалиции за да седат на гнилите фотелји, мамето нивно комунистичко.
    Еден настан да го завршеа правилно, да го пресудеа, ќе се поставевеше некаква правичност. Ќе осетевме правда, судство, можда и коалициите ќе им се распаднеа, па ќе тргнеше друг правец. Ама со страв и алчност отровна до овде сме.
    И почетоците на Македонијава се поставија на партиски темели. Луѓето се поделија по партија и цееел ебен живот тоа слушаме по емисии, на собири, луѓе ги влечат по митинзи со сендвичи, го оставија народот без фабрики уште од почетокот, ги испуштија од работа, лебот им го украдоа за да немаат на што да се потпрат, да ги понижат да ги сведат на молење и коленичење трчање по гнасните партии, по некаквиси идеали. Успеаа. Лебот мора да се вади.
    Администрација полна, платата да се земе на први. Со полтронство, фаќање врски системот се доведе до овде, без чувство за етика, естетика, образование, природа, државност. Ништо бе ништо.
    Сегашниов полтрон ги заведе да му излезат на референдум за промена на име, и тоа успеа.
    Каков народ таква држава.
    Длабок е проблемов и задира во сите слоеви во животов, и не гледам решение сѐ додека не се спроведува правдата и казните почнувајќи од тие кои нанесоа најголеми неправди.
    Пак ќе кажам, ако спроведат една истрага како што треба и следствено одговараат со соодветни затворски казни, тоа ќе значи почеток на промените.
     
    На Idedemja, KateKane, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.