Кога слушнав ноќта се истурив од плачење. И си се запрашав чим мене ми е вака тогаш како они мирно спијат без грижа на совест? Нека почиваат во мир загинатите и Господ да им даде сила на нивните фамилии. Венко под хитно да се мафне од фотеља затоа што ова е уште еден доказ дека не е способен за функцијата што ја има. И од пресот бев преразочарана од неговите одговори, а секоја чест на новинарите за прашањата. Здравството ни пропаѓа у велико. ОСТАВКА!
Баш читав на интернет дека модуларните биле изградени од материјал што е најлесно и најбрзо запаллив. Од друга страна овие од БРАКО (ваљда така се викаше фирмата која го зела тендерот за изградба) уште одма, експресно се оградија. Стварно престрашно... https://mobile.twitter.com/ddarxide/status/1435930373586923522
После видеово добив такво чукање на срцето, не можам да се смирам.. Цело време мислам на девојката што не ја остави мајка си…
Ќе дојде тим од Германија со експерти, ќе дадат извештај за тоа што и како било. https://makfax.com.mk/makedonija/експерти-од-германската-федерална-кр/
Обрнете внимание на портокаловата боја на пожарот во влезот некаде и после плавиот пламен на прозорот каде што излегуваат луѓето. Наеднаш се екслопидира, не би рекла да е од штекер.
90 секунди, за 90 секунди сè било во пламен, 90 секунди, минута и пол за евакуација. Колку потресна снимка...
Oxygen tank explosion. Се случи повеќе пати годинава, со исти фатални последици. Да не постирам видеа и вести, не се учи ни од туѓи ни од свои грешки. Се е според стандарди и прописи, нема грешка.
Немало ли начин да се предвиди тоа? Да се воспостави некаков систем за заштита, кога веќе се знае каква опасност претставуваат тие боци, темпирани бомби буквално?
Точно, од боците за кислород или ако биле поврзани на една цевка и влечеле кислород. Освен тоа, одма снема струја. За помалку од три минути се десило ова, да било обезбедувањето таму во таа соба со еден апарат ќе спречеле катастрофа.
Не може да се предвиди за жал. Многу брзо се шири, кажав еден обезбедувач да бил таму во тој момент со една противпожарна боца ќе купел време за сите. Тоа е, а и на камериве никој не гледам од обезбедување.
Зборувам за самите боци со кислород, не е можно никој да не предвидел колкава потенцијална опасност претставуваат...
Сите имаат протоколи и упаства за користење на истите,дур не си близу боцата не можеш да знаеш. Не ми се ни зборува за боцата… жив да гориш е пострашно,страшна лелекава смрт.
25 страни се испишани за неспособност, тендери на каков начин се добиваат, како се гради, како се одобрува, како не се почитуваат правила и ти улетуваш со вакво прашање? Не, никој не можел да предвиди Нема што некој да предвидува, да измислува топла вода, да мисли што може да се случи. Постојат правила и прописи пошто некој попаметен веќе одамна предвидел што може да се случи и ги ставил на писмено. Не се почитува, тоа се збори.
Едно нешто не можам да разберам. Од судска медицина излезе некој да дава изјава не знам дали беше доктор или што друго. Вели обдукцијата на телата ќе оди потешко и под други околности затоа што се работи за лица позитивни на Ковид. Пеплосани тела со жив вирус во нив??? Како е можно ова. Или има некоја многу јака наука зад сето ова или до толку го сметаат народот глупав .