А колку беа хоспитализирани во модуларната Косми? Од Алсат ако разбрав точно велат 26, значи сите загинаа? Не ми се верува, не!
Ни на најлошите душмани, ни на најлошите и најзлобните луѓе на светов не им посакувам да угинат вака, ради нечија неодговорност и неспособност. Немам зборови да искажам колку сум гневна, во црно завиени еден куп семејства заради тоа што сме факинг шупак на светот, ти ебам и држава, ти ебам и тендери и министри и све по список, мрш!!!!!!!!!!!!!
Разочарувачки ептен, се некои глупости се прават, крадат или дебатираат во оваа земја, наместо битни работи важни за поединецот, на пример како да изградиш безбедна модуларна болница во време на пандемија. Ужас, каде живееме бе?
Да, но тоа не го менува фактот дека сме банана држава каде што политичарите се возат со најлуксузни коли, трошт пари на големо, а нема пари за болници т. е се направија модуларни од пластика, избрана е фирмата на кочо анѓушев да ги прави тие пластики, овде човекот нема никаква вредност, овде ако некој се разболе треба да си се спрема за на оној свет бидејки овде нема услови за лечење.. Нека слуша сега цел свет во каква мизерија живееме! се извинувам многу сум револтирана, шокирана, многу сум вознемирена
Пишуваат дури и 39души мртви најверојатно и повеќе ќе испаднат https://lider.mk/lider-doznava-dose...j9GCPI8wOq0b97FAcA0nLX_DIjj6rXEH97tJsMMF9CvqI Многу жално, никој не мисли на народот, како спијат овие наши политичари монструми
Ау луѓе страшно, каков грев не има фатено со волку трагедии во краток период. Дај боже да има помалку жртви а повредените да преживеат. После ова треба цела влада отставка да си даде од прозори и канцеларии да летаат СИТЕ ДО ЕДЕН.
Скоро сите пациенти од модуларната болница во Тетово се изгорени, информацијава ми е од луѓе што се таму. Млади, стари... жалосноо ептен. Дали се 10тици преку сила преживеани. Уште лани требаше да ни ка пуштат модуларната, но имаше проблем со инсталацијата. Годинава дури ја пуштија, и моја претпоставка е или боцс пукнала или до инсталацијата е. Жалосно... Се надевам дека некој ќе ја сноси одговорноста за ова ненормални едни. Чуечки животи што се бореа до последно за воздух, што водеа битка со пустава корона... изгореа.
Секој загубен живот е голема трагедија. Колку е само жално, борејќи се за живот што ги снашло. Сочувство до фамилиите. На раб сум да заплачам од што ми е криво. Обичен ден за луѓето претворен во хорор...