Штета што дозволи политика да го уништи. Врвен доктор, да го валкаат вака квази новинарки, такви ко Јоци, инфлуенсерката Миа кои не му се ни до колена. Штета. Нека се врати и нека биде онаму каде што е најдобар. Заев уништи многу кадри, направи такви грешки, ја уништи и партијата. Филипче е еден од нив. Тој требаше прв да даде оставка и да отстапи место на друг. Штета, од икона што стана.
Филипче треба да си поднесе оставка и од функциите во СДСМ, со што целосно би се повлекол од политиката и да продолжи да биде еден од најдобрите доктори во државава.
Тој цело време се плетка во политика. И претходно му беше советник наТодоров. Сам се закопа,никој не му е крив.
Кривично треба да се гонат. Не само оставка. Ништо не добиваме ако не се министри туку во некоја друга јака функција кај што пак ќе перат и лапаат пари.
Јас реално повеќе ја гледам кривицата во тој што го правел објектот. Тој што правел надзор и дал одобрување и тој има кривична одговорност Тој што го правел обкектот требал да гарантира безбедност. И тој што вршел надзор на објектот имаат најголема одговорност. А филипче не дека г бранам нема директно негова вина.Од морални причини ако сака може да даде.
Беше прилично краток,рече после случувањето во Тетово,дека поднел оставка.Се заблагодари на новинарите.Се на се траеше 2-3 мин
Извор https://fokus.mk/organiziran-ke-go-...initelstvo-ke-gi-bara-prichinite-za-pozharot/ Последниот пасос А еве кои прашања се отворени https://www.24.mk/details/tetovskat...shanjeto-dali-modularnite-bolnici-se-bezbedni Можеби и 19 болници се, кој ќе го знае...
Тоа ако го направат уште толку ќе го разгневат народов. Поарно ич да не даваше така, отколку да даде па после пу пу не важи. Не дека би ме чудело додуша, одамна прекинаа овде да ме изненадуваат работи.
Тоа ако се случи би рекла дупчење на дно но дното одамна е пробушено така да, стварно нема човек веќе зборови. Што вели Косми уште колективно самоубиство за да се долови што вистина чувствува народот.
Ќе му ја прифати оти веќе им е договорена. Искрено, јас мислам он уште вчера ќе си дадеше, ама мораше да добие амин. Он вусшност сам си пресуди кога како доктор мораше да зборува дека вакциналниот имунитет е појак од природниот. И кога добро знае дека веќе цела Европа признава прележани до 8 месеци па и 12, ама Мк 45 дена. Али така му текна на Заев нели.
Луѓето оделе касно на лекар. После ова ќе трчаат. Не можам да си разјаснам зошто роднини да помагаат на хоспитализирани пациенти? Секоја година дипломираат студенти, зошто да фали кадар? Ако сака некој да ми објасни, јас стварно не разбирам. Или неплатен кадар фали, пошто роднини не бараат пари?
Во групата на фб стално ми излегуваат од луѓе постови како нивни блиски не ги примале оти "немало потреба" а тие со висока температура која не се спушта со денови или тешко дишење или не се веќе при себе...па бараат кутрите врски за да ги примат.