Иако не мие по ќеф сдс, ама човеков не беше толку лош како министер.. И не мислам дека е виновен за случајот. За жал тоа е политиката. Врвен доктор и познавач на медицината.. Па можеби и најдобар министер во последниве 30години.
Се согласувам дека Венко како министер е ок и ееден од подобри доктори.Он не е виновен. Тука треба да одговараат тие што се директно вклучени .
Извинете ама крив е. Очигледно немал контрола врз тимот кој бил задолжен за модуларните болници. Тој се сликаше надгледуваше. Зашто дозволи без ебан спринклер систем да видат пуштени во употреба. Крив е и тој, и фирма изведувач и секој што ставил потпис дека е во ред.
Доста бре со тоа - не е виновен. Од немање вакцини, до кадар, до состојба на болници, до идиотски изјави и мерки...за се е виновен.
Имаше гостин на Сител, пожарен инг. Многу беше револтиран, и за трагедијата и за изјавата на Заев дека Германци ќе прават истрага за случката. Со тоа вели, се руши кредибилитетот однапред на сите стручни лица во Македонија, и однапред се девалвираат дека се неспособни и не ги бива. Истрагата треба да ја водат наши експерти, а Германците нека направат супервизија, па да видиме на што сме. Објаснуваше набрзина и за стандардите за изградба и функција на вакви објекти, и верувам дека ниеден не бил исполнет. А оној Зексон муртински, мама си тракал. Ги вика Германцине на испомош демек еве, мене не ме бива, ама и сите други во државава не ги бива, такви сме сите говна од раѓање, и ова мислење сака да ни го утуви за секој еден наш човек и за самите себеси, не само за него. Така ни е запишано во ѕвездите, а овие од Западна Европа се родени во друга констелација. Паролата му е "Сите сме (се) исти" Судбина.
Не се секирајте за Филипче, ќе си најде друга функција во политика и пак ќе си лапа пари. Ако пак продолжи со политика џабе му е титулата врвен доктор.
Кои ботови и полтрочини се овие што тажат на твитер како им отишол најдобриот министер, сега што ќе сме правеле, мислиш цветаме во здравството. Сериозно колку треба да си заостанат да земеш да го браниш и да плачеш куку мајко што ќе сме правеле без него
Добро бе што сој се овие луѓе,ги критикуваат оние што спасувале.Абе на луѓето кожа од рацете им се одлепила од вжештените кревети,психички последици ќе им останат од сликите пред нив .Ненормални едни.Убаво маж ми ми вика што им читаш коментари,да се нервираш после.
Али кој спин го прават со тоа дека имало роднини внатре. Као не знаеле што се дешава. Дај немој да ме јебеш..
Тендерот со тоа какви треба да бидат модуларните болници го правеше министерството за здравство. Министер Венко. Спецификацијата какви треба да бидат ја прави истото министерство. Прием дали се такви ПРАВИ МИНИСТЕРСТВОТО. Ако тебе дома ти згреши мајсторот му викаш преправи го ова. Е они ни виделе и ако виделе не им било гајле какви се, или пак се баш такви лесно запалливи намерно. Никој освен министерот не е крив. НИКОЈ.
Добро сега лесно запаливи намерно не верувам ама дека има огромни пропусти има. И во модуларни не се лежи туку се прават амбулантни прегледи, евентуално амбулантна терапија и тријажа. Она е потполна импровизација на она што со децении го нема. Асолни болници!!!
Е замислете, само замислете, тие инжињери на што се ставаат потпис дека е безбедно, а не е. За кеш, свесно ставаат потпис со кој гарантираат безбедност. Станбени згради, училишта, болници, општини, патишта. Колку вреди животот тука? И кога некој ќе одговара со затвор?? Баба ми е израсната во онаа зградата во дебар маало што ја викаат железничката. Изградена пред земјотресот, требала да биде на 7 спрата. Во тек на градба, редовен инспекциски надзор увидел дека има грешка во проектот, по што архитектот оди во затвор, а зградата е останата на 4 спрата за да биде безбедна за сите. Зборувам за пред 50 години! Во 2021, ни горат луѓе во пожар зошто некој замижал пред пропусти за кеш. Кој од нас е следен? Додека се возиш во автобус поминат на технички како ок, а ќе се превртиш. Додека возиш по автопат во кој официално водата има ок пад, а ти ќе се удавиш. Додека лежиш во болница каде треба да си најбезбеден, а гориш жив. Земјава е школски пример како корупцијата буквално убива.
Jас знам за еден јавен објект кој е темпирана бомба. Имаше нешто врска со греењето, не знам точно, да не шпекулирам. За жал многу објекти особено од јавен карактер се фушерајски направени и се скроз небезбедни.
Ауауауууу дај бе престанете да трипате. Под раководство на најдобриот ти министер од '91 наваму живи изгореа 14 луѓе (ретко да има полоша смрт од оваа), преку измислена компанија од Хонг Конг сакаше да купи вакцини од Кина за 2 до 3 пати поголема цена за да си лапа провизија (веројатно сака да си направи втора хациенда), под негова палка станавме лидери во Балканот и Европа по смртност, одби руски вакцини и ќутеше за тоа се додека рускиот амбасадор не го откри тоа месец покасно на Сител, вакцинацијата беше толку добро организирана што пола држава се вакцинираше во Србија, типот сакаше да ја приватизира итната помош, според министерот мајките беа виновни за смртта на нивните новороденчиња итн итн. Па уште ПОНУДИЛ оставка до прајминистерот поради морални причини... два дена по срањето?! Дајте бе луѓе не сме од вчера...