Не е само тој и не треба само тој да го јаде сиот хејт. Исто колку него виновен е и другар му Кочо, оној кој прв истрча да каже дека по најнови стандарди е градена болницата а на клипот се гледа дека за 2 минути се снема. Куров ми по најнови стандарди, кула од карти да изграделе побавно ќе гореше. Истиот тој кој пред неколку месеци имаше скандал дека увезувале отровен мазут секаде па дури и во родилишта. Да, да во родилишта. Кај што штотуку родени бебиња се трујат. Ако пожарот ги сотре луѓето веднаш, отпадот не кине сите полека. Све е за во затвор, ајде да не се повторувам, сама си станав досадна не па вас.
Што зборуваш??? Убедливо најлошиот министер. Со ништо не се справи како што треба,само слушаше наредби како ќе му кажат тоа правеше. Не се бламирајте со вакви изјави.
Претходниот беше министер за здравство а абер немаше од медицина по образование беше правник, ако беше од Вмро-Дпмне.. пс. да не го мешаме историското вмро со ова!
Он може да биде најдобар министер затоа што има знаење и искрено мене не ми делува на лош човек. Вплеткан е во гадни игри и мора да праи се што ќе му кажат. Кога го слушав на прес вчера и денеска и општо секогаш има некоја усрана натажена фацка. Криви се тие што се над него алчни за пари
Не знам зошто така пишувате ко да бил маченик па под присила бил ,па морал да спроведува некои ослуки. Ништо не морал. Сам сакал да се плетка кај што не му е место. Не ќе го плачеме сега него.
Ама дека велат овај бил најлош.. Шо ако Никола Тодоров беше од Вмро-Дпмне кога не потпиша за лекувањето на малата Тамара, зсa девојчето што имаше репортажа со коските... Затоа велам, дали до сега имало некој асолен? Јас го произнесив мојот став лично за човекот не на политиките на партијата, кажав дека сдсм не мие по ќеф, бидеќи е анти македонска партија. Јас кажувам лично за човекот како функционер.
Џабе кога своето знаење не го искористи правилно, туку беше само обичен пиун на з.з. Последните случувања тотално излезе од колосек, како да не беше свесен што прави така изгледаше. Филипче е пример како човек да си ја уништи кариерата. Пак ќе кажам на докторите не им е местото во политиката.
Читам, гледам, слушам и три дена сум без коментар. Немам зборови да опишам моментално колку ми се гади што живеам тука. Некое ептен заебано језиво чувство дека си гадно заглавен во вукојебинава и кај и да се свртиш нема излез. Фала им на сите партии, политичари, бизнисмени, крадачи и остали што не доведоа цел народ до степен да си ја мрзиме сопствената држава. Не знам до кај ќе се тера вака, само гледам дека народов веќе го иструркаа до работ и кај и да е ќе се крене и ќе биде ептен весело. Џабе оставки, пак ќе заташкаат и никој конкретно нема да одговара ни за оваа трагедија. А за модуларниве болници, јас колку што знам и сме учеле секогаш се градат понастрана од главни објекти и намерно се од лесно запалив материјал за да подоцна можат полесно да се запалат и уништат во случај на избивање на епидемија со некоја високо контагиозна зараза (од типот на вариола вера или чума во тоа време) по завршување на истата.
Ако знае како да менаџира со секоја ситуација за мене е во ред. Министерот сам не ги спроведува одлуките како ќе му текне има тим од советници доктори, па според тоа носи одлуки. Што ако Филипче е доктор, кога од знаењето што го има ништо не покажа на дело.
Абе остај, министер под присила...и така со години Да не беше темава за плачење, ќе се изнасмеев Демек млад и зелен го зедоа во политика, а он наивен и фин, не знае НЕ да каже. И мене не ми е јасно, како може човек од фамилија, со кариера и репутација, да му изиграва дворски шут на трговец со пиперки, ама ваљда имало нешто...што не можеш да купиш со пари, ќе купиш со повеќе пари.
Ако стави крај со политиката сега, нема да му биде уништена кариерата како лекар. Верувајте дека секој кој има потреба од неговата област, прво го бара Венко Филипче. На страна тоа, секој министер е пиун како што велиш, а ниту пак ко искористи своето знаење овој. Ако претходно немало транспарентност, не значи дека немало и скандали, туку не стигнувале до нас. И со последната реченица најмногу се согласувам, а посебно сум изреволтиран затоа што за градоначалник на Битола се кандидира епидемиолог. Замислете, епидемиолог се кандидира за градоначалник од партија, кога имаме недостаток на таков тип лекари. Можда и единствен беше во ЦЈЗ Битола. Отидов оф- топик, нема врска.
Не знам дали веќе сте го ставиле видеото што кружеше од тикток, не можам да барам, ама таму се гледа како за 2 мин одма се' се разгорува.Мене не ми е јасно како може толку брзо да гори, едноставно многу ми е чудна брзината?
Беше ставено и доволно е. Прочитав, го уапсиле тој што го ставил видеото на тикток 5 страни претходно, иначе за тоа се збори.
Затоа што Албанците секаде се толерираат по клиники, кај нив е задолжително некој да има придружба и при најрутински преглед дури и на заболекар, некој од фамилијата седи во ординацијата. Во Систина имаат посебни пакети, па и не ги прашуваат дали ќе седи придружба, туку автоматски има кревет за истата. Не е дека баш помагаат туку тоа им е во културата или од религијата наметнато. Зошто нема фамилии по другите центри, туку само по Тетово, Куманово. Во мојот град нема ниту обезбедување, никогаш немало потреба за тоа. Луѓето стрпливо и со часови си чекаат, а со придружби можете да видите само тешки случаи.