Или пак кога веќе морало да бидат модуларниве од такви материјали, барем нека се користеле само за прегледи на не-ковид пациенти, а болнициве да бидат ковид центри. Вака нема во модуларниве да имало дефибрилатори, кислородни боци итн и други ствари што се ризични за во таков објект. Вака...кај таков материјал па и кислородов што дојде ли во контакт со огнот, толку е. Башка, не видов било какви итни мерки да се спроведат во останатите модуларни од аспект на безбедност. Или што биде биде а...
Се што е од СК2014 е фушерај. Не дај боже да се запали некоја зграда со стиропор фасада во центар. Отиде се!!
Да било се по стандарт немало да се пеплоса толку брзо ќе имале време да се спасат сите болни и персонал. Креветите кој ги имаа таму се далеку стандарт кревет со тркалца и само се изнесуваат лежечки пациенти по посебен излез за пожари кој го немало. Ако било по стандарт ќе се изгаснел со пп апарат зошто матријалот не гори лесно и тоа ти е како да земеш алуминиумска фолија да гориш, тешко гори.
На толку кислород не би рекла, каков сака материјал нека е, нема шанси да го сопреш. Затоа постојат безбедносни мерки и протоколи кои треба да се почитуваат.
Не знам друго што да кажам, само едно сум сигурна ќе се прикрие сево ова и некој што е недолжен дебело ќе го јаде за сите.
Дали навистина ќе го тргнат од функцијата или не? Мислам дека да. Некој погоре имаше пишано дека сигурно веќе му одобриле, инаку не би смеел сам да направи таков чекор. Се согласувам. Но, како главна причина сметам дека се изборите. Претпоставувам дека мислат дека ќе остават впечаток на добри луѓе и совесна партија. А, и нема веќе човек кој не сметаше дека е за оставка. 6000 починати и одеднаш скандалозен пожар кој на виделина обелодени колку добро функционираат болниците во Македонија е брутална кулминација. Претпоставувам ќе сакаат да изгледаат како да ги исполнуваат желбите на народот. Искрено, ме плаши доколку го сменат, бидејќи сигурно ќе стават некој ,,попослушен" од него. Не дека овој не беше таков последниов период, но секогаш може да постои и полошо. Се шират вести дека ќе бил Костов, директорот на ,,8 Септември" (градска). Секако по потекло од Струмица.
КАј Филипче сите мед и млеко коментари, како најдобар министер, не за оставка, ден куп коментари да се гледа човек и чуди. И очекувате дека нешто ќе се промени во оваа "држава" и дека некој после ќе одговара. Изгледа се до сега ни е малку шо ни прават. Не ми се верува уште меѓу какви луѓе живеам. Ми се гади!
Што се замарате со некои рандом групи на Фејсбук креирани од партиски ботови на СДСМ со цел да си ги фалат нивните господари, кои им дале работно место, затоа што трчале по избори и штабови? Оставете тоа. Нормално дека ќе ги фалат. Не само што ќе ги фалат, туку од партија да им наредат ќе ја испасат тревата од Табановце до Гевгелија. Инаку, еве една многу стручна анализа од човек кој работи во таа професија. Мислам му се гледа дека е крајно револтиран и стручно објаснува дека болниците се градени фушерај, а се знае кој им дава тендери да градат и на кого ги даваат тие тендери. Сите забораваат дека Филипче пред Короната даде тендер на фирма креирана во скопски стан. Класично перење пари. Си се обезбеди тој за 15 следни генерации. Затоа само затворска казна и ништо друго. Од тоа се плаши тој, а не од некакви фантомски оставки.
Da e normalna drzava ulicine kje gorat od protesti za da odgovaraat!! Nevidena tragedija 15 zrtvi, izgorea ejj!! Djabe ti e koa nemame kolektivna svest sekoj za svojot g*z gleda a zaborava deka moze i nemu da mu se sluci istoto ako ne reagira..
Албанци се во прашање. Нема да се прикрие. Македонци да беа во прашање, да, ќе се прикриеше како и се досега. Албанците нема да дозволат.
Имало и македонци внатре не биле само они. Искрено многу ги поштувам албанците што се поддржуваат во се, а ние очи ќе си ископаме не сме ни приближно како нив.
Мхм, баш. Шо беше тоа со кој кадар од дуи и некои пари од телеком? Има некој политички кадар од дуи во затвор? Сигурно нема да се прикрие. Овци едните, поголеми овци другите.
Логично е да бидат забранети посети на семејство во пандемија и во болница со болни од Ковид. Само тука не важат никакви правила и не се почитува никаков ред. Како да се дел од медицинискиот персонал роднините и фамилиите си се шетаат слободно како да нема Ковид. Дали можеби ќе зараат некого, дали можеби тие ќе се заразат небитно, битно уште владее еве кој сум и правам што сакам, баш ми е гајле, кој е тој мене да ми забрани да си ја видам мајката. И кој ги пуштил нив тој прв требаше да поднесе оставка сега нека ги носи на душа. А многу жалосно во секој случај и уште пожалосно што двајца на овој свет уште ќе били живи барем да имаше некаков ред.
Човечки живот не се дели на Албанци, Македонци таму имало и од двете национслности. Треба да се спроведе правда.
А да си остани Филипче ами,се нафатира што се нафатира па белким ќе се фати за ум,вака и новиот ќе треба од почетна точка да почни со фатирање за генерации-и се така во круг...