Сите испреплетени како црева, фамилијарно, бизниси и шта ти знам. Кој кого да суди, да контолира и да врши ревизии. Багра.
Два пати се тестирам овде и на ист начин ми зимаат брис, плус ти велат тестот е наменет за патување или евентуално влегување во места кафе што мора тест или вакцини. Болни во изолација одат и си пазаруваат. Контрола нема. Секаде ист хаос и оставено на совест. Се зборува и овде за лажни вакцинални сертификати. Затоа и пандемијата нема да заврши оти малтене секаде е исто. Разликата е во здравствениот капацитет и услови во болниците. Кај нас проблемот со здравството е децениски. Еве киј ќе биде херој и ќе прифати да биде министер, не знам.
Нека ја стават д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за Инфективни болести. Да видиме еднаш жена на таа функција. Нѐ ми текнува на некој друг
Што е најтрагично им се подсмеваме на земјите од Африка, Блискиот Исток и Северна Кореја, а ние сме далеку поголемо дно од нив, парем тие покажуваат знаци за напредок. Особено Афричкиве земји, напредуваат се повеќе и повеќе. А ние глумиме демократија со лидери од минатиот век кои знаат само за Комунизам и Диктатура. Балканот е дупката и отпадокот на светот веќе е јасно.
Темелковски е на Кисела Вода градоначалник,Чомбе е на ЗОО директор.И претпоставувам Филипче помагал да имаа прегледи да се осеќаат како во приватна болница,средување за нивни најблиски.Сега се осеќаат должни.Човечност меѓу нив нема,и повеќе од јасно е.Ама да имаше некој нивен во болницата,немаше вака да коментираат.И тоа е она што зборуваме секој за свој газ само да гледа.Себичност.
Part 2 Спојлер: спојлер Дали тоа Софијанка се моли за Венче . Живи луѓе изгореа, секој ден десетици умираат они за фотеља се молат Жими се, Кинези треба се увезат и да се постават на власт, ова е се преплет црева. Оти бе, оти
Не е само до политичарите да не глумиме лудило, не глеам ни нешо бољи од луѓето шо коментираат тука. Мене ми беше жал за било кој шо починал, тука и после таква трагедија имаше коментари како нема умрено мед перонал, шо праеле , венко отставка ,сите отлавка , крв да падне , шпекулации , ова било она . Лист се врти со тоа шо почнуваш промена од себе , отставка треба и од сестрите дежурни, лекароти тамо ако знаеле, сите кои прекршиле.. од сите да се бара одговорност! Да се преиспита како е можно при универзитетска клинина у Тетово ниикој на помош да не може да им дојде ? Штип оној случајот со жената шо немало кој кислород да и даде ? Исто унивњрзитњтска клинка се ? Која срамота ејјј! Све е претупано и е хаотично од шо све е за Скопје праќано, ништо не се зема од други градови све немаат кадар. А реално 5ца се шо ќе прифатат нечие мислење и ќе кажат во ред тоа е твое мислење- моето е следно. Сите се у фазон аха како не грешиш идиот си, и кажува на секој као е паметен и така у круг.Каква држава таков народ, секој си гледа за себе и секад ќе си гледа. Одамна ни избегааа Македонија ..
Оти пари се во прашање. Таа пара не отру сите од бебе до сто годишен човек. Полесно им е да застанат на фотеља и да слушаат наредби со што ќе обезбедат 15 идни генерации, него да служат на народот, да лечат цел живот за мизерни плати. Доктори кандидати за градоначалници, доктори носители на листи, доктори во министерства изнапикани.. Која брука од народ сме, ми се гади. Дајте да ја спамираме Меркел (или било кој друг) да ја замолиме нека не земе. Ќе робуваме. Ова дно е пробушено одамна, полошо не може да биде.
Ах народот, да. На снимката се виде истото она што се виде и на снимките снимани со мобилен, кај што гори модуларната.
Веќе е на фотеља таа, јој, потајно сите се сакаат,ние си мислиме политички противници... И на Венчето дал стрико, дал татко министер беше , па директори, па тоа фамилии го дрмаат здравството, ко плава крв да ти тече низ вени ако си од звучна и богата фамилија...крушата под круша паѓа.
https://libertas.mk/direktorite-na-site-zu-so-pismo-do-zaev-ne-a-prifa-ame-ostavkata-na-filipche/ Ете го тактизирање на зајко... Директорчињата одма се активираат. Резил!!!
Како не им е срам? Има ли воопшто некој срам во оваа држава? 14 луѓе изгореа во болница, они пишуваат вакви зборови за оној под чие водство ова се случи. Не дали има некој со срам, туку, дали има некој нормален? Што од народ што од власт. Болест е ова, болест. Никој и ништо нема да може да помогне на оваа земја.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово. „Почитувани граѓани, Огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите. Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи. Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија. Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, упатувам благодарност до сите чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност. Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага. Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки. Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани, но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори. Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања. Овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата, но целиот процес се води целосно транспарентно и според највисоките институционални стандарди и протоколи. Ви благодарам.“, се вели во соопштението на премиерот Заев.