Па замислете сега овие истите да се толку колегијални и да преземат одговорност за (не)работењето на персоналот. Да преземат одговорност за посетите во ковид центрите, за тоа што немаат персонал, за тоа што и тој персонал што го имаат не е соодветно ни ангажиран ни обучен, за тоа што 2 години немаат унифициран протокол за лекување, за сите починати пациенти... Ретко коментирам во вакви теми, ич неќам да мешам и да се мешам во политика и жал ми што едните не сакаат да се одлепат од фотељите, другите користат жртви за да седнат на истите фотељи. Дно дна е мал израз за нас. Господ на помош нека ни е. Сочуство до фамилиите на починатите, оти друго шо и да се каже, излишно е.
Ама замисли ,,Слушај го Венко,, им станало не само слоган, туку и начин на живот. Култ на личност рече некој? Дигнитетот на професијата лекар ја вратил. Кој ги врти пациентите, сами се криви што се болни. Мислам е време да почне да се применува она ,,молчењето е злато,, пошто колку повеќе лаат, толку повеќе гнев ствараат.
Си купува време, да легнат работите малку, да се потсмири народ и нема да ги прифати. Ќе анализирал податоци па ќе одлучел. Гомно. И директорите на сите болници поставени лично од Венко и Заев секако дека ќе пишуваат срцепарателни писма да не се прифати оставката. Ѓубриња, сите.
Сумирано „кој ве врти,ми треба другар ми у Влада“,па веројатноста да ја прифати оставката е речиси непостоечка.
Зоки ќе ги чека резултатите на истрагата. А зошто ? Се работеше за оставки од морални причини. Ајде овој ама луѓево што плачат по Венко? 14 луѓе живи изгореа,тие за Венко плачат. Најдобар бил. Е тоа се тие партиски будали.
Венко му е другар и му треба во влада.Не верувам дека ќе му ја прифати оставката,поверојатно ми е дека ќе се обиде да го оправда. А,за тие што да се каже...Тие се партиски послушници што и за едно кафе ќе го бранат.
Во контекст на разговорот со експертот од Сител... Проблемот е што такви стандарди, безбедносни системи, безбедност од пожари, земјотреси...се сфаќаат многу наивно и здраво за готово, демек која е веројатноста воопшто да се случи пожар, земјотрес...па ај не мора бе, не дека секој ден има пожари. Мала веројатност конкретно кај нас можеш да рачунаш за цунами и ураган. Земјотрес и пожар не. Земјотресот од 63та бил причина да се постават сосем нови стандарди за градба во трусни подрачја, дури и надвор од Македонија кога се видела штетата во Скопје. А ова пред скоро 60 години. Пожарите во Кочани и Малешевијата летово требаше да се случат за да ни текне дека немаме со што да гаснеме пожари, па ајде тек тогаш ќе правиме сервис на канадери кои јебени две години седеле непоправени И сега ова се случи и видовме дека имаме објекти исто така без никакви безбедносни стандарди, без разлика од кој тип, дали станува збор за материјалите за градба, дотокот на кислород, што и како (не) смее да се користи внатре итн. И којзнае која следна несреќа ќе се случи да ни открие дека и во плус нешто друго имаме потфрлено и кои луѓе ни криви ни должни ќе платат за тоа, а сега се смешкаме дека нема шанси...
Ова е фејк. Вакви насоки од партијата не пишуваат, а не се сеќавам и да имало. Плус што бара Чомбе во група со Аспазија, плус види како се и запишани. Насоките не одат по такви групи и не се на таков начин.
Колку што знам има комисии и други алатки за борба против фејк њуз, нека си тужат, нека се докажуваат. Преку ваквото од глупостиве, со друго не се занимаваат, само за ова ги бива сите. Ненормални сме ние што чекаме промени од вакви ликови
Можно е да е фејк, и мене така ми изгледа. Ама, факт е дека од вчера се појави силна оркестрирана поддршка за Венко, и ни во лудило не би помислила дека е спонтана, колегијална, искрена. Притиснати се да тропаат по мрежата и да му белат образ - ѓон, и на врапците им е веќе јасно.
Да сакаше одма ќе му ја прифатеше.Чекањето негово може да е само купување време дур да смисли како да го оправда.
Оставката треба да биде прифатена. Тој е потписник на документите за градење на таа модуларна болница. Ако било градено според стандарди немаше да се случи тоа. И плус луѓе од страна во инфективно одделение никогаш не било и не смее да има.