Купуваат време. Извештајот на Јавниот обвинител треба да излезе, кај да е. После него ќе дознаеме за оставката.
Да, има поддршка, ваљда од општинските има насоки или сум била сведок кога членството само по себе кога Заев ќе истресеше нешто, му даваше поддршка. Таму има луѓе кои мора да се таму, ама има и по сопствена волја. Некои се и убедени дека навистина Венко не треба да си оди. Види не кријам дека ми беше омилен министер, ама сега сметам дека мора пред се од морални причини да си оди. Следниот што ќе биде, пак ќе биде под команда на Заев, да не се лажеме. Единствено Мила не го ферма баш. И овие со шерувањата само контра ефект прават, ама ај, толку им сече.
Различни групи се https://republika.mk/vesti/makedonija/veshtachka-e-poddrshkata-shto-ja-gledate-na-fejsbuk-viber-direktiva-od-sdsm-da-se-brani-venko/
Абе во матното се лови чоек. Сега е брутална борба за политички поени. Ништо друго! Сите страни моментално гледаат само како да профитираат политички од ситуацијава. Се калкулира на мртво. Шо мислите, му значиме на некој-нешто?
Каков човек имаме за прмиер, не треба да ни е чудно во каква состојба ни е државата. (Не дека порано било поарно ама последниве години сме за смешки со главниве фаци).
Тие од групата здраство не ми делуваат на фејк, но онаа СДСМ УДБА многу делува. Пример, тој првиот член напишал две пораки по ред и два пати му се појавува сликата со иницијали. А при користење на Вибер не е така.
Да се самоцитирам за да дообјаснам. Најбитно во моментов е ЈО, МВР, и сите институции кои се инволвирани во истрагата, да не подлегнат под никакви притисоци и професионално да си ја завршат работата. То е тестот кој го полагаме и кој категорично ќе каже дали имаме, или немаме функционална правна држава. Светот не гледа.
Ама стварно, каква врска има последниов муабет со темава? Полошо било, поарно било. Фејк била групата, не била фејк. Дали е фејк и писмото од директорите на ЈЗУ кои ,,не ја прифаќале оставката на Филипче,,? Изгорела болница, со луѓе во нејзе, заради милион и двеста илјади пропусти. Пропусти кои не смееле да се случат. Сите се криви, од прв до последен, и тој што не вработува доволно кадар, и тој што пушта придружба внатре, и тој што внесол пациенти во таква болница, и тој што никакви протоколи не почитувал, првенствено протоколи за физичка безбедност. Сето здравство се распаѓа со години, ама сите супер работат. Well, нешто е чудно со претходнава изјава мислам.
Чудо едно за фотелји само ене ги како гракаат Вмро овие одма оставкада дадат и они да седнат. Имаат мандат Сдсм и нека го тераат до крај. Во нивно време почнаа оставки, во ВМро мисловна именка беше оставка. ама ке им дојде памет на ситее.
Шанса нема теоретска да стават министер од Дуи. Они таму раководат во Тетово, директоритем им биле Дуи. Никако од Дуи да стават.
Оти се расправате за партиите, кога системот е згрешен? Кој и да е на власт, со ваков систем, нема да чини.
Најголем пропуст е што се дозволило во модуларни болници да има кислородни боци, и да се третираат како клиника. Модуларни болници од овој туп се прават за хитни ситуации, вонтрдни ситуации и осврн за тријажа, администрираер на амбулантна терапија не смеат да се користат за друго!! Дефибриратор само знаете колку е моќен и каква инсталација бара? Кррветите не биле со тркала, амбулантни биле. Овој туп на болници се модррна верзија на воени шатори кои порано се кррвале при катастрофи.. Затоа што кога има вонтрдна ситуација нема време за технучки прием, па гледаее ова она, се импровизира поктиен простор. Болните не смеело да лежат таму!! Зашто лежеле таму? Кој дозволил ? Тој треба да сноси одгворност!!! Има модуларни болници каде што лежат, НО тие се далеку од овие по стандарди, и се од специјализирани фирми кои стриктно со тоа се занимаваат. Прогуглајте modular hospitals.
И јас го мислев тоа ама не. Добри му се иницијалите, само крајниот дел од P е малку скратен. Во секој случај фејк е поради причината што ја пишав.
Сега кога се деси веќе ужасов , може ова што го наведе да се поправи за другите модуларни и да се избегне втора слична катастрофа. Ама еве не знам, не видов било кој да рече - дајте другиве пациенти од модуларниве да ги сместиме на безбедно. Можам да замислам со кој страв лежат таму, со едно око спијат.