Не.Незнам како уште не сфаќате. Едино народ,поради чиј притисок и уопште се издејствува ам "предлог " за отставка али гле чуда неприфатен е сеа дали народ ќе продолжи со зимски сон или ќе си ја сфати моќта што ја има и реагира и на ова ?Тоа е вистинското прашање.Чисто колку да им се даде до знаење дека не се од инијска лоза Untouchables ко што умислиле и се понашаат со се сета бахатост де. Се додека постојат вакви мајндсети така и ќе си продолжи.Освен ако не се деси ова(читај горе)
Одговорност има Техничкиот Директор во Болницата што требал да гукне да каже дека тоа и тоа не чини. Нека покаже истрагата.
Е затоа треба да се менуваат некои и да учиме од грешките кои што може да ги чинат скапо. Кој год некој да биде ставен не треба да изиграва мумија туку нешто акко не чини да се поправи. На овој начин ке не биде кога ке идеме по некој реднј.
И после не оделе на болница.. Па ако немаш врски ќе лежиш во модуларна, наместо на клиника, и ќе се молиш да се разбудиш.. За боците со кислород како кажуваше.. Не бе не за свирче не не бива!!
Срам да им е на сите, што се лигават на фб профилот на з.з, како не се плашите од господ беее. Никогашш нема оваа држава да ја биде со ваков неписмен народ. Некој од нивното семејство ова да го доживееше дали вака ќе се лижеа, пиунии. Луѓе без грам доблест, емпатија, безрбетници. СРАМ ДА ВИ Е мизерни души.
. Не се потресувајте превише и им придавајте значење, добар процент ти се платени ботови( провалени )за damadge control и смирување на ситуацијава, а ова другото ти се будали безнадежни.У двата случаја потрошени драгоцени живци беспотребно.
Ооооф сонот кој ниеден обичен Македонец нема да го доживее. Патишта не се кадри да направат, со децении, се упропастивме по дупки, шахти, ќе се кадри болници да направат... Во Охрид, болничкиот реон е од Титовото, огромно место е, болниците се околно поставени, а на средина има дрвја и по некоја клупа. Има еден пат кој влегува низ главната капија, тој води и до одделите, ама и до зградите коишто се во близина на болниците. Каква гужва се прави! Со толкаво место на располагање се прави цел скоцкан болнички комплекс: со паркинг, паркче со клупи прописни, обновени болници, двонасочен пат... Ама којзнае што си мислат на власт кога се, ама ќе да си велат " оној претходнион сѐ искористи, се изналапа пара, будала сум јас да реновирам?" И така сѐ лека-полека си остаре, се запушти и ако си сакаме убав третман, приватно. А на страна, ќе си плаќаме здравствено.
Не се сомневам во тоа, зборот ми беше дека сегашниов премиер ми делува дека има памет како 15-годишно дете. Освен по дебилните гафови нема по што друго да биде запаметен.
Затоа и велам чувајте живци за прави ствари и те како ни се потребни за времињава кои идат, за да се направи државава погодна за живеење, а ќе се направи. Само прво мора да минеме и низ вакви ствари,само да видиме што ќе преклопи.
Модуларни болници купи министерството. Не болниците. Тендерот и примањето на болниците беше од министерството и платија по завршена работа. Ако не чинеле, требало министерството да каже и да не плати. Директорот од Тетово кажа дека не чинат, на го заќутеа. Крив е само министерот.
Од инженери до сам Венко да си ја препрочитаат драмата ''Парадоксот на Диоген'' ако веќе еднаш ја читале или првпат, ако и како што ќе ескивираат од одговорност и санкции како секогаш и тогаш кога биле средношколци ескивирале да ја прoчитаат и научат од драмава нешто, бар како да не повторуваат туѓи грешки. И сите се виновни до еден, не само оставки, одговорност и санкции и соодветно нивно издржување во затвор, не излези влази од таму оф глава ме боли, оф притисокот ми се споил, абе кога потпишувале, гнетеле и лапале провизии и шетале по јахти и со мотори како ништо не им беше. И нека научи секој во државна служба од вратар до министер треба да работат пред се, да си ја заслужат палтата од народните пари иако тоа најмалку битно е, најмалку битна е платата и за мн. помалку треба да сакаат и да се способни професионално да работат, туку да работат, да потат газ од работа за народот кој ги избрал и поставил таму и им ја подарил своајата доверба. Ако не те бива, тешко ти е од искуство да направиш ред кој смее и каде од роднините да влезе, зошто, под кои услови и како, што си се нафатил на таква одговорност? Ајде си верувал можеш, ама гледаш не е така, нема срамно замини си, ама парите, ех парите слатко е кога паѓаат од небо за ништо, за сликање и глумење пред медиуми, слатко е да паѓаат како суви есенски лисја од дрво, од небото. Друго сообраќајка, поплава прифаќам и тука требало и секогаш треба строго почитување, технички преглед, правилно проектирање на клучката, ама ова што се случи да изгорат, како рече некој на интервју е у ж а с н о, овие луѓе си го дале највредното животот, отишле со доверба во болница да им го спасат од ковид а тие (не)одговорните што им направија, ги запалија живи, колку сакале нека се задушат од чад, спиеле или биле под седативи, осеќале, а криците Ако има таква фацка и свесен е дека не може да се избори со или исплива од ср@*aта во кои се наоѓа крив е тој што не си заминал со време, ама пишав јас, слатко е да лапаш парички и од небото да паѓаат. Политиката е знаеме што да на пишувам, ама кога ја става над примарната професија- лекар за да трвди како што пишаа на темава дека вакциналниот е појак од прележаниот, стекнат имунитет, тури му пепел и ко политичар и делумно ко доктор. Ама тоа е требал да си мисли со мозокот со време, ама З.З. му вели лета магарето, негова реакција и одговор лета Епа сега кој летна на крајот, нека му ја мисли дека треба да одговара кривично и нека му ја мисли како да се оправи и заджи кредибилитет како лекар воопшто, ако му текнало да почне да мисли на крајот.
Дефибриратори по правило треба да има сегде, за нив не треба посебна инсталација. Нив во странство ги има на секаде на пример трговски центри, поголеми трговски објекти. Јас сум поминала обука за нив и се користат кога некој има инфаркт или слично за срцето. Нека ме исправи некој како е ова регулирано кај нас ама ако се безбедни да бидат во трговски центар безбедни би биле и во други објекти. Мене тој што не обучуваше ни рече дека после обуката ќе сме ги гледале секаде и вистина сегде ги гледам , а пред тоа не ги ни заприметував. Освен ако не мислиме на две различни работи.
За кардиак арест, не инфаркт, мала исправка (при инфаркт може, но и не мора да значи дека ќе се случи кардиак арест). За друго се сложувам. Дефибрилатори може да има во секаков објект, прв пат слушам дека бараат посебна инсталација, @nena2010 ќе сакаш да дообјасниш? Мислам дека проблемот е што со толку незаштитен кислород, од кај и да почне пожарот е опасно. Дали бил дефибрилатор, дали нешто трето, тоа боците се опасна работа. Кога се очекува да кажат причина за пожарот, најавија нешто?
Претседателот кога даде изјава рече би требало за 5 дена ЈО да излези со извештај. Почетокот на нареднава недела ваљда...
Што да се дообјаснам. Иморовизација на тоа како треба да биде. Поставив горе како треба да изгледа модуларна болница ако се планира да се лежи внатре. И да се прават интррвенции. Ова било кај нас крпи закрпи. Слушни го гостинот во Тема на денот. Човекот бил хоспитализиран во таква модуларна во Скопје па од лично и професонално искуство кажува.