Се има добра првична основа што си пишала за материјалите зошто и какви да се, ама во мај имало измени кои од официјален орган им биле предочени и врачени во писмена форма да ги имаат во предвид и применат во изведбите со оглед дека дотогаш имало извештаи за 36, а на вестите на Сител рекоа 38 несреќи во модуларните болници. И соодветните вработени и ангажирани за оваа проблематика што прочитаа, научија и најважно (не)применија? Ова требаше да се случи да разберат зошто некој попаметен, поискусен и изнад нив дал укажување?
Тие што ти ги гледаш работат на батеријата и не се опасни за околината. Пуштаат шок доколку срцето на пациентот фибрилира. Сам ти кажува што треба да правиш. Дефибрилаторите на клиника се други, приклучени се на струја. Додуша само на филм имам видено како изгледа на клиника. Овие на батерии ги имам користено при тренинг, нема опасност од пожар од нив. Којзнае каков уред користеле. Штом се запалил штекот, доволно е една искра. Да имало осигурач, ќе се исклучела струјата. Да имало аларм, ќе пиштел и ќе се алармирале. Да имале тренирано обезбедување, ќе помогнеле. Да имало спринклерс, ќе се намалел пожарот. Да имало пп апарати, некој ќе се најдел да дејствува. Да имало fire exit, ќе избегале повеќе луѓе. Ама очигледно ништо од тоа немало. Не коментираме користениот материјал и огноотпорност. Факт е дека е фушерајски направена за перење пари. Апсолутно ништо од наведеното немало, затоа за 90 секунди изгоре скоро цела зграда. Сега ќе релативизираат партијците. И тие, и тие. Сите само сакаат да наместат гз на фотеља. Мижат пред сите докази. Ама... Нема ама. Мора да се одговара за се. И шумските пожари, и болничкиот пожар... Кај нас се е несреќа.
@Mantub Дефибрилатор на болница и вон болница е друг. Има и такви кои се на батерии, мобилни колку да го стартаат срцето додека да се стигне на болница.
Па нема јачина како фен за коса да уклучуваш. Тие се јаки машини. Потребни се посебни утикачи да издржат јачина.
О, па на Стојмир од стојмирова учичка домазетот Немеа благе везе потеклото, парите и врските на дедото се у игра Оф леле мајко пишав јас едно пофитерче е у залез, друго го планираат и иде ц ц ц
А како ја оживувале девојката ако немале посебни утикачи? Ако немаш, нема да можеш ни да го стартуваш. А не дека дефибрилаторот ќе се "бори" да работи на мала струја, па пукнал на крај. Ама јас колку што знам, дефибрилаторите работат на обична струја, 220 волти. Мислам дека мешаш колку волти се потребни за да го приклучиш, а колку волти произведува самиот дефибрилатор, тој може и 1000 волти да произведе. Она што јас сакам да ти го кажам е дека ако проблемот бил во инсталација, се' приклучено на струја може да направи проблем, не само дефибрилатор. Дека немале осигурачи па ако се направи некој спој да се расипе само апаратот во кој се случил спојот, а не да вивне цел објект, во тоа нејќам да верувам Не е битно, ајде ќе кажат, ние само нагаѓаме.
Јас се обидувам да го сфатам ова со струјава, зошто ич не се разбирам, а се зборува за истото со денови Ама нема полза од теории, точно. Валда ќе кажат како било стварно без криење.
Си дискутираме само. На база на тоа што знаеме од вести од сведоци.. Некако да го смириме гневот во нас.. Многу ме потресе ова. Ептен.
И мене, ама уште повеќе ме плаши финалниот исход, оти од тоа зависи дали има шанса да се повтори пак нешто слично. ... не дај Боже.
Не сакам ни да помислам... https://www.24.mk/details/istraga-g...kje-opcii-me-u-koi-i-spoj-na-prodolzhen-kabel
Не знам како ќутиш кога обично се бунтуваш и кога не треба. Застани на сред стан и разврти се наоколу. Замисли си дека еве има аларм во станот (се надевам дека има) и при пиштење што би правела. Еве излези од стан, пред врата, и замисли си дека станот под тебе гори. По кои скали ќе бегаш, дали надолу или нагоре, какви бариери има, дали има пп апарати, дали има воопшто нешто за противпожарна заштита. Какви врати има, дали влезните врати се огноотпорни. Тргни надолу покрај станот што гори и симни се надолу. И види за колку време ќе се симнеш до приземје, како ќе излезеш надвор и што ќе те пречека. Па така разгледај пред зграда, дали има простор противпожарната да се доближи доволно за да го гасне огнот. После прошетај така околу зградите да видиш како би пришло тоа возило до твојата зграда, дали има место да паркира. И за колку време би пристигнало после активирањето на алармот. И после истата постапка за во училиште или работно место на близок. Ако не те фаќа страв, еве не знам што да кажам. Зарем треба да си ќутиме и да чекаме трагедија после трагедија да ни се случуваат, да не знаеме што следно ќе нè снајде. Ете денес е 5 годишнина од земјотресот во Ск, а беше 5.1 Зарем мислиш дека поразлично ќе е во случај на пожар? Земи ги еве фамозните дискотеки кај што пуштаат повеќе луѓе од предвидениот капацитет. При несакан инцидент, знаеш што ќе се случи? Стампедо. Тоа што веќе се случи на стадион https://en.m.wikipedia.org/wiki/Hillsborough_disaster И наместо да се тежнее кон тоа да врви државата напред, ние ќе лаеме по дијаспората зошто се мешале дома, дремеле на форум, ќе ги браниме партијците дека не биле криви, немало кој. Епа веќе само оперирани од срам и бескрупулозни особи трчат на фотељи. Само такви можат да релативизираат и да бранат тоа што не се брани. Срамота е и греота е, 14 луѓе живи изгореа, се фатиле интелектуалците потписи да собираат. А уште 2 милиони се под ризик
Се бунам, како не? Пишувам постојано дека сме на тест, дека од нас зависи во моментот. Не од владата, не од светот... од институциите. Претставниците на народот. Да се самоцитирам:
Пожарот во Кисела вода ,.луге се задушија пред доста години, балконите имаа огради со некаква пластика, тоа гореше како со бензин полеано. Оф, кога ќе размислам , ниту јас знам нешто посебно за гаснење освен дека на масло не се тура вода. А ниту знам каде има хидрант мојава зграда, ама дефибрилатор! има, во влез е. Во право си дека треба да сме поспремни сите. Но вакви трагедии пред се брзо се одвиваат, ако си паничар тешко ке резонираш. Еве и 9 11, силни луге изгинаа, онолкави зградетини оганот и експлозиите ги урнаа.