значи ни како народ ни како луѓе не не бива. Не знам,излишни се дискусии. Се некој ни е крив па ќе бараме одговорност кај високите функционери, се нешто ни смета па ќе сечеме цевки за кислород ќе палиме болници ....
Во една болница треба да има по неколку пп апарати со различни полнења, хидрант, ознаки кој ќе бидат флуроцентни за случај да снема струја, аларми за чад и прскалки кој автоматски се улкучуваат при поголем дим. Треба да има огноотпорни врати кој и при пожар остануваат ладни и се отвараат нанадвор за да може полесно да се излегува. Треба да има определени скалила секој одел кој луѓето ќе се евакуираат. Персоналот мора да знае да ракува со пп апарат и да знае како да реагира при евакуација. Чисто се сомневам дека во нашиве болници го има сево ова.
Најјако ми е тоа што кажуваат Ок бе се запали, АМА да не беа тие двајца од надвор таму ќе имавме 12 а не 14 мртви.. Мислам спинување упм..
Море во случајов за жал да не биле тие однадвор ќе имавме 20 и повеќе мртви.Овие извлекле некого колку толку... Кај нас не можеш да им пратиш до врата на болните во модуларната а овие со нив седеле спиеле внатре.Незна што да реча а да не заплача. А што убаво баткана си пие кафенце в кафана а жена му се грижи за мајка му в болница па навечер си спие со него и така коронава до 2035...најмалу ќе тера
Па да,може и тоа да биде. Да се изрежира солидна приказна. Да смислат дека бил терористички напад и така ни Филипче ни никој нема да биде крив.
Нешто ми влева надеж дека доколку остане Филипче, барем малку ќе се опамети и ќе преземе нешто во врска со Ковид ситуацијата. Каков и да е, човек е и повеќе од сигурна сум дека настанов го потресе. Не знам што треба да си за да не ти се случи тоа. Растение ај гес? На пресовите беше ко п*сран, очигледно беше. Се надевам дека ова ќе го потсети дека најпрво е човек и има одговорност врз луѓе, а потоа член на неговата партија. Жално е што за да се потсетиме за тоа, треба да ни се случи некоја непријатна случка како оваа.
Читав некаде изјава од таткото на девојчето кое го реанимирале уствари не сакаше ништо да каже не можел да зборува сега бил во шок,што и така е ама сепак нешто чудно преќутувачки ми делуваше.
Не сака да каже,зошто ќе ги побудалат со изјави ,чуда,или им е кажано да ќутат. И во право е. Мед.лица присутни сите се сослушани.
Што да си каже човекот?!Во моментот ќерка му умирала.Дали да бегаат од пожар,дали да ја реанимираат?Тоа се шок моменти за еден родител,да гледа како му умира детето.Убаво кажа човекот дека незнае конкретно што се случило,и дека уште неможат да се соземат после смртта на ќерка им,дека не им е до изјави.