Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Молат Бога да не е подметнат пожарот, оти така не само Филипче, туку цела влада ќе е крива и сите ќе треба да поднесат оставка.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.685
    Допаѓања:
    79.807
    Пол:
    Женски
    Да де, нафта пиеме и не знаеме дека се имаат со Заев договорено за оставкава, да го залажат народов само вака као едниов ќе поднесе оставка, другиов нема да ја прифати оти ќе сме изгубеле преголема светост и неповторлив човек. Веќе видено е се' ова.
     
    На diff, Billy Idol, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што никој не ги спомнува останатите модуларни болници. Ќе молиме на Бога да не се повтори, и толку? Нешто да се превземеше?
    По тоа гледајте колку им е гајле за народот и за човечките животи!!!

    па уште и ова, ако е вистина, што и верувам дека толку се ниски:
    BB907305-F8B3-4E41-BC49-84DA7CA65D8B.png
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Кое дно бе нека се изгубат засекогаш стоки скапани
     
  5. empoli

    empoli Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Fotoshop
     
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Тие што викате Филипче не е крив.
    Ако добро разбрав, МЗ се тие што се вклучени во набавката на модуларниве и потпишуваат договор.
    (Не се разбирам како идат тие работи процедурално)
    Е сега ако Филипче е доктор и министер, а нема познавања од проценка на ризик и безбедност и сите работи што ги наведе човекон на Сител што беше, затоа има луѓе како истиов човек кои си се експерти во тие работи и е потребно да се консултираат.
    Ама... очигледно не било направено. Ги ставиле и право користеле модуларниве, вакви такви. И овде е грешката.
    Значи не било од страна на Венчета направено сѐ, има сепак пропусти од негова страна.
    Значи милиони ќе стават во џеб, дури и преку вакциниве пробаа да си добијат дел за себе, ама боже сачувај да дадеш пара плус за работи кои ќе спасат животи.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Фактот што двајца загинаа непотребно да треба да се спомнува и тоа како. Двајца на овој свет ќе беа живи да се почитуваше барем малку некаков ред и правила и прописи. А не да изиграваат медицински персонал и да парадираат во време на пандемија низ болницата слободно како низ дома. Тоа што изгореа е сосема друго, тоа е толку трагично и жално исто како и за сите пациенти и не ја намалува ни болката ни остананатите факти.

    Медицинскиот персонал таму е единиствено одговорен за грижата на пацинетите и никој друг! Грижата за пациентите треба секогаш да биде беспрекорна затоа што за човечки животи се работи. Дали имало недостиг на персонал, дали тие соодветно се грижеле е друго прашање и ова треба стално да се надгледува од одговорните секогаш и во секоја клиника и болница.

    Причините зашто настана пожарот, дали болницата е изградена по некои стандарди, дали во случај на пожар се било регурларно и ништо повеќе не можело да се направи е сосема друга тема. Тоа најстрого треба да се испита и одговорност мора да има зашто пак ќе кажам грижата за пациентите треба да биде беспрекорна секогаш.

    Ама дали фамилијата треба да глуми доктор или сестра НЕ, НЕ и НЕ! Во тој случај воопшто нема ни потреба да имаме болници еве фамилијата нека се грижи за сите што ќе се разболат. И пак по стоти пат во пандемија нема што да се шетаат меѓу заразените, а после ние да паѓаме во несвест од бројките на заразени во Тетово и да имаме мерки заради вакви луѓе кои немаат никаква свест и совесност. И нема тука изговори од типот сестрата не и купи бурек на мајка ми и даде грашок, а она секој петок бурек само јаде и слично. Ако медицинскиот персонал не си ја вршел задачата пак следува тоа што го кажав. Нека ги пријават и нека има некој кој ќе контролира како медициснкиот персонал си ја врши работата. Или нека праќаат по ќеси како во некоја болница (мислам Штип беше не се сеќавам добро сеедно).

    Не се научивме на ред и не и не и не!
     
    На Mikha4 и LejlaD им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Не го оправдувам тоа што седеле да ги лечат со нив во болница, ама не дај Боже да си им во кожа, а знаеш дека медицински персонал нема доволно, а и да го има, знаеме како се понашаат дел од нив, чест на исклучоци. Колку само од починатите од Ковид до сега се заради негрижа во болниците, не сакам ни да нагаѓам. Па и докази имаше луѓе објавувано муабети со блиски хоспитализирани како немало вода кој да им подаде, дали мислиш дека нешто е превземено? Пак ќе кажам, не ги оправдувам, ама во никој случај луѓето не се виновни што морале да одат да се грижат за блиските. Државата е.
     
    На Billy Idol, cresa-jagoda, Lollipop_123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.348
    Колку и да е болно видеово, го гледав неколку пати...и секој пат си викам на почетокот кај истрча тој младиот маж...
    Ги заобиколи луѓето со количка, претпоставувам вработен и член од семејството на болниот, си продолжи и не се врати.
    Не знам што да мислам...може пп апарат да бара, помош:(;(
    Сироти луѓе позади што биле.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Немав срце да го видам видеото кај што се слушаат врисоци од луѓето што гореа, ама го видов видеото од безбедносните камери, а тоа нели беше со музика.
    Разбирам дека се се случило набрзина и луѓето биле во шок, ама на почеток на видеото нели излегуваат двајца луѓе со количка носат некого, и не покажуваат дека се вратиле, после додека луѓето излегуваат низ прозор, долу се гледаат две лица кај што си дремат лагано, еден дури и колата си влезе да ја премести, океј ај ќе речеш да не предизвикува додатна екскплозија, ама имаше и други коли оставено, не ги преместија сите, зборот ми е за сето тоа време можеа да го отворат и другиот прозорец и да вадат пациенти, требаше да го скршат некако бидејќи нели сите спасени излегоа од еден прозорец и се изгуби на време, не сакам да глумам генерал после војна, ама можеби можеше се да помине со помалку жртви :(

    Што се однесува до оставките, сето тоа е циркус пред избори, ако беа од срце, височеството Филипче ќе си дадеше уште вечерта, немаше да бега со прајмот министер од новинарите и народот, и немаше другиот ден да се чука во гради дека тој ќе одлучел. Не само оставки, туку и затворски казни треба од директори, до инжинери и разноразни тендераши, до градоначалник, министер и се до врвот, ова што се случи е огромна катастрофа, луѓето што заминаа на најсуров начин не се враќаат, ама нашиве големци ако имаат барем малку совест и образ, треба да се казнат меѓусебно, бидејќи никој од нив не е незаменлив.

    За крај, знаеме дека Тетово е држава во држава, и не важат закони, ама мора да им се стави еднаш крај на локалните шерифи таму. Како така бе роднини да се грижат за болните од високо пренослив вирус? Па во другите градови пиле не смее да прелета по болници, колку сакани им починаа, луѓето не ги видоа, не знаеа ни кого го погребуваат, а ваму дозволена грижа за болните под изговор немање соодветен кадар, аха да, може во еден Ресен, Дебар и слично има повеќе кадар.

    Ми се гади од државава веќе, и аман дајте арно рече некој да се молиме по државите да не земат под своја закрила, не заслужуваме држава ние, џабе изумреле илјадници луѓе за СеверновоСрање од држава:puke:
     
    На Ivan4e04, Billy Idol, Idedemja и 20 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.162
    Допаѓања:
    50.561
    Пол:
    Женски
    На камерата имаше и две жени мислам болничарки ли беа баш не забелешав само гледаа од страна. :^)
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  12. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Добро како можеш да речеш си дремеле,да не си им во кожа,тоа е парализа на страв,мозокот не е во состојба да расуди во такви моменти.Некој што останал приземен направил тоа што се можело.Еве скриншот од сведок. @Rama
    Screenshot_20210910_205116~2.jpg Screenshot_20210910_205208~2.jpg
     
    На g8lQQk, deliza, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ocean Waves

    Ocean Waves Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Да не се префрла топката на погрешна страна за нецели 3 минути изгоре цел објект у тие моменти сигурно помислуваш дека нема ни да преживееш, таков густ чад и оган не е исто на камера и на лице место.
     
    На Ivan4e04, Billy Idol, g8lQQk и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Добро де аман не ме тепај, ова е мислењето на повеќе луѓе, реков не сакам да изигравам генерал после војна, реков дека биле во шок.
    Ама пример ако им е страв да влезат внатре, бидејќи ете и мене ми е, ќе ме нападне паника и слично, ама во најмала рака можеа да го отворат прозорецот кој не се отвараше, покажано е на снимката дека тие што се живи прво внатре се мачат да го отворат првиот прозорец, не можат и одат до вториот.

    Нека почиваат во мир жртвите, натаму секој збор од сите нас е излишен.
     
  15. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Читај ,објаснува човекот дека можело да се отвори прозорецот и дека избезуменост е во прашање .Лесно е ние да си коментираме од страна ,но постои парализа на страв ,во повеќе случаи пример при силување,убиство,жртвата стои и не пружа отпор.
    Ќе се повторам да не си им во кожа ,дај боже никој да не се најде во таква состојба да се парализира од страв.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто од цел мој пост каде што имам напишано кој се е виновен и треба да сноси одговорност, ти се фати за делот кај што реков дека две лица долу лагано си дремат? Патем сите го искоментираа тој факт, и океј е, разбирам дека во шок биле.
     
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Едноставно,затоа што не се согласувам единствено за тоа.Не умесно ми е да се коментира за луѓето кои се нашле на место на кое ни во кошмар не би биле.Постои објаснување што е страв и како човек реагира на него,затоа треба да се прочита пред да се коментира.
     
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Да бидат јасни работите колку Заев и Филипче ја манипулираат јавноста со оставката на министрите. Се е ова многу јасно договорено сценарио. Филипче му нуди оставка, за да си го испере задникот, а народ да се залепи колку е морален, но Заев не ја прифаќа, па сега ќе се оди на тоа истрагата да се држи на стенд бај долго време и вниманието да биде свртено со сосема други глупости.

    Филипче ако сакаше да даде оставка, тогаш ќе ја поднесеше до Собранието, а не до Заев. Ова го превземав од Фејсбук:

    Мали детали од македонскиот политички систем:
    Согласно Уставот во Македонија министрите и премиерот ги избира Собранието. Филипче НЕ МОЖЕ да му поднесе оставка на Заев бидејќи Заев него не го избрал, туку Собранието.
    За избор на Министер исто како и за Премиер потребно е апсолутно мнозинство во Собранието (61 глас).
    За крај на функцијата на Филипче во овој момент има неколку начини
    1. Заев има право да му предложи на Собранието Филипче да биде сменет (за тоа му е потребно апсолутно мнозинство 61 глас од пратениците)
    2. 5 пратеници можат да му предложат на Собранието Филипче да биде сменет - тоа е популарната интерпелација (потребно мнозинство од 61 глас за да им се прифати интерпелацијата)
    3. Филипче сам да поднесе оставка до Собранието ( оставката се констатира на првата седница, не треба гласање и Собранието не води расправа за тоа)
    4. Собранието да се распушти (потребно е апсолутно мнозонство од 61 пратеник) крај на мандатот на Собранието а со тоа и на Владата
    5. Премиерот да поднесе оставка или да му биде изгласана недоверба (61 глас) , крај на функциите на сите министри
    Значи, "понудената оставка" на Филипче може да ја "прифатат" било кои 5 пратеници и на Собранието да му ја поднесат исто како што би му ја поднел Заев.
    Да проблем е што Претседателот на Собранието го "витка" Деловникот па интерпелации за министри чекаат по 10 месеци, сепак факт е дека постои чл.72 во Уставот и чл.45 и чл.47 во Деловникот
    Да имаше реална намера за оставка министерот тоа ќе го направеше со писмо до Собранието а не до премиерот, а опозицијата ништо не ја спречува сама да побара доверба во Собранието.
     
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ви текнува на ова кога работникот од „Комунална хигиена“, кој фрли отпад во Вардар и доби отказ?

    https://novatv.mk/otkaz-za-rabotnikot-od-komunalna-higiena-koj-frli-otpad-vo-vardar/

    Ете, државата на кого продава муда и сила (извинете на речникот), на сиротиња која нема грб, а ова ѓубре Филипче, кој потпишувал и одредувал кој ќе зема тендери и гради болници, ќе го оправдуваат, сожалуваат, крокодилски солзи, па уште не бил крив. Кој е крив? Столе од Нов Зеланд? Треба да го стрпаат во затвор и не само да одговара за овој случај, туку за и незаконски набавените тендери, колапсот со вакцините, најлошото справување со Ковид кризата и ред други работи.

    Северџанија треба да се изучува на Кембриџ како задолжителен предмет и докторски трудови да се прават на таа тема. Ете, врвни студенти и психолози да не анализираат преку работни задачи, проекти, за да утврдат научно какви мозочни клетки шетаат низ мозокот на еден политичар и штабски стаорец во Северџанија.
     
    На Guns N` Roses, Tanjamm, Ocean Waves и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.156
    Допаѓања:
    181.052
    Нема шо да се изучува, ова е реал-лајф доказ на бројни теории, досега само лабораториски и контролирано спроведувани. Boiling frog на пример.
     
    На Guns N` Roses, Abracadaver и LejlaD им се допаѓа ова.