За ова ако треба партија да организира, не знам шо да кажам. За што ви треба опозиција? Тетовчани излегоа организирани од навивачка група балисти, и не беа малку. И не беше протест, беше марш за почит на жртвите. Чекајте вие опозиција
Не е потребна партија за да се излезе на протест. Проблемот е кај народот што им дозволи на партиите да се вмешаат во поголемиот дел од протестите.И уште им дозволува.
Не е неопходна опозицијата. Но, дефинитивно помасовен собир ќе се постигне ако се добие поддршка од истата. Еве сите вие критикувате зошто не се организирал протест до сега. Па најпрво себеси запрашајте се зошто ете токму вие да не го организирате тој протест? Зошто секогаш мора да се чека на некој друг? Или прпа ако се ставате лично како лидер?
Лесно е да обвинуваш од тастатура зошто некој не излегол, не организирал, па и да користиш зборови како "прпа". Зошто тој некој не си ти? Ако мислиш дека е лесно, слободно организирај, и не е до храброста, туку не си свесна каква логистика, кои средства ти требаат ако првпат правиш вакво нешто. Стварно мислиш дека ќе објавиш еден пост, ќе излезеш на улица и готово, луѓе ќе дојдат? И сите вие кои прашувате каде биле овие или оние што се дигнале за претходни а ги нема сега, ме интересира каде бевте вие кога тие го правеле тоа а сега не ви ги исполнуваат желбите. Искрено, ептен се познава кој од чиј штаб пишува овде и многу е срамота.
Емшиу: Ми велат да молчам за пожарот во тетовската ковид болница или ќе ме убијат! | МКД.мк (mkd.mk) Ми се закануваат дека ќе ме убијат. Но јас сум тука, не бегам. Ги загубив и брат ми и татко ми. Но одговори за тоа кој е одговорен за пожарот во тетовскиот ковид-центар мора да има, раскажува за Дojче веле Ибин Емшиу. „Досега тројца ми се заканија. Да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат! Јас би им кажал дека сум тука и нема да бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го донел својот татко во болница за да се лечи, а го земал изгорен заради нивна грешка, јас сум тука“, вели Емшиу. Тој вели дека два дена пред несреќата, еден од докторите им рекол дека модуларната болница ќе се затвора, но не ја знае причината за тоа.
Не ни требаат политички профитери што цицаат од државна цицка да не вадат на улица. Ако сами не можеме мочај му се. Зошто во Германија и Шведска партии не вадат на протест, туку граѓанството самоницијативно се организира во вакви ситуации? Зошто имаат колективна самосвест, која ние ја немаме. Ние чекаме Станко да ни тропне на врата и со специјална покана или банкет од 1000 денари што вика Џули за да излеземе на протест. Затоа нема никад да не биде.
Па изненадени сме. Јас за такво нешто немам чуено. Да платиш 1000 денари на ден, за да го погледнат пациетот, т.е. да си ја работат работата за која веќе си ги платил? Златна држава ви остаив, се сте скапале...Добро, може не беше златна, ама на ова дереџе не била И ова демек нормално треба да биде? Истрага за сите модуларни болници Ниту модуларната болница во Велес нема технички прием за работа со пациенти. И таа, како и сите модуларни болници, е изградена врз основа на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање. Мхм, Заев почна да збори- не мислел он дека цела влада треба да даде оставка. Трагедии се случувале сегде, да, ама таква трагедија како ЗЗ се случува еднаш на милион.
Епа не знам кај си живеала, ама вака е ти велам со децении. Изгледа не сте биле во Државни болници. Сериозно. Еден доктор, сестра во Мк има дома залихи на кафе, ореви, зејтин, ориз, јагниња, компир, колекција на виски, чоколада, крпи и пари. Не се они очајни ама ич. Секоја чест на исклучоци ама ако дадеш ќе те гледа. И не се правете како од Марс да сте, сериозно. Сите. Демек ново е ова.
Па не е ново. Ма да јас кога одам на контрола не сум размислила дека треба да ги почастам. Нит сум ги частела. Е, сеа за тоа ние сме си криви. Ние си ги направиме такви. Мито и корупција да ни е секојдневие. Посебно при пораѓај сакаат и банќет да и направат сестрите и докторите.
И јас исто, никогаш ни сум почестила доктор ни сестра. Тоа му е работа, јас не знам како се почна претерано си тоа честење и пари, па после ќе се научат на тоа нормално. И да, посебно за пораѓај, оти докторот извршил породување, еден куп поклони и пари, зошто ? Нели тоа му е работа. Или направил операција па ќе му носиме на докторот Џек Даниелс На моја другарка доктор на државна Ск, лично и побара мито за да ја направи операција и замина Ниш, таму ја направи.
Јас на приватно не сум била. Па немаше ни некое приватно пред 10 години. Ок, јас сум здрава, ама имам бре роднини, сите по државно се лечат. Не збориме за кафе, бомбоњера, збориме за плаќање, значи ПЛАЌАЊЕ на услуга. Од парче. 1000 денари за да сменат пелена 2 пати дневно!. Не релативизирај сега, не ме занима дали е ново или старо, не смее да БИДЕ.
Работата е тоа што не сите се во можност да заминат на операција во Ниш. Има луѓе што воопшто не можат да си ја дозволат операцијата. А докторите ти викаат или плати или умри буквално, а кога се работи за здравје реално многу избор па и немаш. Особено ако е итна работата. Господ да не чува од болници. Особено државни
Многу работи не смеат, ама се прават. И тоа народот го прави, оти тој е кој подмитува и дава. И овде кај што сум носеле, знаеш? Јавна тајна е колку кошта пораѓај во една државна болница во Мк. И народот тоа го поддржува и го прави. Не ни е крив за ова ни Заев ни Грујо, за многу работи сами сме си виновни. А не ни е крив друг што и овие ни се премиери.
А бе сега се сите изненадени као да не се од тука... 300 Евра нагоре на државна пороѓај ако сакаш да се породиш ко човек..
Пак релативизирате. Не збориме за пораѓање, ама ок, ај исто е. Свекрва ми, свекор ми, мајка ми, татко ми, девер ми, внуците, тетка ми, брадучед ми- никој од нив нема да се пораѓа. Ама теоретски сите може да стигнат до болница. Да чекам дека од дехидрираност може да умрат? (скраја било). Истиот персонал, што ,,нема време,, да се грижи за пациенти, магично може да се грижи за нив, за доплата? Ок, така е и така треба да биде. Мене не ми е ок!.
Ама никому не му е, ама ете никој и ништо не прави да се смени. Сите се придружуваат во тој систем. Евентуално некој ќе се исели. Мене ми сметаше, имав шанса и си отидов.