Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.725
    Пол:
    Женски
    Штом завршил веќе Е др специјалист хирург!
    Што ќе биде ако Не хирург кој оперира?!
    Психијатар?:^)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    5.567
    Пол:
    Женски
    Закани со смрт од кого? И после некој ова ќе го брани,смета и поштува како авторитет што одлучува и се "грижи" за неговото здравје.И со се апсењето што помина без галама на оној што го постави видеото додека мејнстрим медиуми известуваа и снимаа цела вечер.Со се овие што ја користат ситуацијава за да седнат на фотељи критикувајки ги и џоа заштитувајќи го народот од овие другиве.Со се овие другиве.Со се народ што ќути,трпи и дозволува.Беда.Колективна.
    https://sitel.com.mk/svedok-na-sluchuvanjata-vo-bolnicata-dobival-zakani-mvr-postapuva-po-sluchajot
     
    Последна измена: 13 септември 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.356
    Пол:
    Женски
    Секакви доктори има и сум видела.И одлични и онакви ради кои превртував очи милијарда пати и си мислев кој им дал диплома.
     
    На Tanjamm и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Тие што си одат не се од тие што давале и плаќале и врски фаќале... Си одат оние што немале да дадат или сметале дека не треба да дадат и да поддржуваат корупција макар почнала и наивно со кафе за поздрав. Затоа на тие не им е тешко да се прилагодот на новиот систем пошто тој нов систем е заснован за здрав разум, на нормалност, не е научна фантастика. Плаќаш здравство, одиш во болница, се лечиш. Крај.
    Зошто не си одат лижачите и потрчковците и митаџиите и забушантите? Оти системот е во нивна корист.
     
    На Ivan4e04, Mishela, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Ти оди оперијај се кај било кој доктор. А знаеш дека цвета мито и корупција. Не само кај доктори, и на факултети е исто. Плаќаш завршуваш.
    Јас најтазе си имав мака од забар. Учен недоучен. Ми исчистил еден канал и затрупал. А треба сите да се исчистат. Па барај добар доктор за ревизија, снимај пред, снимај потоа итн. 3000 заб ме кошташе. Зошто? Затоа што докторот не знае како треба.
    Замисли да ти вадат слепо црево? Или некоја посложена операција? Или да отидеш на пораѓај а без органи да се вратиш дома?
     
    На Tanjamm и Dentina им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Машки
    Секој кој имал искуство со болница во последниве 5-10 години ќе го потврди ова. Инфузија со часови не ти исклучуваат, болничар нема никаде кога треба да ти смени нешто, да ти даде, сестри нема за да ти ја пуштат редовната терапија, нема апаратура, уште ја користат таа од Југославија или од донации. 80% од болничката опрема е од тогаш или донирана преку ЕУ, Јапонија или преку којзнае какви фондации. Канила немаа да ми стават кога бев таму, па ме бушеа со 3 пaти подебела, вена здрава немав.
    Ако не беа луѓето во собата со мене да ми помогнат пост - оперативно и мајка ми која висеше по неколку часови дневно мислам немаше жив да излезам од болница.
    И не ги кривам ниту сестрите, ниту докторите, ниту пак луѓето што фаќаат врски кај нас кога за една МРИ снимка се чека со месеци, и тоа апаратот ако се расипи, се чека и по пола година, зошто толку се, на прсти се бројат апаратите. За еден преглед на ехо треба врски, затоа што треба да чекаш со денови, за крв да ти земат те враќаат секој втор ден зошто им паѓа системот и не е оперативен. За операција мора да подмитиш доктори затоа што ако чекаш ред, ќе ти дојде редот кога нема веќе да си на овој свет.
    2 болничари и 1 сестра во смена на цело одделение со 30 пациенти, па каде да престигнат побрзо? А сите викаат, на сите им треба нешто. На кој инфузија да се извади, кој памперс да се смени, кој храна, кој терапија чека, на трет му е лошо... четврт моли за вода со часови затоа што не може да стане и нема кој да му даде.
    И ова сето пред Ковид. А сега со Ковид, со таков наплив на пациенти физички е невозможно да бидат покриени од персоналот.
    И не, ниту таа медицинска сестра која го рискира животот и се распнува од работа ја кривам, ниту пак член на фамилијата што во очајна состојба нуди пари или се нуди себе си да помага на ближниот само и само да го одржи во живот.
    Доведени до очајна ситуација на живот и смрт, до гуша со кредити, со болки, со маки...
    Насочете ја омразата кон тие горе, а не кон обичните луѓе, сограѓани, без разлика дали се пациенти или болнички персонал.
    Не им ги перете гомната на големциве. Доста беше.
     
    На Ivan4e04, Luminary, flower30 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    При вадење заб( во една ординација,не ми текнува,тогаш не се знаев со Катерина. ) ми заборавиле дел од корен на заб и тоа си заздравила кожата со него внатре. Не ме болеше ниту сметаше туку мојата докторка сметаше дека е добро да се извади (читај оперирам). Јас паники триста,како на клиника одел стоматологија ќе ме унакажат,ама мојата докторка Катерина ме смируваше, Господ здравје да и даде златни раце имаше. Ме оперираше она,не ме остави воопшто заедно со нејзин врвен стоматолог на клиника кој сега им предава на студентите. Имав пет конци и платив 150 денари преку фондот. Два часа ме чистеа од коренот,го гледаш мал на снимка а троа проблематичен. На докторот сакав да му се заблагодарам дадов ракија неколку дена подоцна. И тоа беше сѐ.
     
    На MilaSs12 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.525
    Допаѓања:
    251.546
    Ана, јас затоа и си отидов. Сметав дека не сакам да живеам на ваков начин, дете да расте во тој систем и затоа со две просечни плати, голема средена куќа, кола, и се што треба за некој нормален живот, си отидов. За да не фаќам врски, да не бидам ничиј потрчко.
    Затоа.
    И да не морам вакви ѓубриња кои се на власт да ги гласам и трпам. Ете, затоа.
    И да, до народот е. На повеќето им одговара тоа оти чекат само некој нивни некаде да има за да им заврши работа.
     
    На flower30, tina2018, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.151
    Допаѓања:
    181.035
    Знаеш колку опрема е набавена , што преку донации, што за пари, што скапува ниеднаш искористена? Зошто- дали оти немаат провизија од веќе набавена опрема, мора да се набавува нова постојано:?:?
    Да не беа толку фокусирани на провизии, и болничари ќе имаше, и сестри, и плати за сите.

    Дали вистина во последниве 50 дена министерот за здравство има потпишано јавни набавки за 50 милиони евра?:?: Знае некој да го најде сајтот за јавни набавки? Видов некој таков твит, не можам да го најдам.
    А кој беше министер во 2018? 39 милиони евра потрошени таа година, титула за најмалку транспарентно трошење https://irl.mk/ministerstvoto-za-zd...-otchetnost-i-transparentnost-vo-2018-godina/
     
    На Billy Idol, Idedemja, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    77.509
    Пол:
    Женски
    https://shilomagazine.com.au/2021/09/13/еве-ви-го-здравството-во-македонија-да/

    Еве уште едно сведоштво ;(
    Како што кажа Лејла, кога лежиш во своите телесни течности и нема кој чаша вода да ти даде, и нозе ќе бакнуваш на некој за да помогне, а не пари да даваш.
    Имаше аудио запис денес по порталите од девојка на која, за жал, дедо и починал од корона и им побарале 3000 денари ќеш за да го облечат. И морало преку "нивното" погребално претпријатие да се земе телото од болница, не давале друго.

    Го гледав интервјуто на дечкото на кој му изгореа братот и таткото. 28 и 55 години.
    Плаќал по 1000ка да му помагаат, оти се вратил од Италија пред 6 дена, сам да се гружи за нив.
    Изградиле огромна куќа, а сега празна ;(
    Празна куќа и два гроба ;(
    По неговите зборови, изгледа се повеќе жртви.
    Истото беше и со поплавите 2016та.
    Протекоа слики со повеќе тела, кои после магично исчезнаа.

    Даваат тие што се на зорт, на кој најмилите им се на смртна постела.
    Сигурно нема за тие смрдени 100 евра цел живот да ги носат на совест, зошто не дадов, барем ќе знаев дека сторив се што можам...
    А за жал, некои коростат и грабаат...
     
    На Rama, flower30, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Има,има Ганс,учеле ама што научиле.Знаеш за медицина знаат да кажат ,абе медицина се буба,ама ти најдобро знаеш дека не е баш така.Ќе го научиш напамет да, ќе го набубаш,ама кога ќе треба логички да го поврзиш цврц .Затоа нас дома ни давале природно сирупче за искашлување а не научиле да слушнат на слушалки пневмонија. Ни давале инфузија за алергија а било Херпес зостер.Набубал некој кај алергија се јавува осип,и готово алергија е.А алергија не боли ,ама херпес боли.Е не научил тој,само набубал.Од такви си страдаме ако сакаат и специјалисти нека се .
     
    Последна измена: 13 септември 2021
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ајде послениве набавки од тие последни 50 дена може да бидат ревидирани и стопирани од неговиот наследник и можеби би постапил тој така не за да е отчетен и праведен туку тој со свои да си се договори, реков јас ако е иден оној профитер што го зборат ист ќе е ко овој.
    Друг алармантен проблем поред опрема, знаете колку вработувања имаше во здравство, ајде не во болничкиот дел иако и таму, каде што воглавно не се квалификуваат повеќето од новите вработени.
    И сега рачунај колку нови вработени со почетна плата во просек како две минималки само се закачени на државна цицка и цицаат незаслужено, неоправдано и ќе цицаат со години од државниот буџет, од парите на народот. Огромна пара е тоа.
    Па од такви проектанти, инженери што и да се според професија во МЗ и во соработка што се со него, очекуваме да сработат како треба и изберат сооветен изведувач и проект по стандарди како што наведуваат модуларниве болници дека сите биле изработени. После на таков тим ќе им дадеш права и доверба како раководно лице? Што збори тоа за тебе или си ист како нив неспособен, нефункционален независно од позицијата или многу го тинтраш другар ти кога вели магарето лета и му аминуваш кога кој сака ти го пикнува во тимот, па и ти велиш магарето лета, даааа лета. После оставка од морална причина само, море море, бруки и резили, ама само да се исперат гревовите и пикнат под чергиче и кривично Цацко ќе го направт крв да одговара, ако некој воопшто одговара. Тоа е проблемот системот не ни чини, колку вакви министри, одговорни на болници аминувани од него неспособни по ист модел и терк како него имаме и ќе имаме, тоа е трагично и тоа е тоа поради кое бегаат во странство кога не можат да се справат со ова, порголтаат и продолжат понатаму. Ама тие што мува не ги лази а се на позициите само гледаат фотељата да ја додржат, заслужено добиена или не и да потрчкуваат и лижат газ па читаме по објави и во темава ставени, како се организираат, лижат, плукаат, односно си ја покажуваат непрофесионалноста спрема струката па се останато.
     
    На Rama, Billy Idol, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Јас признавам дека немам храброст да организирам. Ама затоа пак не обвинувам поединци зошто не го сториле тоа, туку се осврнав кон политичките партии кои имаат највеќе можности за тоа.
    Да, тешко е да се организира, но како и да е за да се започне е доволен само еден мал чекор, една идеја, една постапка. Значи потребна е иницијатива.

    Ако сум објективна и кажувам дека опозицијата не делува соодветно тоа не ме прави по дифолт комуњарка. :)
    Ама се покажало корисно, зарем не? Шарената револуција не донесе промени? Донесе. Е, сега тоа што промените ја влошија ситуацијата од претходно е др. муабет.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.488
    Пол:
    Женски
    За да земеш специјализација за хирург прво треба да имаш просек од завршено општа медицина. Не може туку така да земеш специјализација за хирург. А не гледам зошто некој би земал специјализација за хирург ако смета дека не го бива, не е тоа толку едноставно.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.488
    Пол:
    Женски
    Додека си специјализант не може да оперираш скорс сам, може ти да ја водиш операцијата, но секогаш ќе има тим со тебе и менторот.
     
    На LejlaD и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.488
    Пол:
    Женски
    Па ако земал некој мито не значи дека не е добар доктор, и ако некој не зима мито дека па е добар доктор. Каква врска има митото со тоа дали го бива или не. За хирурзите кажав од аспект дека не е лесно да се заврши и да се ставиш во улога на хирург како што некој си мисли ај сеа ќе бидам хирург, стварно некогаш глупости тропате без двапати да размислите.
     
    На Biljarkata, Need for Speed и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Да, да. "Независни" политички полтрони на кои им беше ветена функција после протестите.
    Гледам колку промени донесоа. Бутнаа еден режим за да донесат друг x2 пати помалку функционален.
    Веќе видено и искусено сценарио кое не треба никогаш да се повтори, а уште помалку на истото да се гледа како корисно.
     
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Па и кога ке си специјалист секогаш има некој со тебе, анестезиолог , инструментарки. Она што сакав да кажам е дека излегуваат хирурзи кои не знаат и не сакаат да оперираат, и всушност прават многу грешки од незнаење. И си ги знаат колегите кои се.
     
    На Nikolina35, Anne Boleyn, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.086
    Допаѓања:
    12.829
    За нашиве лекари не знам што да мислам. Дали не знаат или не сакаат да работат. Конкретен пример, мајка ми ја болеше стомак, отиде кај матичниот, и таму една млада докторка и препишала лекови за срце. Ги пиеше две три дена, виде има проблеми, ајде пак на лекар, ама сега кај една од повозрасните докторки, и оваа и дала лекови за желудник. Младата замина за Германија. Којзнае дали таму така ги лечи Германците.
     
  20. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Двајца хирурзи се во сала при оперативен зафат,на абдоминални хирурзи мислам.