На Сител спомнаа неофицијално 30 починати,а Филипче пред малку пишал дека 10 се официјално потврдени починати и дека е можно бројката да порасне.
Претпоставив и ти верувам.Само споделив што пиша министерот. Може така кажа дека јавноста е вознемирена.
Официјално ги потврдуваат како бројки само жртвите што веќе се однесени во патологија. Бројката ќе ја кренат кога ќе пристигнат сите возила. Само не сватив Меѓу починатите има и од пациентите и лекари А кои се тие пред нив ви реченицата?
Се покајав што ги видов видеата. Без осет. Не знам што да напишам, освен лесна им земја на починатите. Трагедија...
Мене не ми е само јасно, со кој памет овие што снимале видео со починатите, и видео кога гори болницата и пациентите внатре како врискаат колку што можат, ги објавиле на нет. Тоа е нешто што нема збор.. Не знам дали овие што ги објавиле воопшто имаат емоции, и сознание дека секој ги гледа тие видеа. Или само за лајкови и гледаност?! Тоа е болно многу, кога гледаш и посакуваш да си имал можност да ги спасиш сите, заедно со твоите најмили што се наоѓаат таму. Особено ова најмногу ги боли и ќе ги боли до срж семејствата на починатите.
Случајно го отворив видеото и... душата ми се распара од врисоците, плачам цела вечер. Еднаш убава вест да прочитавме во последниве година ипол, само еднаш! Гнаси ненормални, сите би ги убила
Траорно. Одамна вака се немам вознемирено. Се надевам дека не е психопатски потег на некој малоумник. Не е ок да се шпекулира, таму сум, волку се, онолку се. И 1 е многу...
Стварно не знам како бе да немаш толку свест.Во сета таа болка да земаат да снимат со телефон.Наместо да гледа да помогне било како,да однесе вода,да утеши некој,да сочувствува со сите повредени и загинати они земаат телефоните во рака снимаат и коментираат од страна.Стварно да сум тамо да го видам така богами ќе му скршам и телефон и се.До каде вака...
Страшно, моментално ми пискаат амбулантните изгледа сега накај Државна гиносат. Жално, ама ако добро разбрав неофицијално имало фатено еден сомнителен кои прекинал дотур на кислород однадвор од модуларната болница, односно чепкал во цевките однадвор и кој знае што биднало потоа, ама еве ги последиците. Жално, поарно да грешам, ама ќе излезат официјално со изјави утре.
Баш да видам дали некој ќе си поднесе оставка, некој ќе одговара со затворска казна за тоа што се случи. Баш, баш сакам да видам колку случајот ќе се стави во фиока.
И да одговара и доживотно во затвор да биде нема да ги врати тие што починаа. И живи изгореа. Како им е само на семејствата што ги изгубија најблиските? И не е важно која вера, нација или што биле. Никој не заслужува таква судбина. Бог да ги прости починатите и само тој ќе ги казни тие што се виновни за ова.
Камо да беше така. Но кажаа околу 30 жртви Иако е ова се уште на ниво на шпекулација, можно е целава ситуација да има врска со оваа вест од Април 2021: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...a-otkako-bile-utvrdeni-greshki-vo-izgradbata/ Можеби избрзано непрофесионално поврзување на доводот со кислород?