Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па може си наоѓаат оправдувања пошто се иста сорта.
    Имаме тема Кој е крив, народот или политичари.
    На форумов какви детали имам читано за пациенти, години, што проблем имале во детали опишан, од кој град биле, колку деца имале, значи јас да сум од градот сигурно ќе ми текне кој е човекот.
    И не моеш да му објасниш дека тоа што се распишал во детали е морално, кривично и секако е не во ред.
    Кој ќе се буни на политичар кога ќе го направи тоа, тој истиот што истото го прави.
     
    На LejlaD, Biljarkata и manako1 им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Барем иницијали да објават, дека нели кога има сообраќајки и трагично загинати нели ги објавуваат со иницијали?
    Ова стварно поттикнува сомнеж
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А што ќе смени ако кажат?
     
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Ништо секако нема да смени, ама бар ќе им листа со 14 починати на број како што кажаа
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ако стварно успеале да скријат тела ко што викате, зарем не можат со иницијалите истото да го направат? :?:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Во тој случај би се побуниле, сигурно некој од семејствата би кажале дека починатиот не е заведен
     
    На Angie1432, IRBBB и Mantub им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па мислам и сега преживеаните можат истото да го кажат, ако биле (лупам) 50, а починати/преживеани 26, валда можат да кажат Не, повеќе бевме.
    Неколку исти изјави и тоа е тоа.
    Не дека нешто би ме изненадило во државава, само не разбрав зошто толку се бараат имињата на починати.
     
    Последна измена: 18 септември 2021
    На LejlaD и elimkd им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Како мислиш, дека пациенти на кислородна поддршка станувале и пребројувале колку луѓе лежат во секоја соба/барака? Нема логика, нели?
    Уште вечерта кога избувна пожарот беа сомнителни што дури другиот ден кажаа бројки. Многу е можно да ги кријат жртвите од селата, овие од градот потешко, се знаат меѓу себе, ќе приметат.
    Затоа треба имиња, ако некој фали, дури и во најзабаталеното село ќе се најде некој кој ќе примети, дека неговиот починат соселанец го нема на "листата" кај што требало да го има. И тоа ќе се прочуе во јавноста нормално.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Што кажаа германските експерти?
    Навистина се молчи, ништо не е кажано, некако ствара сомнеж за било што. Упорно молчат како народот да заборави.
    Тетовчани или кои и да се вчера убаво направија.
     
    На Kimberly11, Angie1432 и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Мене не ми се битни имињата и презимињата, зборот ми е дека некогаш поради закон не се прави нешто а некогаш очигледно се крши истиот закон без некој да одговара.
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Не се битни имињата и презимињата. Нејсе и овие жртви имаат семејства кои може да одлучуваат за мртвите но на Венко сега не му одговара нешто.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Да се изгради спомен плоча на местото на болницата со 14-те пациенти со имиња и презимиња,заслужија.

    Дал ќе им текне на шупациве.
     
    На noteforself, Lollipop_123, Kimberly11 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    Еве уште не знам зошто не се објавени имињата на починатите.
    Дали има нешто плус поточно повеќе починати или?
    Еве не знам, за било кој случај биле објавени имињата.
    Искрено чудно е повеќе од што треба да биде.

    Ете од еден човек небитно кој, дознав дека си ги барал мајка му и татко му и овде у Тетово и Скопје и нигде ги немало.
    Дали ги нашол не знам.
    Нешто има во позадина и за тоа сите сме свесни, не сме од вчера.

    Имало вечерта лекари и сестри, они ако не знаат од што настанал пожарот тогаш не знам кој би знаел.
    Се надевам дека нема да се заташка ова и дека вистината ќе излезе.
     
    На noteforself, Angie1432, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно мислите дека ќе се каже вистината? Дали сериозно наивно верувате дека во оваа Монти Пајтон држава нешто функционира?? Тешко на тие што отидоа, тешко на семејствата, тешко и на тие што преживеаа. Кој знае какви притисоци трпат за да не кажуваат.
     
    На noteforself, IRBBB, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Живееш живот, трагично умреш од туѓа грешка и на крај не сакаат барем од почит името да ти го кажат. Јас не знам каква психа имаат овие кои се одговорни и се позади ова. Тие луѓе биле нечија мајка, брат... Како можат да спијат мирно навечер и да мислат како да ги покријат своите тендерчиња, а притоа некој го изгубил своето се.
    И Филипче оти уште дава насоки, нели е со оставка????
    Ова е премногу бедно и понижувачки. :|
     
    На noteforself, IRBBB, Guns N` Roses и 11 други им се допаѓа ова.
  16. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Тоа му иде во прилог, може да го искористи за фалење.
    Постапкиве се бескрајно :puke: .
     
    На mKdevojce и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    126.351
    Пол:
    Женски
    Филипче наместо да инсистира Заев да му ја прифати оставката бесрамно се појавува во јавност и најавува уште поголемо дискриминирање на луѓе.
    Менаџирање требало. |(
    Жити менаџирањето,го уништи здравството. :swear:
    Дно.... :puke:
     
    На noteforself, Abracadaver, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Tinka2304

    Tinka2304 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2021
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Чекај да лапнат уште некое милионче па ќе ја прифати оставката.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сум информирана , нема ништо од имиња или барем иницијали на починатите . Вчера или завчера е пристигнат тимот од Германија , обрачот за забранет пристап околу изгорениот Ковид - Центар е доата голем ..

    Луѓето кои протестираат се од навивачката група на Шкендија ми се чини , и во меѓувреме , уапсен е организаторот на протестите , при чие апсење се повредени полицајци ( веројатно со лесни повреди ) .

    Во Ковид - Центарот не се знае колку жртви точно имало , бидејќи сите документи се изгорени во пожарот , а таму на 7-10 дена се менува персоналот ( мајка ми беше само една недела пред да избие пожарот , затоа и знам дека често се менуваат тимовите ) .

    Починатите ги носеле кај свекрва ми на оддел ( таа била ноќна смена ноќта ) и рече дека било ужасно .. телата биле пеплосани ..
    Донеле остатоци од тела , некои дури од кичмата надолу ( само долни екстремитети ) .. потресена беше од она што го видела ..

    Не е секогаш до власта , опозицијата , коалиционите партнери , институциите . Можеби навистина е тешко да се дојде до реалноста во оваа ситуација .

    Луѓето изгореле како сноп сено ..

    Голема и страшна трагедија . Да не се повтори ..

    И да , се надевам дека се ќе излезе на виделина . Кога - тогаш .
     
    На ALISA0000, noteforself, elenaklasik и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.544
    Допаѓања:
    39.489
    Пол:
    Машки
    Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница.

    Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

    Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

    Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.


    Извор: ТВ21