Слични настани имаше и во Тетово пред главната катастрофа, што не значи дека самите полека си се припремале пред да се запали модуларната таму.
Ироничен бев, сигурно не знаеле дека ќе им се запали модуларната па самите да се саботирале со сечење довод на кислород во Тетово, тоа сакав да кажам.
Најпаметно ќе биде да се префрлат пациентите во стандардните болници и да престанат да се глупираат. Досега веќе требаше да биде направено тоа. Какви и да се инциденти, какви и да се резултатите од истрагата, видовме дека модуларните болници се безбедни помалку од плевна и треба да се демонтираат.
Уште некој прифаќа да лежи во модуларните болници? Страшно глуп народ имаме во парчево земја-обид за држава.
Сакаат да местат за никој да не превземе одговорност, на тоа ми мириса, прочитан буквар се веќе што ќе изведуваат. Вличипче вчера 40 починати а само 539 нови случаи, многу смрдии работава ама око не ти трепнуе, опериран од осет.
Не мора да се демонтираат, нека служат како дневни болници на пример, без кислородни боци. Кај нас е така, модуларната е за инфузии примање и анализи правење на ковид позитивните.
Зашто толку умрени??? Немојте само со тие приказни дека биле невакцинирани. Мора да прават некои грешки во лекувањето. И на почетокот немавме ич вакцини па немавме умрени толку или лажат за да не плашат
Очигледно е дека некаде нешто не е во ред. Неможе константно бројките да се големи, ретко имавме денови кога нема починати или бројката е мала. Во ситуации кога бројките на смртни случаеви во регионот се намалуваа кај нас беа непроменети. Од лично искуство мислам дека грешат во лечењето. Сметам дека докторите препишуваат премногу антибиотици за лесна клиничка слика,со што на тој начин наместо да помогнат повеќе му одмагаат на имунитетот. Некои матични дури и шаблонски даваат антибиотици веднаш штом некој излезе позитивен. Или пак некој има други здравствени проблеми слични на короната, а тие упорно го лечат како заболен од корона. И така доаѓа до влошување на состојбата од погрешни дијагнози. А кога ќе стигнеш до болница таму само господ на помош, бидејќи неможат докторите стигнат да се грижат за сите. Штом ништо не се менува значи дека не е анализирано и не е пронајдено каде е проблемот. Работава делува како автомобил кој се движи кон провалија, а на кој кочниците му се откажани, и тоа сите го знаат, но никој не превзема ништо.
Филипче ќе се тргне од Министерството за здравство, само кога СДСМ и Заев ќе паднат од власт. Се до тогаш ќе си биде министер. Ова со моралните оставки беше договорено сценарио, за да народот се пацифизира. Плус, прв човек му е на Заев во перење пари. Кој е глуп да се тргне од место каде секој ден капат пари и се вртат милиони? Сигурно да не оди да оперира некоја Стојна за 1.500 евра плата?
Бога ми пре би ја оперирала Стојна за 1000 евра него такви крвави пари да вртам и цел живот невини души на душа да ги носам. Ќе ги копка цел живот џабе им се тие пари
Лажат за бројките на новозаболени за да го истуркаат пописот и изборите. Со 40 мртви дневно, реалната бројка на новозаболени е неколку илјади.
Нема грешка. Ете, гледам сите со подувани очи од плачење колку им е жал за невините души (иронија). Си тераат бизниси, кафанчиња, одмори, викенди, јахти, станчиња по Грција и Бугарија. Стап не ги боли за ништо друго освен за своите лични интереси. Во Македонија само чистачка и жена на шалтер сноси морална одговорност.
Кај нас веќе ја празнат модуларната. Ги престија на оделение пациентите. По се изгледа не се толку безбедни и по стандарди како што упорно не убедуваат.
Сега читам ВМРО биле криви за пожарот во Тетово и за инцидентот во Прилеп. Полека ја префрлаат одговорноста кон други. Не ми е јасни што мислат, дека народот нафта пие?
Официјално по медиуми не, но на страниците СДСМовски по социјалните мрежи пишуваат дека не биле тие криви туку другите. Немало зошто Вилипче да си давал оставка ни крив ни должен.