Не знам како може да ви е релевантно нечие мислење на социјални мрежи, и тоа постирано од страна на член на било која партија . Секако освен ако морате да ги читате ради задачки и сл.
А што мислиш дека тоа не се внатрепартиски договори? Се штитат едни со други, после денешниот инцидент ќе видиме што ќе изјават официјално кој е крив.
Нема каде. Мајка ми уште е у модуларна. Не сум спиена веќе 10 дена од пожарот. Таму е секој ден по 12 саати. И викам, ако се запали бегај одма. Вика прво пациентите. Ахххх...
Луѓето во Македонија не ја сфаќаат тежината на ваквите случаи, затоа што не се научени на правда, судство ослободено од политика, морална и физичка одговорност, етика итн. Во здраво општество за овој период Филипче и целиот тим околу него би биле под директна истрага, а ако се испостави дека се виновни директно и индиректно, ќе им следува огромна затворска казна, а не да се појавува на телевизии и да споделува кога ќе има нови бранови, какви мерки ќе преземаат. Оперирани од срам, од етика, од одговорност. Онаа Шеќеринска ја тргнаа од политика, а вчера ја гледам во Пентагон се слика со американски државници. Да можат у шупак ќе се втурнат некому, само за да извлечат некоја корист.
Веднаш во притвор ќе го стават министерот што потпишал заедно со два тројца други одговорни. Доживотна затвор се добива за ова
Ете имаше коментар од женичка дека бројките на починатите се до плафон, и сега официјално од Министерството објавиле дека не е точна бројката починати 40 за еден ден, туку во период од недела две. Велам јас дека внатрепартиски комуницираат и шират дезинформации за да ја тргнат дамката од себе.
Аха, женичката која коментира на партиски постови влијае на бројките и е порелевантна од Министерството. Што има врска бројката и нејзиното објавување со пожарот и која дамка?! Секој може сѐ и сешто да си пишува од сто профили, а никој друг освен ти тука не ги шири тие дезинформации за кои зборуваш. Де прочитај убаво што пишуваш и што е темата, дали има некоја логика во пишуваното.
Де некој нека го најде линкот од човекот што се јави у емисија... Што кажа исто така дека на ден по 10 мртви ваделе само у кожната кај што бил он... Плачев и слушав
https://www.facebook.com/zoran.risteski.754/posts/10223319828216698 Ова ли е? После зошто ли сме шампиони по смртност... без најосновни услови, без вода, хигиена нула. И здрав човек во вакви услови ќе се разболи.
Луѓе, ова е Страааашно ...не можам да го дослушам, запрев кај моментот дека два пати во рок од 5 минути му даваат инсулин 2 различни сестри. Е затоа после смртност во болница 40%, еден ќе се спаси некако, еден не. Ау, ќе почнам да чадам
Ме стегна желудникот од видеово. Ама ова е реалност. Е после зошто имало Тетово надворешни лица,па за да им дадат вода на своите. И мала и нереална е оваа смртност што ја прикажуваат. Геноцид прав...
Потпишувам со две раце дека е тоа така. Сум била и сум работела на клиника и сегде сум прошетала, нема никакви услови. Ужасно смрди и прегадно е. Сите да се здрави и живи и никој да не стапне таму
Народ што е несовесен, несовесен е. Ама...ај да бидеме реални дека да имавме современи реновирани болници со сите услови, сигурно стотици пациенти од починатите можеа да бидат спасени. И не е до дека е пандемија. И без пандемија луѓе лежат на исти валкани чаршафи со денови, и без пандемија нема кај да се измочаш или нема сестра и доктор со саати или од дома носиш ствари.
Верувам дека е вака. За греота луѓето што зависат од тој персонал. Затоа имам пишано да не се судат тие што помагале на своите домашни. За вода ќе те умрат. Нема човечки услови во оваа дупка држава. Јас не знам што треба да се случи за да се оправи состојбава. Сирот човек, одиш да се лечиш, те ставаат на тест за издржливост. Господ нека им помага на сите што ќе стапнат таму, со оваа неорганизираност само тој може
Па да треба да им каже некој дека не е никој толку глуп да верува во се што ќе пишат. И не е толку случајно одеднаш да се освестат и да ги исправат бројките, демек грешка било. Не ширам јас никакви дезинформации, се водам по факти, а тоа што не ти се допаѓа вистината не е моја работа. И да знам за што пишувам и каде.
Ти тврдиш дека некоја женичка што искоментирала на пост е вистина и факт. Тешко ми е да ти верувам на твојата способност да расудуваш рационално. Секако не верувам на никој, ако ме разбираш а и на темава се собраа 100тици партиски лобирачи и за двете страни кои пробуваат да направат уште поголема конфузија , така даа.. 
Не сум на страна на ниедна партија туку на страна на вистината, а далеку се вистинските бројки од овие што се објавуваат.
Неможам да си поверувам што се се дешава иако верувам дека е вистина. Жално но вистинито Само уште колку вакви изјави ке излезат во јавност, допрва ќе слушаме. И после се Филипче и Заев сеуште не дават оставка???