Нас пандемијава само не доуништи, а дека у к*рац бевме отидени од многу одамна со здравствово и корупираноста у истото, не знам на кој не му беше јасно. Пред Х години имав ситуација у фамилија кога под итно требаше да се прави операција на срце на мој близок. Цената беше 1000еу за да се направи операцијата истиот ден, иначе здравје. Ако се ослободи термин некогаш. И тоа докторите ноншалантно го соопштија на човек кој знае дека ако не ги даде париве, ќе умре. И што? Се ѕвонеше по роднини, се молеше за пари, на стресот додатен стрес. Као да не беше доволно. Верувам дека секој еден од нас на форумов познава некој шо имал ваква случка. Или можеби самиот осетил. Никој не сум мразела како моменталнава власт. Не знам дали остана уште нешто што може да го доуништат, апсолутно. Не сум партиски определена, ама знам сигурно за кој нема да гласам. Ова што се случува кај нас е пробушување на дното, премногу ми е жал, ја сакам земјава и ми се лоши што сведочам на овој масакр. Оставката до каде е?
За условите, дека навистина хигиената е на ниско ниво. Не сум била на клиника во ковид ситуацијава, пред 2г завршив средно ама навистина треба добро реновирање и вложување финансии во клиниките.
Е добро, хигиената е работа за гадење ама погрешни терапии се работи кои коштаат живот. Мое мислење, вака лаички. Не сум насилна особа, ама за ова кажувам- треба ќотек.
Дали ми го читаш воопшто постот или сега и колегијално ќе се браните? Човек ќе ве прозива на глупостите и одма како чопор ќе се пуштате, дали освен паники и мизерии знаете да ширите друго?
А што има нешто позитивно да се каже за целава ситуација. Дали сте нормалниии?? Што ви даваат од партија да земеме и ние па да прогледаме со ваши очи. Ниту сум за партија ниту некогаш ќе бидам, крвнички ги мразам од дното на душата, а и сите партиски платеничиња што од носот подалеку не гледаат.
А како заклучи дека јас сум од партија и како го тврдиш тоа?! Одговори ми само дали ги прочита моите постови и баш цитирај каде тоа јас бранам партија? Паниките се од преписката со друга членка која проба да протне "факти" од рандом коментари. Знаеш да читаш барем?
Којзнае што се спремат за да објават, и која чистачка да ја наместат. Никогаш немам излезено на гласање, но сега некако се повеке и повеке сакам да излезам да гласам после се ова што се дешава.
Не ти знаеш да читаш. Го изврте мислењето на членката само да кажеш дека партиски се коментира на темава, убаво те сфатив јас не се секирај.
Многу тажно, по коментарите, немам намера да отворам линк ама….. За греота. За жал и дедоми така почина. Траорно. Многу голема смртност, преголема, држави со над 60 милиони имаат починати на дневно ниво ко во македонија, македонија милион ипол дали има… за греота и нечовечки ако вака умираат луѓето, и после не оделе во болница па се плашат, се плашат да се гушат во сите неуслови и нечовечки услови, другиве наместо да се сликаат треба да поработат на нешто. Сма и тоа не дочекавме да видиме. Многу жално. Страшно при сама помисла дека имаме услови ко во замбија.
Па ете имаш доказ дека не е рандом коментарот, официјалната изјава од Министерството малку ли ти е? Муабетот ми беше дека на бројката заболени бројката починати е многу голема, и сега се вадат со тоа дека таа бројка не била точна, а не ги објавуваат починатите неделно туку дневно. Ако вчера не била таа бројка, која била завчера и деновите пред тоа? Зошто секој ден бројката е висока. Велам јас не кажуваат релевантни информации и со бројот на починати го заплашуваат народот за да се вакцинираат масовно, а од друга страна уште повеќе паѓаат во очите на народот.
Па кога те прашав од кај ти е таква информација ти посочи кон коментар на женичка. Околу бројките на Министерството, верувам дека колку толку бројките се точни, не затоа што доаѓа од кредибилна институција па баш нив треба да им веруваме, туку затоа што Македонија е мала, нема шанси да манипулираат со бројки посебно не во помали градови. Досега сите што ги пријавиле, тие се тие,ако умираат повеќе а не ги пријавиле веднаш ќе се примети, ќе може кон вистински луѓе да се посочи. Истиов муабет ама баш истиот беше лани, исто така панично се ширеше со една разлика, дека бројките се измислени и дека пишуваат повеќе мртви намерно за да земале пари од сзо, да не плашат со корона, де не знам што, не можам веќе сите теории на заговори да ги памтам, крај се немало на лудоста. Крај на короната е само со вакцинирање, друг лек нема засега. Ако и после ова не се вакцинира народот, што да се прави, тоа е, нормално ќе умираат многу, додај на тоа уништен здравствен систем, недоверба во истиот, општа лоша здравствена состојба кај луѓето, загадувањето како фактор, и еве ти катастрофа. Тука теориите на заговор и кревање паника на сред криза не помагаат, напротив уште повеќе непоправлива штета прават.
Ужас... Лошо беше сите пати кога сум лежела во државна болница, ама ова што го зборува човекот е надвор од умот. Катастрофа сме невидена... Господ нека ни е на помош на сите. Уште тој остана да се надеваме... друго нема...
Што те чуди, во бт нели човек му ставија средство за чистење во инфузија, слични биле шишињата, повторно фамозната хигиеничарка, така си ги чувала. Отиденекој во затвор? Не.
Се одговорни, ама како ќе превоспиташ работници кои цел живот се научени да земаат кафиња, пијалоци, паричиња за да се грижат за пациентите? Инспекција ќе им пратиш и инспекторите работат со кафиња, пијалоци и паричиња. Во полиција исто. Во ЈО исто. Во суд исто. Како ќе градиш држава сам? Да ги казнат сите што не си ја работат работата на државно, од 120.000, 100.000 в затвор треба да ги акниш.
Со тренинг. Не може да немаш протокол за работа и да не се знае кому е дадена кому не, терапија. Не може да има измет во ВЦ, оти имаш вработено чистачка. Која црна инспекција, јас да сум директор дневна контрола ќе праам дури не се научат. За банални работи збориме, ви текнува. Не за брејкинг-тру методи, терапии или незнам што, за основни работи. Ама затоа животен слоган им било ,,слушај го Венко,, јер слушањето авторитет ослободува од одговорност, нели.
Ама ти да си директорот. Директорите не им е гајле за институцијата во која работат. На ни еден до сега не му било. И тие работат со паричиња под рака. Значи рачунај сите. По цела хиерархија. Почнува од хаусмајсторот и завршува кај премиерот. Шо поќе?