Не разбирам-сакаш да кажеш земаат пари под рака, за да биде вецето гнаса и терапиите грешни? Ко велеше @Cka намерно ги умираат луѓето, мислев претерува и шири паника. Сега богами мислам дека е во право.
Не само што намерно ги убиваат туку и на семејствата на луѓе кои умреле од сосем трето им нудат паричен надоместок за да ги пишат како починати од корона. Од искуство ви кажувам
Ќути, еј, тоа беше врв. Плус како е можно, како е можно средство за хигиена на иста полица со шише за инфузија, кое впрочем е затворено и стерилизирано, како уопште ставиле систем со дизентал или не знам што беше, а дека и деца во градинки се напиле дизентал а болните којзнае што примаат, за жал имав инфо од прва рака за разно разни грешки кои се КРИЈАТ. Барем овде знам дека не работат во болница скроз оперирани од етика створови , никакви без грам совест. И јас лично сум доживеала да ми сокријат битно инфо по операција, кое наравно оти имав среќа ( речи пари) да одам во Хрватска , се откри. Генерално во мк за било што, само под мои услови. Едино на фризер одам непроверен, јер фарба и нокти, ќе паднат и да се лоши. Тешко на тие што немаат каде. Бар детето си го извадив од таа гадотија таму.
Да,отиде,ама болничарот отиде во затвор...друг никој одговорност не сноси...ќе си поќутам зошто така испадна
Секако тој што ставил дизентал или што и да е во вена, а пациент почина, мислам нема дискусија. А за немање протоколи , мора и нагоре да одговараат. Секој да се праша дали негов татко дедо кога би бил , би простил или би барале казна, иако тоа не го враќа човекот. Во уса болницата милионска отштета преку осигурувањето ке си платеше, настрана што затвори и отпуштања ќе имаше.
Јасно,еден само не можи да биди крив,каде се останатите над него,болничар не би требало инфузија да уклучува.Но како и обично години и години уназад...за жал...
И не само во Уса, дури и во една Словенија, замисли. Немам надеж дека ќе се оправи @WildMk , од пред 20 години јас тој систем не го разбирам, само кажувам дека се страшно нормализирани работи кои не се нормални. А не е ни некоја научна фантастика да се доведат во ред, само добра воља треба. И сега, можеби ќе излезам од темата, ама малку е се аздисано, од погрешни претпоставки. Мислите којзнае колку се платени болничари и медицински сестри во ЕУ за да си ја работат работата? Во рамки на позицијата, под и околу просекот, а просекот е сегде така, просечен за стандардот. И пак си ја работат работата и тоа професионално и ефикасно, нема овде тај предмет, ,,не можеше да ми ја најде вената,,. И да, за жал имам фамилија во МК, и не може да ми биде сеедно. Не ми беше сеедно ни кога гореа шумите, од нерационални причини, за судбините на живи луѓе и те како не ми е сеедно.
Го видов сношти видеото.... Не ме ни чуди искрено, кој бил низ болниците знае.. Редно време беше да дојди јавно, само дали ќе се превземи нешто, не верувам. Не е ова од сега настанато, уназад години е. Во болниците кај нас попрво од инфекција и од негрижа ќе умриш. Затоа не ме ми чуди високата смртност. Не можам да бидам оптимист дека би се сменило нешто на подобро. Во толку големо дно сме во секоја сфера шо мислам нема упоравување.
Ах, па добро, ај да ја затвориме темава. Вилипче е незаменлив и секако одлично си ја работи работата. Може па ние имаме погрешна претстава за тоа што е негова работа https://360stepeni.mk/zaev-ne-mozhe-ednostavno-da-razreshuvate-ministri-mora-da-znaete-i-shto-potoa/ За одговорноста...па ,чуварот е сигурно крив, како не ми текна Спојлер: спојлер https://alsat.mk/mk/zaev-site-znaat-shto-e-voocheno-no-da-ne-izbrzame/ И овие приказни уште имаат проџа? Многу брзо, само у вашем граду, ќе има уште еден бегалец бивш премиер и бегалец бивш министер за здравство, така ми изгледа. Пардон, дијаспорци. Спојлер: интересно https://mk.wikipedia.org/wiki/Министер_за_здравство_на_Македонија само 4ца се со слика, ваљда посебно се битни
Според моите информации чистачот бил избркан од работа, а болничарот сеуште работи. И не е само еднаш направена ваква грешка, туку повеќепати. Од колешка што беше на пракса во таа болница, ми кажуваше дека хорор е мал збор. - Сестра неправилно го повила бебето најверојатно премногу цврсто па се угушило, - Невнимателна сестра и се лизнало од раце бебето и починало. А како причина за смрт на родителите им е кажано дека бебето е родено мртво. Со кој памет - Бебе вакцинирано со веќеупотребена вакцина, ми беше колешка на фах, имала среќа што родителите имале средства да ја однесат надвор за да и пресадат парче месо од друг дел на телото. Добила сепса била пред смрт. Дури и кога докторот со години го води пациентот, може да даде погрешна доза/лекови или пак двојна/тројна доза. Пред неколку години да не изреагиравме, мој близок ќе примеше 3 пати доза од ист лек, неговиот организам едвај поднесува една доза, а камо ли 3 дози. Докторот го одстрани од пациент, и уште подобро, има каде каде подобри доктори од него, макар и да патувал во друг град. За тие што споредувате со здравствениот систем во САД, свесни ли сте што споредувате? Исто како да споредувате диносаурус со спејс шатл. И зборувам бидејќи живеев таму и работев за болница во САД. Дечко со болест која ја имале само 3 лица во светот за неколку часа беше дијагностициран, доктор од Дубаи беше донесен со private jet за 8 часа и операцијата беше извршена. Значи пациентот беше дијагностициран и опериран за 12 часа. Бидејќи обврзана сум да не кажувам точни цени, од ракав, цената беше околу 15 000 УСД, но пациентот плати помалку од 2 000 УСД за лежењето во болница, останатото го покри осигурувањето. За ваков случај цената е прениска, бидејќи само private jet e 50 000 УСД, да не ги пресемтувам сега другите трошоци. Знам дека за Македонски стандард ова се астрономски цени, но за стандардот таму не се. Ако јас на мои години сама во странска држава можев да си дозволам да плаќам, не само што верувам, туку знам дека секој може да си дозволи. И сите што ги познавав и познавам плаќаат и тоа солидни здравствени планови. За болниците и нивната опрема е излишно да зборувам, додека тука нема тоалетна хартија и соодветни тоалети. Мислам дека можам да си дозволам да кажам дека ако во САД имаше ваква случка, докторите ќе сонуваа да видат болница, а ќе беа пресудени доживотни казни, ако не и смртна. Искрено кога го пишував предходниот пост, 1000 пати го препроверив во случај да не навредам некого од медицинската фела, си реков можеби само јас имам "мрачно" мислење, но реалноста е далеку погадна. Во однос на видеото од дедото на 24 вести, нема сила да го ислушам. Не само бог, сите светци и божества на светов не ни помагаат ако не се оправиме што поскоро.
Уште само ова https://www.dw.com/mk/филипче-без-м...-се-случеше-италијанското-сценарио/a-59214258 Не бе друже, го замина мк италијанското сценарио, сега другите нека се плашат македонско сценарио да не им се случи. Не џабе рекле-молчењето е злато, ама кај може да замолчат. За фемина, од штабот на вон дер Лејен- Биља.
Не е возможно тоа. Не постои друга земја што може да е толку мизерна, да ги чека македонско сценарио.
Ќе биде спејс шатл, најнормално кога се инвестира во секторот од А до Ш. Овде што е останато од Југославија тоа е, ако е ново само разгледај по ѕидовите и ќе ја видиш благодарницата и од кој е донацијата. Општо јавното здравство е намерно запоставено за да може приватното да цвета. Пред пандемијата Венко затвори оддел - детска хирургија во државна само за да му го препушти кадарот, врвни специјалисти на Жан Митрев и тој да води иста клиника, а тоа го крстија "јавно-приватно партнерство". Демек подобро звучи, секако ќе плаќаме ние за истото, само да не се инвестира во јавното, ама затоа за стопати поскапо терористот ќе не лечи. Не за џабе не му фалеше влакно низ цела пандемија кога луѓе целиот имот му го препишуваа за да ги пушти низ врата во Филип 2. Друго околу кадарот, никаде во свет нема да најдете медицински сестри со двомесечен курс или доктори од докторска фамилија, демек наследно е тоа.
За Заев е банално да се бара одговорност и оставки заради трагедијата во Тетово. Шта речи а не заплакати. Добро бе во оваа Недојдија има некој нормален да го крени народов на протести и да побара одговорност од овие или вечно така ќе си седиме и само зад тастатура ќе ја бараме правдата и ќе дозволиме да не газат до уништување.
Зарем ваква изјава треба да даде еден премиер на држава каде луѓе живи изгореа??? Мајко мила и после сочувствувале со семејствата на жртвите, не бе не ....