А бидејќи од прв ден се знаеше што го предизвика пожарот,глумеа лудило со оставки, а се знаеше декс Зајко нема да им ги прифати. Филипче од ценет доктор се претвори во мизерија. @JoyJoy Како тоа ние да ги научиме па не се деца овие. Како да го научиме Филипче да поднесе неотповиклива оставка? Кога има образ ѓон?
Крајно е време да побараме некој да не земе под свое,како протекторат како колонија бе... Не сме заслужиле ни држава ни ништо. Штета за сите што останавме овде заглавени..
Добро, што мислат? Нафта пиеме ние? Од вчера се. И ВМРО беа тешка беда, ама на овие дефинитивно им нема рамен. Ми се повраќа
Блазеси ви на сите што имате надеж дека избори ќе сменат нешто во државава, безразлика кој ќе победи. Чувство на безнадежност е поразувачко, затоа велам блазеси ви ако стварно имате надеж.
Искрено не знам што мислат , но истово го имаше изјавено и девојка што била во моментот присутна кај мајка си , која пак лежела во модуларната болница во Тетово . Цитирам : " Слушнавме дека штекерот на кој бил вклучен дефибрилатор почнал да искри , и од таму избил пожарот , но јас и мајка ми не видовме ништо " . Мајката на девојчето лежела во модуларната болница , но штекерот бил во друга " просторија " ако може така да се нарече ( нели во модуларните нема ѕидови , туку завеси кои имаат улога на ѕид ) .. Сепак , мое мислење е дека модуларните не се воопшто безбедни ниту за вработените ниту за пациентите , и треба да се отстранат , а да се најде друго , побезбедно решение .
Не требаше луѓе со средна и тешка состојба на кислород да лежат во модуларна болница. Само амбулантни прегледи. За тоа е одговорен министерот.
Апсолутно не би се сложила со твоите констатации кои се пред се извадени од ракав и не се потврдени од лица кои се од таа област кои би го потврдиле истото. Дури и да е така Венко не може да ти изгради болници за 3 дена и да го опорави 100% здравството кое 12 години беше уништувано од режимот.
Цигла по цигла да редеа до сега за година дена ќе ги изградеа. Ама не кај нас мора се да биде импровизација. Има "ѕидови" / прегради меѓу просториите (пластика) во кои некаде има по десетина кревети, кои не се преградени меѓусебе со завеси така што буквално другите гледаат кога некој испушта душа. Секоја чест на они што излегуваат од таму со силна психа.
@Cosmi може да научат со протестуи, граѓанска непослушност, милион постови по соц мрежи за одговорност. Инаку министерот како министер нема кривична одговорност има само морална. Толку. Кривично да одговараат треба оние кои биле одговорни за безбедбоста: директорот на болницата, општината, сите проектанти, инжињери кои учествувале во градење, инжињери од надзор и слично, можеби и некој од Светска Банка тука заради тендерски барања. Посложен е проблемот од колнење на Венко и користење погрдни имиња и врескање која партија има помали ѓубриња. Сите треба да се смениме.
Чекај малку, како така кабелот е крив? Па луѓево велат нема шанси од кабел, по стандарди било градено. https://mms.mk/244851/ова-е-чиста-саботажа-на-болницата-в/ Без јавна набавка, заради момент на итност, потписник министер + добитници на набавката. Барање на набавката, спецификации потпишани од истите. Никој никаква одговорност нема, кабелот е крив. Yea right http://zdravstvo.gov.mk/javni-nabavki/
Кој не може да се снајде погоре Спојлер: некои детали Мојата do your own 5 minutes reasearch, има само две точки: 1. 2. Ова не смеат да бидат сместувачки капацитети!
Само неколку дена после пожарот во Романија, каде загинаа повеќе од 15 пациенти, падна владата на Романија и оставка на двајца министри. Отворена истрага и покренати кривични пријави. https://vecer.mk/svet/padna-vladata-vo-romanija/ Грев ми е да гледам каква сиротиња се собира по митинзиве сега. Распарталени, со облека стара 10 години, брчки на 45 годишни лица, а овие им доаѓаат на митинзи со 250 илјади евра скапи мерцедеси и од уста не ја вадат фразата дека граѓаните им се приоритет. Беда, буквално беда...
Демек не очекувавме ваков крај. Да имаше намера за вистинска оставка Филипче одамна ќе се тргнеше од функцијата.
Мислев , нема реални ѕидови , барем од гипс-картон нели .. на оние завесите ( пластиката ) и јас мислев погоре ..
Објавена листата на починатите https://zase.mk/articles/400696/obj...JWvtsgU4INiHbXexH-q_b0ysU1KiM8alGcAYqW5g7iQb0
А згради како кинески ѕидови може за месец дена. Ако не може Венко да го оправа здравството, тогаш пат под нозе, нека везе гоблени. Пошто да го оправа здравството му е должност. Све нешто они не можат, свилени.
Ги споменува ли некој веќе луѓето што гореа живи во модуларната болница во Тетово? Или секое чудо за 3 дена? Ах бе луѓе, мене душава уште ми се вознемирува иако никого не познавав од тие луѓе. Душава ми плаче кога ќе се сетам на девојчето што го најдоа во прегратка на мајка си , заедно изгорени.Ама добро, нас ни се поважни изборите. БЉАК