Факторот кај нас се утврдува така што ќе наебе некој молер како по обичај, а не фирма изведувач и тој што им дал тендер да градат.
Не можам да заспијам, ми ечат во главата пискотниците од луѓето... Кај го видов клипот кај се запустив... Хорор, не можам да се смирам.
Ccc, strashno. Ushte shto losho nema da se desi vo tolku mala "drzhava". Neka pochivaat vo mir zaginatite. Site koi se na maka polesno zakrepnuvanje im posakuvam.
Каква држава имаме бе ние , баксуз , малери , пожари , трагеди , врв на морталитет на европа .! што се случува со нас , вака како што се одвиваат работите сите млади ке бегаат.! длабоко разочаран .!
На интернет се шири веста од април дека имало грешки при изградбата. https://kanal5.com.mk/utvrdeni-greshki-pri-izgradbata-na-modularnata-kovid-bolnica-vo-tetovo/a470409 Ама колку и да реагираш во државава џабе е. На крај рајата го крка. Сочувство.
Страшноо!! Неможам да поверувам во каква држава живееме. Кој ке одговара за нерегуларност??? Греота лугето се бореле за живот за така живи да изгорат? Филипче ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА!!! Сочуство до семејствата на загинатите!
Ова мислам е најхорор слика од целава вечер... Спојлер Не знам, јас не гледам зошто би обвинила некои политичари, зошто би го обвинила Филипче, се случуваат вакви работи и не мора да бараме виновник...
Експлозија го предизвикала пожарот во ковид – центарот во Тетово во кој загинаа најмалку десет лица. Премиерот, Зоран Заев, на „Фејсбук“ напиша дека борбата за живот трае сѐ уште. „Огромна трагедија се случи во тетовскиот Ковид-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените“, напиша Заев. Тој додава дека причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. „Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово“, напиша Заев. ©Makfax.com.mk
Јас за настанов дознав од АЛФА. Настанот го пренесуваа и коментираа ви емисијата Заспиј ако можеш, потоа гледав на Телма. Не ми се веруваше просто, се шокирав.
Се надевам дека сега ќе ги проверат и другите модуларни дали имаат грешки. Сите се исти и купени од исто место од ист производител. За да не се случи и во друга вака. Мајка ми е во модуларна...
Како што разбрав ,немало боци за кислород,туку централен довод.Од пластика намерно се правеле таков тип на модуларни болници ,поради потенцијална зараза за побрзо уништување . Во секој случај ,преголема трагедија.
Уште не можам да се соземам. Луѓе живи изгореа можеби и персонал од болницата. А помисливте колку од тој персонал што го видел пред свои очи тоа ќе може да работи сега? Колку од нив ќе имаат трауми за цел живот и ќе бидат на психијатри и терапии. Жал ми е и за нив. Секојдневно пред очи им починуваа пациенти од короната а сега и ова. Премногу е.
Иронијата е во тоа што ставиле наслов ШТО Е ПОЗНАТО ДО СЕГА а на крај се тие две точки кои не се ништо друго освен теории на заговор и шпекулации.
На твитер се шпекулира дека во модуларната имало и блиски лица на тие шо биле хоспитализирани, им помагале во негата. Ова чудно ми звучи, но искрено сѐ е можно.
Како можеше ова да се случи.. Многу ми е грдо, сликата пред очи мене ми е грда и тешка, а камо ли на тие таму.. Оф колку тежини имаме на душа, како да се преброди ова Како ќе продолжат семејствата со животот? Слушнав на Сител, девојче била во посета на таткото, кога го видела тоа, го извлекла од таму. Како не можеа сите да ги извлечат оф каква болка