Бесими еден од обвинетите директори (брат на минстерот Бесими)ќе се жали на пресудата. Во ниту еден документ немало дека ја примил,потпишал или правел надзор на модуларната. Треба да се отвори нова постапка и да одговараат оние кои треба.
А нели дојдоа тогаш некои германски експерти да истражуваат за несреќата? Или и нив ги подмитија? Според мене најкривци се тие што модуларнава ја наменија да се користи како општа болница за тешки случаи. Модуларни болници што де поставуваат при пандемија се намерно лесно запаливи за да се уништат брзо после тоа зашто се контаминирани. И баш од таа причина треба да се користат за лесни случаи и прегледи. Тоа со кабелот што се шпекулираше...не сум сигурна ама мислам дека дефибрилатор користи голема волтажа и НЕ треба на обичен кабел и штекер да се приклучува. А ако напонски оптовариш продолжен кабел, може да се запали. Ама аген, грешката е што некој таму дозволил итни и животозагрозувачки случаи да лежат кај што мораш да користиш кислород и дефибрилатор без посебен приклучок во лесно запалив објект. Али за ништо до денес не видовме правда, нема ни за ова.
За многу брзо почнува новиот истражувачки документарец на ИРЛ, за изгорената модуларна болница во Тетово:
Страшно, претажно. 14 човечки животи за миг ги снема, како воопшто да не постоеле. Се знаеше дека се ќе заташкат, сега утре ќе излезат и ќе почнат со изјави, како тие не се виновни туку новинарите си измислуваат. Се надевам дека кармата ќе ги стигни сите до еден, а особено Кочо...
Тешко дека во овој живот ќе одговараат. Доволно е да се гледа на каде одат работите и зошто е се заташкано. Наместо одговарање, "награда" за побогати договори. БРАКО, за војниците и базите на НАТО, ќе понуди контејнерски системи за кампови и полски болници, медицинска опрема, возила за чистење на воените бази, приколки за транспорт и различни видови на безбедносна жица. Тешко само за фамилиите на жртвите што нема да видат бар правда. Во каква држава се претворивме.
Па се докажале дека се договорливи де. Ќе одговараат таму кајшто треба, има и друга правда, секому според заслугите кајшто судат.
@Ahoy се фино ова и убаво е да има вакви истражувачки документарци поткрепени со факти и докази за конечно да им се отворат очите на некои кои уште се во зимски сон. Ама за жал и ова ќе заврши исто како и она другото со Жан Митрев, "Нечиста крв" и пак ќе се заташка, а и заборави. Не викам дека не придонесе и ги охрабри луѓето да се активираат и да не молчат пред неправдата ама сепак правдата уште не стигна и никој не одговараше како пообичај. Нема правда тука, џабе е све, тешко на тие што си ги изгубија животите, а уште потешко на фамилиите, они само си знаат низ каков пекол поминуваат секојдневно. Јас лично чарето го глеам само ако ние како народ, сами ја земеме правдата во наши раце и да се одмаздиме како знаеме, можеме и умееме, без трошка жал ни совест. Звучи диво и нецивилизирано ама зарем покољов што го праат е цивилизиран? Како играат они и народот мора исто да игра и да ги следи. И секако не ја, ти и било кој како поединци, така сме апсолутно немоќни за ништо, него да се вклучиме масовно сите и да им го дотераме умот за све што направија до денес. Баш би сакала да бевме сложни и сите да се покажевме на дело... Не само за ова убиство, туку за се да им наплатиме. А кармата да, сигурно ќе ги стигне, дали на овој или на оној начин но ако ние бевме посложни и делувавме одма после некоја ваква трагедија, нема ни да се осмелат друг пат на вакво нешто, зашто ќе си ја научеа лекцијата и со каков народ си имаат работа, дека не треба да си играат со нас како сакаат. Што е бе ова, неколку души се собрале и ќе се изживуваат врз цел народ и ќе го тероризираат, а ние ќе си ќутиме и прифаќаме све. Зашто не зимаме пример од другиве држави и толку сме пасивни и се плашиме да реагираме и сами да се браниме и поддржуваме? Еј, за живот се работи, а мува не не лази и пак си продолжуваме најнормално ко ништо да не е. Се дур сме вакви да не се чудиме што сме до овој степен дојдени и секако полошо ќе биде допрва. И памет секако не ни иде и не ни иде. Не знам дали има негде ваков народ ко нас, мислам дека единствени сме.