Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгоре модуларната болница во Тетово

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 8 септември 2021.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.010
    Да, имаше и репортажа за тоа дека во Тетово семејствата одат да помогнат оти нема персонал
     
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Нема тука чудно, луѓето нон стоп зборуваат за тоа, никој не слуша, всушност се прави да не слуша.
    Со хоспирализирани оддамна седи некој од нивните блиски, да ги гледа, оти персоналот тоа не го прави. Сите ќе потврдат истото.
    Лично знам од пријателите, жената седела со свекрвата, замисли здрава жена, на инфективно.
    Персоналот само донесе и остави терапија ако има.

    Жално, многу жално. Многу неправда, болка и тага.
     
    На marchi-cool, PaLaVa, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    6.736
    Пол:
    Женски
    И мене не ми беше вистинито некако
    Сега прочитав 35-30 места имало, а биле 24 пациенти
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Не е чудно да имало,пред десеттина дена,имаше прилог од ковид одделението во Тетово,во кое се кажуваше дека има членови на семејствата(имаше и снимка како се држат за раце),облечени целосно во скафандери .
     
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    11.211
    Пол:
    Женски
    Како можеше ова да се случи..
    Многу ми е грдо, сликата пред очи мене ми е грда и тешка, а камо ли на тие таму..
    Оф колку тежини имаме на душа, како да се преброди ова
    Како ќе продолжат семејствата со животот?
    Слушнав на Сител, девојче била во посета на таткото, кога го видела тоа, го извлекла од таму. Како не можеа сите да ги извлечат оф каква болка
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    WTF?!?!?
    Ова ако испадне вистина, тогаш е терористички напад.

    Сочувство до фамилиите.
    Ужасно ми е жал што ова се случи
    Страв ми е да ви ја замислам болката....

    Нека почиваат во мир кутрите.
     
    На Ivan4e04, Mr. Scratch, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.844
    Пол:
    Женски
    Прво цевките со кислород, сега пожар. Сигурно е подметнат, нема шанси да е случајно, и тоа баш на празници. Аман бе зар до толку психопати има? ;( Жално за загинатите и фамилиите нивни.
     
    На Bezimenka90 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Не знам која е вистината но виновникот треба најстрого да одговара!! Трагедија се случи. Тие луѓе не се само бројка, имаат семејства.

    Сочувство до семејствата.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Вилипче треба морална оставка да даде он требаше од дамна да даде оставка, ама лице ѓон послатка му е фотељата.

    Греота за луѓето што погинаа.
     
    На Idedemja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.544
    Допаѓања:
    39.489
    Пол:
    Машки
    Јавното обвинителство се огласи со соопштение утрово дека бројката на загинати во пожарот во модуларната болница е 14 лица, и дека се испитува дали има уште починати лица.

    „Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.

    До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

    Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан.“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
     
    На Idedemja, Waverly Raven и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Господе, Боже :worried:
    ... непрепознатливи се...

    мислам дека нема полоша смрт од оваа...
     
    На Ivan4e04, Idedemja, Mr. Scratch и 10 други им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Нема медицински персонал? Па кај биле пациентиве кој ги лечел сами? Никој не приметил ли и не се обиделе да помогнат?
     
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    12.762
    Пол:
    Машки
    Од Сител кажаа дека цигара фрлена во близина на неодамна пресечената цевка била потенцијална причина…. :?:
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе шооо!!
    Чистачката е крива оти докторите му шибнаја доместос на пациентот!!!
     
    На Осе, Biljarkata, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.521
    Допаѓања:
    251.517
    Сител колку невистини кажаа, што 30 починати, во вакви моменти, трагедија, да пумпаш вести и собираш поени е дно.
    Инсталацијата не е причина за пожарот, изгледа е човечки фактор. Да почекаме да заврши исграгата и потоа да обвинуваме и да тражеме одговорност.
    Има време. Во моментов има 14 починати, изгорени луѓе. Малку емпатија. Ова е трагедија, хорор.
     
    Последна измена: 9 септември 2021
    На marchi-cool, PaLaVa, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.866
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    овде секогаш ќе го јаде некој што му е слаба кожата, ко тој со кебапите
     
    На Idedemja, Need for Speed, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Пуштаат по 1 близок на пациентите кој е позитивен(без симптоми или лесни) или има прележано да помага во нега на болниот бидејќи нема персонал
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Порано болниците беа место за спас, сега да ти е страв таму да одиш, не знаеш дали ќе се вратиш жив. Многу тажно и жално, луѓе отишле да се лечат, други да помагаат и онака да завршат. Сочувство до семејствата на починатите, побрзо оздравување на повредените. После ваква катастрофа, трагедија потребна е одговорност, а не да се зборува дека ќе се бара вината, ќе се работи на случајот...
     
    На Maria.Fernanda, marchi-cool, PaLaVa и 15 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Како се втурнаа сите со шпекулации, да ти се стемни

    ...а чудно ќе е?
    Првапат нешто се пали само од себе ?:?:
    Нека се утврди прво.Ете има осомничен од Желино.

    Ќути, зашто веднаш ќе те наречат партиски бот:D
     
    На g8lQQk, JuLleE и WildMk им се допаѓа ова.