Ако не ја истераат истрагата ко шо треба, толку ќе биди од Македонија. * Абе, се сеќавате дека пред некој ден, САД (мислам САД беше)не прогласија за ризично место за патување, поради голем број на заразени од ковид и поради 'можност од терористички напади' ?
Нема место за политика овде, иако некој од вчера се обидува да поентира. Загинаа луѓе, трагедија се случи. Ама овде сме, кај што сме, е баш поради таа политика и партиски интерси. Но тоа е друга тема и во моментов не е време и место да се коментира тоа.
Колку само нема да верувам на ниту еден збор што ќе се каже. После се што се имаме изнаслушано и изнагледано, после толку заташкувња на ситуации, после тоа што сме први на сите листи за мито и корупција, после тоа што никој за ништо не одговара во државава, ене затвореници сообраќајки прават и слично, јас апсолутно немам никаква доверба во зборовите на луѓето кои се 'одговорни' во политика.
Баш е време за политика! Во смисла: Да видиме колку се функционални институциите и дали и колку професионално ќе ја спроведат истрагата. Тест е ова на системот. ... односно, треба да биде
Директорот на тетовска болница алармирал дека има недостатоци при изградба, а тендерот за изградба го распишува Министерството за здравство, а знаеме чии фирми ги добиваат тендерите. Не, ова не е за осуда, туку за јавен линч на плоштад. https://republika.mk/vesti/makedoni...ri-pushtanjeto-alarmirashe-deka-ima-problemi/ Сега се мислам кои глупости ќе измислат, само за да си го извлечат газот и која треторазредна личност ќе наебе во нивно име. Како за пасошите на криминалците.
Не верувам и јас, затоа и си заминав од Мк. Ама да почекаме сепак, баш еве ме интересира што ќе кажат. Причина мора да има, исто и одговорност. Од почит кон жртвите сепак, оти ова е огромна трагедија.
Баш така. И да се тера со одговорноста до кај ќе оди - до таму. Да не запре кај чистачот ако е системска грешка. Прво, не ми е јасно, ако веќе биле распределени патроли на МВР да го надгледуват објектот, како некој успеал да подметне пожар? *Во случај да е подметнат.
Да не мешам политика во темава, ама тие прогласувања за терористички напади беа поради примањето на Авганистанците. Да вложеа пари во болниците кај нас барем толку колку што вложија со нив, сега можеби ќе беше друга приказна.
Баш заради почит спрема жртвите не смее да се чека и да се ќути, затоа што ова не е прв пат да се случи трагедија и никој мува да не го лази. Никој не одговараше за неисчистени канализации и поплавата во Стајковци. Никој не одговара за Дурмо Турс, а си заминаа луѓето. Никој за ништо не одговара во државава, затвореници кои треба да скапуваат во затвор лаганица си шетаат. Најголема непочит према мртвите е што седиме и си дремеме, најголема непочит е што и ова до Понеделник ќе се заборави и тоа ќе биде тоа.
Со 74.000 денари шо ќе напрајш? Една плата на доктор во еден месец е. Многу повеќе требаат за да се реновираат и опремат здравствените установи, да не прајме муабет за недостатокот од доктори Стрплива сум јас... 30 години чекам некој да одговара за нешто во државава. Не е проблем, ќе почекам уште 5-6 месеци... само да не испадне уште 30, па и ќерка ми истата приказна да ја раскажува!
Aпсолутно, пишав дека се што ни се случува е поради политика и партиски интереси, ама мислам дека не е време за поентирање на политички поени и користење на трагедијата.
Пред кратко време тоа со обидот да се прекине доводот на кислород, сега ова.Некако премногу случајно.
Ако е подметнат пожарот и се открие пироманот заслужува да биде обесен на плоштад со публика. Ама знаејќи го нашиот правосуден систем ќе си добие 10-15 години затвор. Ми се лоши од помислата со какви луѓе го делиме воздухот. А, ако е грешка во инсталацијата тогаш да си превземат одговорност тие што ја оставиле таква дефектна и нека одат да им бараат прошка на фамилиите сега. Народов изумре и испогоре на сметка на туѓи гревови, не знам кое дно треба да го пробушиме за да им светне во мозокот исушен дека не ги бива да водат држава и дека од кога почна пандемијава стално слушаме за трагедии , пожари , лекарски грешки. И што е најтрагично на се тоа гледаме како бројка а не како нечија мајка,татко,брат,сестра итн. Па не тридневна жалост, едногодишна треба да прогласат. После ова јас не се чувствувам безбеден во државава, во институтции кои се наменети да те згрижат се случуваат работи кои во светот многу ретко се случуваат во фабрики и индустрии со запаливи материи. Во државава нигде не си безбеден веќе.