Одамна е пишано па претпоставувам дека проблемот си го решило девојчето, али оваа реченица на Летиција, многу кажува Изгубена во животот јас би го дефинирала по некоја си моја филозофија дека незнаеш што сакаш во животот. И не само што незнаеш што сакаш туку и незнаеш што да правиш во животот. Таквото безцелно живеење автоматски те носи во депресија. Не за џабе е кажано дека работата го одржува човекот, па ако не работиш, најди си некоја занимација, немора дечко било што друго што ќе те исполнува во животот. Ако секое утро стануваш од кревет и се чудиш што ќе правиш денес, без никаква идеја и замисла Животот го прават малите нешта ако знаеш да уживаш и живееш за нив.
Би сакала барем еднаш во животот да ми се случи да ја гледам позитивната и негативната страна,бидејќи обично јас секогаш простувам и многу заборавам,така да правам многу големи дела за личности кои ме повредуваат и гледаат на мене како просто девојче.Велат за да те сакаат прво треба ти себеси да се сакаш,мене карактерот ми е што се вика на нивоу,но за мене јас никогаш не сум си доволна.Но,сепак ке бидам малку оф топик,тука е и КАРМА,најслатка одмазда,се се враќа,се се плаќа.Се надевам дека еден ден ке им вратам на сите со една гоолема насмевска и ке постигнам многу во животот.Во животот потребни ми се единствено: семејството,работата,мојот љубовен сопатник и едно животинче.Тоа е доволно да ме прави среќна.Да се надеваме дека среќата ке ми се насмевнее
Здраво девојки! имам 16 години... проблемот е тоа што моите ставови многу се менуват, во еден момент сум цела депресивна изгубена само кон лоши мисли, а во друг момент сум среќна се смеам ко ненормална и се чувствувам како изгубена, како да не знам зошто живеам... сето ова мислам дека ми е ради тоа што порано во 1 средно, јас кога мислев дека барем засега немо да се заљубам во никој, едноставно се случи, се појави тој, јас се затрескав во него тооолку многу, ништо немав со него и на крај тој си отиде , т.е се пресели во др држава... од тогаш за мене секој ден беше глуп, не сакав да живеев знам дека сум млада дека не треба вака да се размислува, дека ова не е вистинска љубов, само затрескување или опсесија, но се случи тоа што се случи.... после некое време запознав др дечко, со него го доживеав првиот бакнеж, но не чувствувам толку многу ко за тој првиот... не знам што да правам, ко изгубена сумм, не знам како д апродолжам, стално се убедувам дека го за заборавив дека не ми е гајле за него, но секогаш кога ќе слушнам нешто за него, си плачам и се сеќавам на тие моменти.... девојки мислите во ред е ова што ми се случува? нз јас, никогаш се немав вака чувствувано.. не очекував дека толку е тешко некој да ти го ,,скрши,, срцето, и се смеев на сестра ми кога бев мала, мислев дека е будалаа, а сега истото мене ми се случува, никогаш не мислев дека некој толку ќе ми значи...
Нормално е сето тоа, не ти се случува само тебе, им се случува на 90% од тинејџерите, твојот организам е преплавен од хормони во овој период и ќе биде така се додека не созрееш. Значи и јас сум имал периоди и сеуште имам каде пола саат сум невидено расположен, пола саат не мрдам, тажен и т.н. Тоа "пореметување" се нарекува Циклотимија и е нормално кај тинејџерите. И јас секој втор ден кога станам од спиење незнам зошто живеам, но кога ќе се расонам се предомислувам, значи уживај нормално е, ќе помине. Можеби си го слушнала ова милион пати и ти се чини неверно и знам дека секое мало разочарување ти изгледа ко крај на свет да е, верјува не е, се има почеток и крај, и уживај додека можеш бидејки љубовта, па макар и нејзината несреќна страна е едно прексрасно чувство. Само немој да тргнеш по некои лоши патишта и се ќе биде во ред.
И јас сум била таква на твоја возраст. Ќе помине верувај. Уживај си во животот.. а за „заљубувањево“ самата ќе видиш деке после 2-3 години ќе се смееш зошто си се потресувала толку. Знам дека не ти е лесно сега воопшто, ама гледај сконцентрирај се на нешто друго што те исполнува, некое хоби, било што за да не мислиш на него. Како понатаму ќе созреваш ќе сфатиш дека не вредело да се замараш и да плачеш за такви типови, посебно ако сега не му е гајле за тебе. Се што е возвратено со иста мера е убаво, не е убаво кога едниот сака, а другиот не се замара. Само внимавај, твојата возраст е толку ранлива и толку тинејџерите се лесни за манипулирање (не мислам да те навредам), не дозволувај чувствата кои те обземаат сега, да те однесат во погрешен правец.
Фала ви за советите и што одвоивте време за мене, навистина ми требаше да ми кажи некој дека навистина разбира
Повеќе пати се мислев да пишам на темава и еве конечно пишав. Значи не сум мала ама еве никогаш сум немала дечко, можи некој ќе си мисли дека лажам, но вистина е. Не сум срамежлива имам многу другари и друарки, имам понуди за врски, ама неможам да се заљубам, едноставно се плашам да се заљубам да не бидам повредена и ги одбивам сите. Си живеам во некој мој свет замислен, кога ќе ми се допадни некое момче , си велам нема шанси да бидеме заедно.Се е ова од околината што ме опкружуваше , многу сум затворена во себе , на никого не ги кажувам моите проблеми ни на мајка ни на најблиски другарки, немам во никого доверба, иако има многу луѓе околу мене , ама понекогаш се чувствувам многу осамена.