ев ме мене пак после некоеј период сто помина,нестата малце се сменија. иако морам да кажам дека не целосно али сепак малце се смени.. мојата изгубена доверба малце закрепна,после изгубената доверба и сеагасното време сто сме заедно веке е поинаку,она сто он кажувасе го гледам,се она сто ми се вртесе во глава е пред мене,искрено за некои работи воопсто не би требало и да сум мислела али ете тоа ти е глава сакам да кажам со време се ке се знае и немојте да се маЧите со такви работи,најдобро е за вас. и мојов маж бесе 3 години на пеЧалба и седевме разделени,мене низ глава ми вртеа се и сесто,и за мали неста јас ги правев големи..ако бесе така како сто мислев тој и сега од како живееме заедно ке правесе несто сто мислев порано али не е така. најдобро за тебе е да мислис и правис несто друго за да не се нервирас без везе и верувај ако те лаже ке дознаес кога тогас,али за без везе не маЧисија главата и срцето... јас пукнав со тие работи,али сега е подобро од како живееме заедно поз
Доверба после лаги Имам мал проблем. Со дечко ми сме во врска скоро 2 години, до сега се си беше нај океј.. Но случајно открив дека ме лажел за повеќе работи што за мене се важни, во кои беше тоа што натерал и неколку од неговите другари да скријат нешто од мене. Сега повеќе не сме заедно зашто се осеќав повредена и измамена. Типот сака пак да сме заедно, безброј пати ми се заколна (дури и во црква) дека нема никогаш повеќе да ме излаже и ќе биде подобра врската и повеќе ќе се труди. Дали според вас треба да ја продолжам таа врска или сепак и официјално да престане?
Па зависи од тежината на таа лага.Ти викаш дека тоа било нешто битно,за кое што не требал да те лаже.Можеби ако подетално објасниш подобро ќе сфатам па ќе успеам да те посочам по кој пат да одиш.Според овој муабет што ти го кажа,не би требало премногу да му веруваш.Како што вели една изрека."Kој еднаш излажал ќе го направи тоа пак и пак и пак " .. Така да објасни малце подетално, во што е проблемот? За каква работа те излажал .. И уште нешто две години не се малку .. Можеби си требала позрело да изреагираш.Да разговараш со него,да ти објасни
Требаше златна да си размислиш пред да рипнеш во кревет! Сега е касно! Можда за следниот дечко ќе ти дојде паметот! За овој искрено се надевам дека нема да ти прости зошто иначе ќе шета со рогови на глава.... Извини што сум сурово реална,но некој мора да те освести!
Доколку, недај боже ме изневери, мислам дека не би простила а и тој исто, уште сега си имаме разјаснето некои работи. Но, сепак не сум сигурна и мислам дека после некое време ке попуштам. Но, секако прво ке раскинам и ке ги скинам сите комуникации, после некое време ако навистина се кае и ме моли е тогаш ке се смириме, но претходно убаво да свати да не му се повтори пак и секако понатаму има многу кареници и врската никогаш нема да биде како порано...
Јас сум многу против разменувањето на лозинките од Фејсбук, а гледам дека 90 посто од паровите го прават тоа. Ни имам нешто да кријам, ни тој има нешто да крие и го знам тоа, не ми треба негова лозинка да проверувам секој ден за да знам дека тој е само мој. Знам како дише и дека за него неверство е само да лајкне слика, а не пак да се допишува со некоја. Сепак е приватност, не мора да читам што му пишал некој колега или пак да враќам на неговиот чет, што ми е најпросто нешто кога некој ќе ти пише: "Не е тој и тој, девојка му е" и слично. Фејсбукот е на една личност, не е фамилијарен. За што ми е негова лозинка? Ја имам лозинката од неговото срце и тоа е се што ми треба за да знам дека е тој вистинскиот и дека никогаш не би ме повредил. Некој ако сака да пишува, ќе брише пораки, ќе има лажен Фејсбук, а на крај на краиштата не му ни треба Фејсбук ако сака да те изневери. Не си ги замарајте душичките девојки, недовербата е убиец на секоја врска, секако поготово ако е без причина.
Не можам да ја вратам довербата што ја имав во него Заедно сме една година,ја имавме најсовршената врска на целиот свет,бев потполно сигурна дека тој е човекот со кој сакам да останам,ми покажа дека ме сака,дека му сум се на светот..и јас сега дознав дека се мувал со некоја на почетокот,поточно после два месеци од како бевме заедно.И јас се мував со други тогаш,не беше нешто толку сериозна работата меѓу нас,башка и бев поладна спрема него тогаш,не покажував баш љубов.Јас му признав за моите грешки,го погодија исто колку што ме погоди тоа што го дознав..Но и покрај тоа што сум свесна дека и јас сум грешела на почетокот,не можам да се помирам со тоа дека бил со друга тогаш.Не можам да му верувам како порано,се ми е во мозокот дека не е само една и дека не е само тогаш.Има пробано да ми докаже на многу начини,ми се заколна значи и во црквата,знам дека ме сака,и ми покажа дека му значам и дека се кае,ама стварно многу ме измачува ова..Дали некоја се нашла во ваква ситуација..Едноставно мозокот ми е на многу страни,страв ми е дека ако изневерил еднаш ќе изневери пак..Страв ми е,не знам дали да продолжам...
Немаш апсолутно никакво право да му се лутиш на човекот затоа што ни ти не си била поарна! Без разлика дали сте имале љубов на почетокот на врската или не. Пробајте едноставно да почнете од почеток. Можеби ви треба подолг период за да ги заборавите тие моменти, сепак треба да се трудите повеќе (особено ти). А дали си се запрашала дали можеби и него му е страв дека ќе го изневериш пак?!
Не верувам дека го чувствува истиот страв..Тој има повеќе причини да верува дека јас ќе сум му верна отколку јас Инаку можеби и си во право,можеби и немам право да се лутам,ама сепак јас бев таа што дозна се,тој немаше храброст да признае дури ни кога почнав да откривам,се држеше до тоа дека му била муваторка на негов другар..Не признавал под изговор дека му било страв дека ќе ме изгуби..Јас за моите грешки можев да кријам ама избрав да му кажам се...Можеби ќе излезат уште многу работи..Тоа ме плаши премногу
Не верувам дека го чувствува истиот страв..Тој има повеќе причини да верува дека јас ќе сум му верна отколку јас Инаку можеби и си во право,можеби и немам право да се лутам,ама сепак јас бев таа што дозна се,тој немаше храброст да признае дури ни кога почнав да откривам,се држеше до тоа дека му била муваторка на негов другар..Не признавал под изговор дека му било страв дека ќе ме изгуби..Јас за моите грешки можев да кријам ама избрав да му кажам се...Можеби ќе излезат уште многу работи..Тоа ме плаши премногу[/quote] Епа чим не сте сигурни и двајцата тогаш седнете на муабет. Кажете си се што си криете и што сте си правеле по минатото. Од кога ќе се ислушате и запознаете подобро што и какви сте, одличете си дали продолжувате или не. Џабе си губите време, јас не му верувам, тој не ми верува и ништо не правите. Само нервози, краници, мисли.. Само муабет му е чарето. Е сеа можете и да испооткриете се, а можете и едноставно да си премолчите и да си преминете преку тоа што било и да си гледате за сегашноста и иднината. Верувам тебе дека ова би ти представувало проблем, пошто и ти си била уствари иницијаторот за откривањето, додека дечко ти би бил.. Сепак само муабет му е чарето.
Сте ја направиле истата грешка и во исто време,не разбирам зошто тој треба да има повеќе доверба во тебе? Имате две решенија,ако сте сигурни дека се сакате,да продолжите понатаму,да ги откриете картите и понатаму да продолжите без лаги.Не е оправдување тоа што сте биле на почеток од врската,ама ајде и двајцата сте грешеле.Или прекинете ја врската,ако по добар разговор утврдите дека така е најпаметно. Конкретно да сум јас на твое место,би разговарала со него,би му кажала за тоа што се сум правела недозволено во тој период,би барала и тој да го направи истото,да нема веќе тајни меѓу нас и на крај би продолжиле понатаму,секако ако постои љубов. Размисли,зошто и двајцата сте грешеле и криеле еден од друг. Како што се лутиш ти, и тој го има потполно истото право.
Најлошото е што свесно или потсвесно сите си знаеме дали нешто е во ред или не,како треба да биде а како не треба да биде,и си лутаме многу длабоко во размислувањето,одмагајќи си самите на себе,дајте поедноставете си ги нештата,си му згрешила,ти згрешил...кога?На почетокот на врската,а што е јасно на самиот почеток?Ништо.Дефинирањето си доаѓа со тек на време,не од прва.
Доверба Одиме со дечко ми околу 3 години, имам големи проблеми со довербата и постојано се сомневам во него, односно општо кажано јас имам проблеми со деверба во луѓе. Премногу го притискам за се и сешто, несигурна сум и имам огромен страв да не го изгубам, а вака ако подолжам секако ќе го изгубам. Барам совет од вас...
После 3 години ти сепак немаш доверба во дечко ти, зошто? Те изневерил, те повредил или пак често знае да се служи со ситни лаги кои ја уништуваат довербата во тебе? А доколку не ти дал повод за недоверба немој да дозволиш тоа да се испречи меѓу вас, ти кажувам од лично искуство бев страшно љубоморна особа, често му правев сцени на дечко ми и секогаш ама баш секогаш се се случување во мојата глава и бев главен иницијатор на сите кавги и непотребни нервози, а еве после 2 ипол години врска како да се освестив и раскрстив со црните мисли и на крај памет не ми доаѓа да си правам филмови зошто тоа само може да штети, така да решението е во тебе самата ако го сакаш и мислиш дека тој е човекот за тебе, ако те сака и почитува, прекини со притисоците кон него, зголеми си ја самодовербата и верувај во себе дека неможе никоја да те замени во неговите очи и само така и ти ќе бидеш мирна, ќе уживаш во врската и ќе го зачуваш, во спротивно сама ќе го испратиш кај друга ќе си рече кога мисли дека ја изневерувам па да го направам тоа да има и за што да галами
многу е тешко да нема доверба помеѓу партнерите,јас сум во иста ситуација дечко ми ја изгуби довербата во мене бидејќи сокрив нешто од минатото,покрАј довербата јас и него го губам ако не го и изгубив...
најлошо нешто одиме многуууу долго....на почетокот и дознавав и го гледав со мои очи замислете со други се лапа,излезен или скриен по некој училишен двор а јас..јас ништо немало да речам,дури кога ке сум си дошла дома ке сум му пишела некоја убитачна порака... и бев мноогу глупава....и низ се тоа незнам ни самата како сум поминала-знам дека-јас самата себе се кривам дека сама сум си крива за се што ми се случуба,за се сама сум крива,да сум се почитувала повеке себеси немало да го осекам ова до ден денес...како што читав и во предходните коментари како да цекав нешто "огромно" за да го оставам ете на некој начин чим сум останала со него покрај се јас сум таа што не е во ред а не ОН...секогаш правел се што сака СЕКОГАШ се му простував поминаа мн години ... до лани ова време јас имав сомнежи дека ме изневерува...работеше на брод и гледам многу слики кој не беа ни малку вкусни,ама сепак он се вадеше дека немал никогаш ништо со ниедна...отидов и јас на брод со направен план да си дојдеме заедно...(долга прикаска) ама он ме остави ме остави сама ... мислев ке умрав си дојде дома и ми раскина како капак јас ке умрев јас бев жив мртовец и замислете кога си дојдов ме побара за жена и јас реков ДА сега е во германија како оправдување дека заработува за нашата иднина а јас упорно гледам слики игра танго ама онака заводливо,и ја дига ногата (чатал) на една а она у сукња цел гас гол,ја гушка трета ,лежи врз грбот на 4та додека се на плажа и мнооогу други....јас имав многу непотврдени докази дека ме изневерува....и да грешам самите потези со тие девојки ми сметаат оти не личат на променет човек...а и заборав имавме понуда да работиме заедно ама за помалку пари во друга земја али САМ СИ РЕШИ дека ке оди сам во германија....јас бев повторно бесчуствителна како DE JA VU и го изневерив еднаш,само еднаш,знам дека таа храброст ја собрав оти се опив како магаре,не кажувам дека бев пијана за da се оправдам...само кажувам дека сум многу слаба и никогаш немаше да го напраам тоа ако не бев пијана....сега сепак осекам многу тежина,знам дека немозам да сменам ништо,ама незнам како ке живеам со ова....може сум глупа ама си викам да дознаев дека ме изнеберил сигурно немаше да ми биде волку тешко....ако сака некој барем нешто нека ми искоментира навистина ми треба мислење
Девојче ти ја немаш изгубено довербата во него, туку уште од самиот почеток тој не ти дал причина за да имаш доверба, а и сеуште не ти дава. Ти веројатно си многу заљубена, но го ставаш него на прво место пред себе, а тоа е многу лошо. Патиш, поминуваш покрај се, а тој си прави што сака... Ти дефинитивно си девојка што би ја посакал секој бидејќи многу дозволуваш. Зошто не си зборувала со него дека тоа ти смета, налути се, скарај му се... не е ни прв ни последен. Гледај тебе да ти е убаво, ако се омажиш со него дефинитивно животот нема да ти е убав, цело време ќе си тажна и под стрес.
Секоја лага ја уништува довербата и колку повеќе лаги кажуваме толку повеќе и со недоверба ќе се однесуваат кон нас. Со лагите исчезнуваат ЧУВСТВАТА ,ЉУБОВТА , ПОЧИТУВАЊЕТО ... исчезнува буквално се што претходно се создравало.Се стегнува тешко, низа години, но се губи само за еден миг, само со една лага!!! Подобро е некогаш да се премолчи вистината. Но никогаш на местото од премолчувањето да не се каже лага бидејќи со лагата се уништуваат сите преќутни вистини.