колку ми е тешко што си во право сум зборувала,сум се налутила - не сум се скрарала туку он ми се скарал знам дека јас сум го дозволила тоа .... јас сакав само некој да ме испцуе или да ме подучи како да живеам со тоа што го изневерив незнам како да постапак како ке имам сила да постапам ако некогаш дознае ...
Јас со мојата девојка одиме веќе 5 ипол месеци и све ни беше совршено но све почна наопаку додека не почнав јас да ја лажам во врска со моите лични работи као на пример куќата,годините итн... од тогаш она почна да ми објаснува дека ке ја изгуби довербата во мене но јас почнав за ситници да лажам бидејки немав сватено што воопшто значи довербата и као да се врати тааа... и така постепено некои грешки си ги повторував во врска со некои зборови дел од речникот на сите нас ги спомнував као пример "ccc" и така натака што нејзе тоа ја иритира и јас нејќев али послем толку време навика и одвика наеднаш неиде никогаш не бев запознаен со довербата се додека не ја запознав неа.. почнав да кршам ветувања нешто обично нема врска ништо со варање пошто ја сум тип што мразам варање аи башка овоа е вистинска љубов... и така се повеке и повеке и паѓаше довербата и сеуште и паѓа ...коа сме надвор излезени она мисли дека јас глеам во други девојки као на пример дека ги гледам а па камоли да зборам со нив...ми вика дека треба да и докажам аи не само за тоа туку мисли дури дека и ја иам варано а што си нема никаква врска по цел ден сме заедно 24/7 значи ептен ептен ептен 20 мин да не сме заедно готово ... ептен ние тешко...али стварно врската при крај ние и сеа што и да кажам не ми верува воопшто и све само се караме и караме .... ве молам помогнете ми као да и ја вратам довербата пошто врскава мие на конец...
Ако ти имаш 13 години, колку има "девојка ти"? Довербата не се ниту губи, ниту стекнува со повторување на некои збориви и фрази од секојдневието, туку со многу посериозни работи....И не, не е вистинска љубов, рано ви е за таквата и на двајцата
Вака, во врска сум веќе 5 години, но последните 2 години се случуваат многу чудни работи од кои не можам да извлечам конечен одговор што да правам. Со дечко ми имавме идеална врска првите 3 години, работите тргнаа на лошо кога во телефонот му пронајдов порака во која бара интимен однос со неговата колешка од работа, тогаш се скаравме многу, тој ми велеше дека тоа било зафрканција, како неа ја исмевале, сите колеги и пишале ваква порака, плачеше по мене ме молеше, а истата таа женска личност ме повика мене да ме убедува во истиот муабет како и неговиот и океј си реков ќе продолжиме па ќе видиме понатаму до каде ќе стигнеме... после некој месец јас вака седејќи си со пријателките доаѓа еден човек кој ми е само обичен познаник и ми вели дека го видел дечко ми со истата женска личност, јас си реков дека е ова крај, но некако по неговото негирање, молење, плачење пак останав со него, но оттогаш со целосна доза на сомневање и никако немав мир во нашата врска, ја изгубив довербата, тој ми подаруваше подароци се трудеше да ја подобри работата, правеше убави работи за мене итн., но јас не можев да стекнам повторно доверба. Сега во последниот период постојано го крие мобилниот од мене а кога го прашувам зошто тој ми вели дека му е страв да не му се случи уште некоја таква ``ненадејна`` порака па да ни се расипе врската и дека не сака да ми го даде телефонот да го видам бидејќи тој не сакал да имаме таква врска. Освен тоа веќе 4 месеци сме немале интимен однос и тој тоа го оправдува со неговите проблеми кои му се случуваат...Сега сме во некоја фаза пред разделување каде јас треба да одлучам дали да продолжам со него или не, со тоа што пред недела дена откако за глупост се скаравме му кажав дека не можам повеќе вака... ах да сум го видела со свои очи ич не би размислувала и би ставила крај на нашата врска, но некако ме остава на пола пат и сум во дилема... можеби имам уште чувства за него, но моралот не ми дозволува да преминам некои работи или пак сум тотално изладена од збиднувањата... Затоа ве молам доколку сте имале некое такво слично искуство споделете го со мене или без разлика на тоа дадете ми совет... фала
Многу си попуштила.....5 години не се малце воопшто,но уште кога пишал таква порака си требала да се тргнеш од него.Сите колеги и пишеле така и тој покусо да не остане нели...Не ми е ова ич за верување,но ти си знаеш,само не дозволувај веќе да те прави глупава на сила зошто не си.Докажи му дека не си.
Значи со дечко ми сме долго време но во последно време се караме почесто и тоа поради мои глупости постојано нешто ново излегува ја изгуби довербата во мене едноставно,се случуваше за други да се скараме,нешто ситно излажено од моја страна,и тн.Знам дека згрешив многу и се каам поради тоа но како повторно да ја вратам неговата доверба,како да докажам дека нема да се повторат тие работи?
Preku nok nemozes da dokazes! Ako ti ostavi vreme i prostor da ste zaedno, a toa ke go napravi ako stvarno mu znacis, a ti ako stvarno si se smenila togas so tek na vreme ke si izleze na videlina. Ne se sekiraj
Според мое мислење, кога еднаш довербата е изгубена веќе ништо не е исто. Можеш да се обидеш да се поправиш, но кога нешто се скршило и ти го залепиш, не е исто како претходно нели? Можеби ќе ви биде добро, некако, но дека ќе биде повеќе од добро - тешко...
Изгубена доверба е пропадната врска, после се е залудно, подобро раскини отколку да си го губиш времето и да се мачиш зашто довербата не се враќа назад...
Веќе долго време изгледа дека не ми верува, а двајцата не можеме еден без друг. Никако не можам да докажам дека му немам ништо направено. Се објаснував и повеќе од потребното, докажував колку го сакам но изгледа на крај дека е залудно, а не ме пушта иако вели да одам ако сакам. Не сакам да завршиме така за едно големо ништо, вистински да се имаше нешто десено познавајќи се себе немаше да му го трошам времето, ама не ми верува и тоа ме мачи. Што да правам?
Без причина немање доверба, но не сака и да те пушти да си одиш, многу токсично. Прекини, не си губи време
Пробајте рационално да разговарате, отворено,како возрасни луѓе а не со скриени намери, манипулација и доза емоции. Колку повеќе одолговлекуваш толку потешко ќе ти е. Ништо не е онка, се е со причина, верувај. Разговарајте со отворени карти, макар и исходот да е разочарувачки. Барем зрело ќе прекинете, а не како некои тинејџери со сечење вени... Подобро добро разделување отколку токсично одолговлекување
Твојот дечко е најверојатно има проблем кој нема толку врска со тебе, колку со него. Тоа што постојано те обременува со љубомора и со недоверба во твојата лојалност кон него е повеќе доказ за неговата слаба самодоверба, отколку за тоа какво е твоето однесување и верност. Во некои случаи се работи и за подлабок проблем со менталното здравје, каде што љубомората е само еден од повеќе симптоми. Може да биде симптом кај патолошка љубомора, нарцисоидност, borderline и некои други растројства. Што и да правиш, колку и да се докажуваш, нема да има ефект врз неговото однесување. Нема да го убедиш во својата верност и пак ќе се повторуваат љубоморните сцени. Со тек на време ако сеуште сте во таков некој однос тоа може да има за тебе последици, во смисла на твоето ментално здравје. Може да се обидеш да разговараш со него, во обид да му предочиш дека проблемот е кај него, но дали ќе има тоа ефект? Ако сосема не е свесен за своите проблеми, ќе наидеш на отпор од негова страна. Може не само да не сака да се смени, туку и да не сака да разговара, да избегнува таква тема на муабет, да негира дека има проблем или да се одбидува да го проектира проблемот на тебе. Размисли си убаво за врската и за вашата иднина, во смисла дали вреди да се остане со него или не. Можеби мислиш дека можеш да смениш некого, да му помогнеш, ама реалноста е поинаква и најверојатно ништо нема да се смени ако тој самиот не посака и не се потруди. Дали вреди да ја жртвуваш своја добросостојба и психичко здравје само за да останеш со него? Љубовта верувам дека ја имате, но освен неа, мора да имате и други нешта во една врска за да таа биде здрава и долготрајна.