Кога бевме во врска секогаш за рака, а од како сме во брак еден до друг (вели срамота е сега сме маж и жена, деца гледаат хахах до душа повеќе сме во кола, ретко кога пешки да одиме)
Секако Зависи од расположение, временски услови, простор итн. Во последно време најубаво ми е за рака. Имам простор за движење, не мора да се усогласуваме со чекори.
Не пешачиме многу па не би можела да ви кажам како одиме, бидејки каде и да одиме со коли сме. Но секако дека се држиме за рака, кога е тоа потребно ама никако она лигавење во јавност, тоа ми е одвратно. Се однесуваме пристојно и битно е ние да ја чувствуваме емоцијата помегу нас а не да ги оптоваруваме останатите со тоа.
Порано секогаш излегувавме гушнати,а сега откако се венчавме излегуваме еден до друг,а многу често излегуваме посебно затоа што го нервира да ме чека надвор доека јас се спремам.
Секогаш одиме еден покрај друг кога шеткаме. Во врска сме околу 4 месеци,а се знаеме многу одмана скоро 3 години. Сакам да прашам зошто не сака да се држиме за рака додека шеткаме? Ме држи за рака само кога носам штикили. Ми има многу пати докажано дека ме сака,но ова ми е нешто што неможам да го разберам што несака да се држиме за рака. Па ако може совет.