неможам да замислам да сум покрај него да сеткаме а да не се држиме за раче буквално секогаш само што излагаме од кола за некаде ми вика дај ми раче. некако ми е убаво, мило, слатко..... не дека преку раката се манифестира љубовта туку поврзаноста на двајцата. а за гушкање не се гушкаме некако тешко се движам така
Епа еве, со последниот после месец дена се шетавме држејќи се за рачињааа Немам навика да се држам за рака со момче, практикувам одејќи еден до друг. А па кога ќе ме гушне и така да идеме многу ми е мучно. Цела рака над мене, како што сум јас малечко нискично и тој ќе се опне на мене. ААа, нема! Краен одговор, еден крај друг. Зависи кога ќе напне тој, може и за раче да го фатам.
Најчесто се држиме за рака,обожавам кога се шетаме така.Понекогаш може да има некој излив на емоции и гушкање,но не претерано лигавење.Несакам лигаење во јавност,некако ми незгодни,иако одсекогаш не сум мислела така.Е кога сме скарани или се лутиме нешто одеме еден покрај друг,но лутината не ни трае многу па пак се фатиме за рака.Штознам така ми е најубаво...
Или се гушкаме и двајцата или се држиме за рака.. Многу ми е мило кога ќе видам постари парови како шетајќи се држат за рака, многу ми се слатки
Скоро секогаш се држеме за рака! Кога одиме гушнати се чувствувам неудобно, стегнато, или ќе ми биде жешко или ќе ме скуба несакајќи по косата , и затоа одбивам да одиме гушнати!
Секогаш одиме фатени за рака .... Ако сме нешто скарани или лути одиме еден до друг ама тоа трае 1-2минути .... А понекогаш одиме и гушнати каде што разменуваме и по некој бакнеж
Најчесто за рака.Никогаш не одиме само еден до друг, дури и налутени се држиме уште. Гушнати е тешко да се движиме со оглед со е два метри па и ќе ме нема мене..
Преплетени најчесто фатени за рака. И на неколку минути се бакнуваме, нема нема па пак . Некогаш го зафркавам му викам сеа ќе те фатам за к..ч..о а он туп го гледаш лефтерно ја става неговата рака на моето газе. П.С. Мислам дека никој не не гледа !
Имав еден дечко на грб ме качуваше, јас штиклите во рака, тој мене на грб и така шетавме - оптан топтан кисело млеко! Кога беше популарен филмот за Амели, а јас тоа време живеев во дотичната држава, имав стар точак и секогаш со точак излегувавме, немаше ни потреба за раце да се држиме. Чисто си го фуравме филмски излегувањето, токму како во филмот. И им свиревме на сите по пат. Инаку ова држењево за раце ми доаѓа природно по инерција кога си во врска со некој. Ама на грб некој да ве носи, поготово кога ве болат нозете, е тоа е веќе љубов Наредна цел ми е да ме качи на гидан на точак или со тротинет да ме вози. Еееехеј романтики. И тоа интересни Имам и јас право да бидам дете па. Само малку, сепак сум дама на ниво
Најчесто одиме држејќи се за раце, а понекогаш се случува и гушнати ( ама така побавно одиме) Инаку, кога видам некој возрасен пар како се држат за рака, убаво ми е, си мислам дека се уште се заљубени еден во друг и после толку години. Би сакала еден ден така да шетам и јас со мажот ми
Никогаш не сме се држеле за рака нити па гушнати некако не ми е убаво,најчесто јас под рака ќе си го фатам и така си шетаме
Па и за рака фатени и некогаш гушнати,а кога е поладно за рака фатени ама кај него во џеб. Некогаш кога ќе не трефне 'жута минута' ме носи во раце или на грб
Леле пираМитката ме изнасмеа! ПираМитке, замислувам како те вози на точак, а ти седиш на рачки! Немаш поим која анимација ми е во главава
Оффиии, позади си седев какви рачки! На рачки е опасно, еднаш ќе полетав ласта! Позади де знаеш дупето како те боли и те тресе сегде по калдрми. Ај кажи дека не е убаво! Ама ако те смее анимацијата, ти ја подржувам! Баш би сакала во главата да ти влезам сега
Секогаш се држиме за раце а кога ке ме гушне се чувствувам најубаво а кога е зима во навика ми е да ги го пикнам рачево мое во џеб неков и да му го фатам рацето негово