Обично се држиме за рака, чат пат и гушнати си одиме и многу ми е убаво така, се осеќам некако заштитена... А кога че видам постари луѓе што се шеткаат фатени за рака, ми затреперува срценцето, некако почнувам да верувам дека постои љубов до крајот на животот и дека таа може да ги совлада сите препреки.... Би сакала и јаса за 30-40 години да имам некој со кој ќе шетам гушната.... ако се најде некој што ќе може да ме трпи толку долго
Ние нон стоп се држиме за раце, гушнати да..но само ако не е жешкко. Ако е жешко се шалиме бегај таму, не умарај топло ми е....Али, рачињата никако не смеат да не се заедно. Али оправдано ни е тазе сме....
Или гушнати или за рака . Најчесто ,ако е многу жешко не одиме гушнати ,или само ќе се гушнеме накратко и после ќе се фатиме за рака . А да одам одвоена од дечко ми ,некако смешно ми е. Па дечко ми е за да го гмечам ,а не да се луфтира покрај мене
Па за рака се движиме, ако не се држиме за раце сме лути сигурно А гушнати не одиме, некако чудно ми е.. Од време на време може да стави раката преку мене ама не да одиме така..
Најчесто излегувавме за рака. Знаеше некогаш и да ме гушне, ама поретко , бидејќи не ми одговараше така да одиме, некако ми сметаше.
Фатени за рака сме постојано. Некогаш случајно, на помала релација, знаеме да идеме еден крај друг. А гушнати, т.е тој мене да ме гушне, не сакам, и никогаш нема да посакам, затоа што ми е преглупо, се чувствувам како Комита за време на 1903, а и незгодно ми е во одот. Не знам луѓе како можат така гушнати да одат.
За рака најчесто. Само ако сме налутени еден до дру г. Гушнати понекогаш, но му ја тргам раката бидејќи ми е чудно така кога одам .
За рака најчесто. Излегуваме од дома или пак од кола и нормално навика ни стана да се фатиме за рака понекогаш кога стоеме некаде има навика овој мојот да ме фати за половина.