zavisi so kogo kako so nekoj za raka so nekoj eden do drug.. glupo e gusnati da odime celo vreme [mod-kirilica:3r7hddif][/mod-kirilica:3r7hddif]
еден покрај друг, за рака, под рака, кој кај стаса таму фаќа Шала на страна, уживам и се топам кога ме држи за рака
Многу интересна тема! Кога искачаме Јас идам напред, Он отпозади, на 2-3 чекори оддалеченост, ако се заморам и подзастанам ми мава една клоца за да ме убрза оти сака на малку растојание да биде од мене, демек слободен да се осети човекот. Е сега зависи: Кога одиме на гости кај неговите Он иде напред, а ја на 2-3 метри отпозади ама ми има врзано јаже за врат да не му избегам. Башка кога ќе не видат неговите така стално му викаат: Браво бе сине, што убаво си живеете! Ја најискрено мислам дека се ова го прави зошто многу ме сака. И на сите им препорачувам вака да ги толкуваат машките и да не им судат одма. Се надевам ти помогнав.
Зависи кога како. Некогаш за рака,некогаш еден покрај друг. Но никогаш гушнати!Мразам гушкање по улица.Тоа ми е за за дома или некои слични пригоди,а не по улица ко 100 години да не сме се виделе.
Гушнати не, али држејки за рака да Во кола секогаш се држиме за рака. Прв пат, кога се видовме, кога тој ме пресрешна на автобуска станица и се качивме во таксито не спиравме да се гледаме и да се држиме за рака до дома. Не ни се веруваше, дека се гледаме во живо. Пред тоа све беше по интернет. И од тогаш ни остана силно држене на рацете во колата секогаш! Сега често и се случува еден крај друг, поради туркане на количката.
Прибидејќи рацете ми се секогаш ледени и испотени (исто и нозете) партнерот мора да ме носи во раце ако сака да ме шета. Освен кога сме во диско, така секој на своја страна, ко да не се познаваме.
И за рака и гушнати,бар се додека не се подналути за нешто,но брзо и поминува,па пак ми го пружува рачето,а ако не и помине,тогаш или милум или силум
Секогаш кога излегуваме се држиме за рака.Јас не сакам да одиме гушнати тоа ми пречи незнам зошто,а еден до друг одиме ама многу ретко.
И ние си шеткаме за рака фатени, оти некако незгодно ми е гушнати да шетаме. Послободно е движењето кога сме за рака. Е сега, во исклучоци како на пример кога ќе пазариме од Кам, Веро или слично, и кога ќе држиме кеси во двете раце, си шетаме еден крај друг, оти нема поинакви услови
Се држиме за рака. Секогаш. Не практикувам гушкање или обесување околу врат. Шетаме, треба да дишеме. Не осудувам си кажувам лично доживување на гушкање додека шетам.
Секако одиме. И фатени за рака, и гушнати (ова почесто во зима за да ме топли, во лето не можам, жешко ми е ), а се случува и да си одиме само така еден покрај друг, ни фатени за рака ни гушнати.....Како ќе ни дојде
кога излегуваме се држиме за рака.. некако поубаво ми е ... освен во одредени моменти кога носиме нешто тогаш сe шеткаме еден покрај друг
Ве читам и не можам да си се изначудам каков изрод ќе да сум. За разлика од повеќето, јас пак обожавам да одиме гушнати, било лето или зима. Некако посигурно се осеќам така, што знам. Најчесто он ме гушка преку рамо, а јас му се "бесам" на половини. Се држиме и за рака, ама дефинитивно гушкањето е почесто. Преголемо гушкало сум, шта чу.