За рака најчесто, па од време - на време гушнати и така по пат. Доколку сме расположени за зезање одиме еден покрај друг. Обожувам кога ќе видам повозрасни луѓе кои одат за рака, се гледа дека љубовта е помеѓу нив без разлика колку години поминале. Минатата недела кога се враќав од школов видов многу постари бабичка и дедичко да рака по тротоар, абе срциња
За нас треба да се воведе и опцијата еден позади друг После 6 год заедно ич не обрнуваме внимание на вие работи. Некогаш се муабетиме , некогаш не, некогаш со и-под на уши... Некогаш гушнати, некогаш за рака, најчесто под рака ко бабите и дедовците И тако то,ако не видите како раштркано се движиме немој да си речете дека до оставачка дошла работата ние сме ти биле само флексибилни и еуропејски настроени
Ме држи за рака од страв да не му избегам по некој бутик Шала на страна, кога како ќе ни текне, зависис до расположение,зависи и дали и колку сме се скрарале
Гушнати понекогаш. За рака секогаш. А под рака кога јас си сакам.Навикната сум така оти така си одиме со другарки,под рака фатени и него тоа му е глупо и кога ќе го фатам под рака ги става рацете в џеб за да го пуштам
Некогаш знае да ме припие до него и да си се гушниме,ама по некое време ќе ми притежи и ќе си се фатиме за рачиња .А, некогаш кога му се рацете во џеб,обично на зима си го фаќам под раче,но никогаш не одиме одделени. А за старите парови кои што се држат сеуште за рака срцки ми се, многу ми се слатки и тоа е прекрасна глетка за мене полна со љубов. И јас го сакам тоа кога ќе сум во поодминати години,со мојот иден сопруг да си се држиме за рака,без разлика на годините секогаш кога ќе сме излезени.
сте забораиле под рака Ма секако излегуваме бе и за рака и под рака, и еден крај друг и гушнати-шушнати...и на ушка качена врз неговиот грб сме излегле па никому тоа не го интересира овде
јас го клоцам тој рипа пред мене па ако подзастане знам и да го нагазам и потоа продолжуваме со клоцањето
За рака, под рака и рацете в џеп (кога е ладно), гушнати.... неможам да замислам да одиме одвоено А за старите баби и дедовци мн ми е мило кога ги гледам за раче...овде во мк не сум гледала но во Германија сите стари се држат за раче а јас се вртам по ив за да ги гледам
Зависи од денот, ако сме у добрите, за раче и гушнати, ако сме во лошите тој ме гушка јас рацете у џеб или му бега на поламетро )) претежно гушнати, така му е нај згодно а мене сеедно
Обично си одиме гушнати или за раце,а знаев порано да му пикнам рака во задниот џеб и така да си шетаме Па и пак ќе го направам тоа ко ќе можам
У гушка. Срамче сум ептен, такво, некако од страна да се гледам незгодно ќе ми биде, ама..ем срамче ем гушкало.
И за рака и гушнати али поише идеме за рака фатени зашто е една глава повисок од мене па ќе си се гушнеме , ќе си се бациме од време на време