Излегување секаде со дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 мај 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Ова ми е една интересна ситуација кога некој пар секаде излегува заедно.
    Се договараш лејдис најт да имате со другарките и оп ете гледате другарката го донесува и него и он цела вечер се вртка околу 10 женски како бодигард и е, а следното излегување пак иста приказна сите женски и пак само он.
    Славиш роденден само со другарки и го потенцираш тоа и ете доаѓа и она со него.
    Ја викаш на гости на женски муабети, а таа и него ти го носи.

    Ве нервира ли ова? Ви смета ли? Сеедно ли ви е? Имате ли вакви другарки и дали некогаш сте и пререкле ако ви смета?
    Или пак уште повеќе ме интересира коментар на девојка чија врска е баш таква и секаде си го носите со неа дечкото. Зошто го носи секаде? :)
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    477
    Затоа што тие така сакат секаде да одат заедно! Во тоа нема ништо погрешно.
     
    На zaljubena18, HappilyLoved и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928
    Мене ме иритира оваа ситуација. Имав јас една другарка таква,баш како што спомна Росонерка. Конкретен случај:
    Закажавме лејдис најт, ајде зедовме за пиење и требаше кај една друга другарка да одиме да пиеме, па потоа во некој клуб или кафуле сеедно. И одиме ние заедно сите кај другаркава и излегува таа, превртува очи и вели: Абе дојдоа X со дечкото.

    Ни се упропасти цела вечер. Наместо жени сето сме се собрале да правиме муабет за женски работи, глупости, ние се стегавме да кажеме нешто пред него и испадна катастрофа сето. А инаку човекот не планирал да иди, не бе, само кога разбрал лејдис најт, а повеќето од нас слободни, морал да дојде да не му ја земи некој женската.

    Тоа мислам и се должи на недоверба кон неа. Не знам дали со причина или не, ама многу беше љубоморен тој човек. И си го влечкавме ние него секаде, нормално девојка му не мрднуваше и обавезно си одеа порано.

    Ужасно ме нервираше тоа, и можеби не беше фер од нас, ама по некое време почнавме да избегнуваме да ја поканиме кога се собиравме само женски.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    За кого како. За мене е безвезално да го мкнеш секаде дечкото и погрешно е според мене.
    Мислам ако се договори кафе со најдобрите другарки и си велите ајде женски муабети ќе има и ете она доаѓа со него. Реално пред машко пропаѓа во вода се она женски муабети, не се сите муабети за пред мажи и тоа кафе и тие муабети се се, само не женски. Што пред него да кажувам за проблемот со сексот со мојот дечко? Абе ај.
    Лејдис најт е женска вечер, а не вечер на 7 девојки кои ги оставиле дечковцките дома за да се забавуваат со другарките и една девојка која го мкне дечкото со неа и во суштина го уништува концептот на целото искачање. Ако беше тоа муабетот сите девојки ќе си искочеа со дечковците.

    Најчесто и на тие девојки понатаму им се намалуваат поканите на женски трачарења и излегувања.
     
    На 1209, Trendafilka, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    48
    Нема ништо погрешно, но има се што е претерано не чини.
    Јас имам другарка која ако не е заедно со дечкото, зборуваат на телефон или пишуваат на фб или мсн. Почнав да ги одбегнувам средбите со неа од причина што не можеме да направиме муабет на раат. Ја носи кај мене, само што сме седнале ете ти го на телефон и почнуваат километарски муабети . Откако е со него немаме излезено сами. Мора да е тука. И да не дојде со неа веднаш доаѓа на местото каде ќе бидеме (као случајно се погоди на истото место да дојде) и на крај пак ке се "тупни" со нас. Навистина ме вади од такт :@
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    10.219
    Браво за темава!!!
    Обожавам лејдис најт. Си ги обожавам другарките, енергијата која ја имаат, муабетите, пиењето со нив. И секогаш кога ќе му кажам на дечко ми дека излегувам со женски, сам ми вика убаво да си поминам. Исто и ја на него коа искача со другари. Од почеток ваква ни е врската и баш ми се допаѓа тоа што можам на раат да си седам со другарки, без некој да ми ѕвони на 4 минути и да ме прашува што правам, или пак да доаѓа со мене.
    И се беше супер до пред некој месец, кога една другарка си фати нов дечко и знам дека е заљубена и се тоа, ама па немора секаде, СЕКАДЕ да го носи.. Ми поминува меракот за лејдис најт одма!!
    И кажавме еднаш, двапати.. И не сфати, и сега си го носиме секаде со нас, па и на другите другарки дечковците реагираат како он може да дојде, а они не =))
    Исто така имав другарка, која криеше од дечкото кога искачаше од нас??!! Он не ја пушташе ! И ова никогаш неможев да го разберам, и еве ја, се одвои од цело друштво и никој не ја видел 1 година!
    Конклужон - Лејдис најт ис бест.. Али без мужи~
     
  7. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    239
    Една другарка имаше еден ваков и секаде со неа доаѓаше. Една вечер лејдис најт во стан од другарка и нормално и тој дојде и ние за инат почнавме да зборуваме женски муабети. Почнавме со попусти низ градот, до депилации, до менструации и на крај - ВРВОТ на youtube пуштивме видео жена кај што се пораѓа :D дечково не дојде уште еднаш на наша собиранка :D
     
    На Ana Chio, Name, LaraSolare и 8 други им се допаѓа ова.
  8. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    48
    хахахахах ме изнасмеа. Добра ти е идеава. Кога ке имам прилика ке ја применам :D
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.054
    Допаѓања:
    48.325
    Пол:
    Женски
    И јас имав таква другарка, и на крај и рековме ако доаѓаш со него ич не доаѓај. Па после се опамети, се знае ако сме жени, нема место за маж. Јас многу се нервирам ако така непланирано излезе, поготово ова, а сме се спремале за пиење и за женски мрсни муабети, Па како забога јас да зборам пред него за сексови, лижења, перверзии и сл.? Е не може. Нити јас сум го носела, нити пак сакам некој друг да дреме и да расипува забава.
     
  10. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    654
    Страшно ме иритираат вакви ситуации. Имам и јас ваква другарка, ама буквално се со него е (мама и тато не поминуваат по толку многу време заедно). Порано кога излегувавме со уште една другарка, она ќе го донесеше и него и со него заедно во кафич си седиме или ќе шетаме заедно (често не сакаше да одиме ние негде за да не ги оставиме сами од проста причина што и на неа и е страшно досадно секоја вечер да си седат сами негде) се случуваше и додека седиме во кафич некоја обична вечер, претежно тие двајца да си седнат еден до друг нормално нели и цела вечер сами си зборуваат се лигават таму. Сега излегуваат со еден друг пар и четворицата секој викенд заедно сами ќе одат во кафич и само седат потоа во дискотека-истото и таму го прават, цела вечер ни да станат да поиграт малку, ништо. Сега нема излезено со другарки кој знае од кога. На нова година до 12 ипол е со нас потоа доаѓа дечко и ја прибира и чао. Еднаш ми имаше кажано (минатото лето) дека му кажала дека не сака да излегува тој ден, секој ден досадно и било веќе, и тој на тоа и кажал лани како можеше секој ден да излегуваш, сега не сакаш. Јас не би издржала некој дечко толку да ме напнува.
    Друга другарка пак, иста како горенаведената :D не оди нигде без него, буквално неможе да си замисли изчегување без дечко и. За едно девојче кое си има нормален дечко, кога ќе се каже лејдис најт си оди сама, оваа другаркава вика па дечко и не ја сака, затоа не излегува секогаш со него |(
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    9.109
    Имаме една ваква во друштво. Абе патетики. Арно па и на него не му е срам да седи со 7-8 девојчиња и да слуша женси муабети. Јас да сум во машко друштво само и цело време зборат за коли и која година се, колку коњи....ми пука филмот бе. Али дефинитивно повеќе ми пука кога некој ваков пар без осет ќе ми ја расипе вечерта, а јас ни крива ни должна. Сум го оставила мојот дома, а таа ми го носи нејзиниот.
    Убаво кажа, го расипува целиот концепт на вечерта и испаѓа џабе собирање, ќе се стегаме

    За оваа мојава другарка што секаде го носи нејзиниот, еднаш се собравме само другарки пред излегување, да се позапиеме, да се спремаме, облекуваме, шминкаме...И ете ја неа со него, почнавме да вртиме очи сите, и од такви ситуации типот ми станува одбивен. Ама решивме дека нема да ни ја уништи вечерта и поседевме малку и дојде време да се спремаме и му рековме да излезе од соба зашто ќе се облекуваме. Ние тука сите девојчиња се шеткаме по прслоци, се шминкаме, па се пресоблекуваме по 100 пати и типов си седи пред врата едно 45 мин и абер нема да си оди, осет никако. Намерно го оставивме, за да му текне за друг пат, а и онака така ни беше планот за вечерта, нема да менуваме ништо и да идеме две по две во веце да се облекуваме и шминкаме.
    И другаркава осети дека не го сакаме таму и го собра и си заминаа. Ни се налути и од тогаш немаат дојдено задно т.е ни она не доаѓа коа се собираме али гајле ми е. Поарно ќе бидеме 6 другарки и ќе си помене супер, баш лејдис најт, отколку да бидеме сите 7 со плус додаток
    Абе крајно претерано е, се собираат клас од средно и она со него, се собираат колеги од факултет она со него, го носи на свадби, родендени и секаки дешавки каде што не е поканет. Па освести се малку, може некој планирал вечера за 10 луѓе и тоа е тоа, ако сите носат по еден каде е крајот....

    За тие што го прават ова: најверојатно другарките ваши несакаат да ви преречат али имајте не ум дека е страшни иритирачки и никој несака машко на лејдис најт, колку и да е фин и срцка и добар
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Сите ја имаат таа таква другарка :lol: Инаку јас сум често со дечко ми, ама кога ќе се договорам со другарка да излезам да си помуабетиме негде тој никогаш не доаѓа со нас. Ми ги знае сите другарки, некои доаѓаат со нас кога излагаме заедно во друштво ама една другарка кога сме во друштво доаѓа скоро секогаш зошто она иде со другарот на дечко ми. Значи кога сме друштво и машки и женски (нивните женски) се супер се дружиме сите, ама кога иде он утакмици да гледа кај другар дома, или фудбал да игра или кантер или кај некој дома или му доаѓа некој дома, иако сум другарка со скоро секој од негово друштво (со некои само онака ништо повеќе) не им се пикам зошто ко 1. што би правела јас со нив? Они ќе зборат за машки работи, кантер, утакмици, игрици секакви, сони, нивните ``шеги`` итн што мене ми е досадно. А има таква женска на другар му што често оди кај нив и страшно ме иритира. Ќе се договорат играат карти кај некој преку ден ја гледаш она со дечко и. Мислам глупо е, сфаќам дека далеку живеат и се тоа, ама подобро он нека оди негде со неа посебно отколку да дремат во друштво а како да не постојат, настрана. 2. што би правел тој со мене и другарка/и кога ние збориме за женски, спротивни муабети (штикли, алишта, триста женски муабети, ако се слободни ми кажуваат кој им се свиѓа ја ќе речам аха ок супер онака и тоа е се). Тој дури и кога ќе ми се јави ќе ме праша само дали сум уште со другарката или сум дома и ќе речам пр. со нејзе сум и ми вика јави ми се ко ќе си дојдеш дома. Значи искрено не поддржувам девојката ако е во сериозна врска постојано да излегува со женски него да го запоставува НО кога ќе излезе со нив тој не треба да ја вознемирува сепак со него е останатиот дел од времето за нив одвоила само мал дел остави ја нека си помине убаво ќе смени атмосфера а така тој ја задушува. Истотака не поддржувам ако е во друштво слободни девојки таа да се однесува како да е слободна мислам не е фер тој не се однесува пр. како слободен нека не му го прави таа тоа во муабет да се примети како да нема дечко. Мислам дека од тоа се плашат тие машки што не им даваат слобода на девојките. Секако не слобода она едвај да чека такво излегување со другарки за да го изоговара со сите најлоши зборови и потоа пак кај него да се врати, или слобода ако нејзините слободни другарки излегуваат со машки тоа да го прави и таа, додека тој излегува само со машки.
     
  13. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    35
    Уфффф иам ваква другарка ... крајно одвратна ситуација, си решил да се опуштиш со најдобрите другарки и оп еве ти некој што можеби едвај го познаваш. Па добро бре толку ли не можат 2 саата да поминат одвоени, немаат ли потреба да поминат една вечер у строго женски муабети, да се видат на само со другарките, да си кажат која како е што праи. Уште потрагично ми е да и речам дека ми треба за муабет, за совет и таа да дојде со него, па толку ли не сваќа дека од неа барам нешто не од него, ако таа има толку поверење у него не значи дека и јас имам.
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Последната ситуација ми беше пред некое време со другарка ќе одиме на женски пазар материјалчиња да видиме, ќе одиме кај бугарите накит да бараме и се договорено и ми јавува и вика ќе дојде и он сакал да види нешто, и ми вика нема да ни смета иначе уживај. Детето го имам видено еднаш и нема да ми сметал да се мкне позади мене на тезги додека јас пробувам прстени и барам обетки?!?
    Абе ај беај таму и и откажав.
    Истата таа си го носи секаде, на излегување со колеги од работа го носи, сите колеги само он странец. А у секоја фирма си има интерни муабети и шали и овој ко муле седи цела вечер нема тема на муабет. :^)

    А дечко ми после секое искачање женско ми вика имаше ли некој влечуга со вас? :lol:
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Росонерка офф топик сум ама морам да ти признаам сум приметила дека го владееш Бит Пазар 8) Иначе како не му е глупо на таквиот дечко не сфаќам, тој е црната овца во друштвото, треба да им е незгодно на двајцата. Истово баш и не важи ако дечкото ја мкне девојката сегде, тоа се цеееееени кај нас :rofl: :lol: ама и тоа па е глупо, сама девојка во друштво - НЕ. Други девојки на неговите другари + неговата девојка ДА :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    9.109
    :D Си знае он

    Јас мојов да го тепам нема да дојде.
    Некогаш ќе му речам да дојде со мене до некој бутик и одма ми вели: абе викни си другарка за такви работи, остај ме мене :) а не пак и он да се влече со другаките

    Е овие се во буквална смисла ВЛЕЧКО. Ко скечот од к-15 :D
    Имаш дечко? - Не, имам влечко.....Буквално :^)


    Ама најнејасно ми е тоа што не доааѓат например дека неможат два саати еден без друг туку нешто друго, а незнам што. Ете на пример нека излезат предходно заедно, после пак нека се чекаат, да не си недостасуваат многу. Ама они не - предходно се по дома, доаѓаат со нас, и после се испраќаат и секој по дома. Е ајде де...
    Ај може му и интересно ама кај ти е барем културата
     
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Една школска велеше не ми треба приколица по мене :lol:
     
  18. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Кај мене има една друга ситуација..сите другарки што на времето збореа,дека покрај дечкото,ќе искачаат и со другарки,без него..сега не мрдаат од дома без него,хахаха..сега после толку години ги гледам и се смеам,дали се истите тие :D
     
  19. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Па неам некоја ваква ситуација...додуша кога ќе размислам порано, една моја другарка кога се фати со дечкото не излагаше со нас :) а сега после толку години поминати со него почна да излага и сама.
    Кога ние се собираме женско друштво дечко ми ни под точка разно нејќе да дое.Сум му рекла и кога идеме на кафе или кога знам дека има и други машки да дое он ми вика што ќе праам со вас одете си вие |(
     
  20. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Како прво и прво самиот дечко треба да има осет - кога ќе му се каже ќе бидеме само жени, он мајка му ли ја бара таму?? - Ај женската до негде ќе ја оправдам, се заљубила изгубила памет, незнае како и што треба, што е добро, а што не и дечкото и е најбитен.

    Али тие пуфлиња, што праат бре со толку женски??? На една другарката дечкото буквално цела вечер ја предрема со главата меѓу нозе (не сум сигурна што правеше), следниот пат пак така и ја му викам
    • - Еј абе ко досадно да ти е на тебе и он вика - па ниедна не донела дечко
    Хелооооу -ОВА Е ГРЛС НАЈТ-аутсајдери не се потребни :fubar: :fubar: а не па уште и дружина да ви праиме!!!

    Не не, неможам да сфатам :|
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.