Форумџика на годината

Излегување секаде со дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 мај 2011.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    :D Лично искуство, полично ....амин.
    Имав другарка со која се дружев од мали нозе. По цел ден бевме заедно. Како петок и сабота, како газ и гаќи и сите други метафори за другарки.....
    Но, одеднаш си фати дечко и ја смема. Петокот остана без саботата, бидејќи саботата се здружи со неделата :D.
    Во тој период бев во тешка ситуација, поминував низ тешки мигови, најтешките во животот. Навистина ми требаше разговор, друштво, шетање (за да не се затварам сама дома), а другарката ја снема и кога и да ја викнев доаѓаше се дечкото :@.
    Момчето е супер, само што некои работи јас не можев да ги кажам пред него. КОга и да излезевме во диско, тој доаѓаше со нас.
    Така дојде и крајот на моето интензивно дружење со девојкава. Еднаш ја викнав да излеземе само девојки (беше јасно потенцирано) и таа одби, во тој момент кажав се’ што имав за кажување и беше крај :^)

    Еве до ден денес се како црева. Ја зима од работа, ја носи, излегуваат со неговото друштво (таа повеќе нема сопствено)....ама ако им е убаво нека им биде, јас немам ништо против ;)

    Мислам дека самите девојки го дозволуваат овој “црево“ однос, па затоа и би рекла дека тие се виновни, а до душа може така и им одговара ;)
     
    На Adi888 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    За среќа немам таква блиска другарка, ама имам таква колешка |(
    Се договоривме со колегите да одиме во театар, а таа и него го довлечкала. Никој ништо не му рече, ама како гром од ведро небо се појави, не ни го најави. Работава - па многу нормално дека и он ќе дојде.
    Блиските другарки ми се секогаш тука за кафе муабет и женско излегување и за среќа со нив немам такви проблеми :)
     
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    па искрено и не го носам секаде, ако одиме само женски ке одиме само женски, никаде не го влечкам без најава итн...

    а иам една другарка е таа потполно се изгуби со дечкои. Стварно не ми е јасно како може онака, без него никаде, се слушаат на секои 5 мин, оди да спие кај него дома...Ја советувам како постара од неа ама не сваќа навистина не ми е јасно што мисли дека ќе постигни...ама ете то е то :/
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647

    Ууу темава ме погоди у груди :rofl: , значи исто како да сум пишувала јас, како што ќе каже и некоја друга феминка, значи во секое друштво треба да постои една таква дечко влечкачка(ние така и викавме на другарка ни). И знаеш што се случи остана сама со дечко и нема повеќе другарки. Па сите имавме дечковци и знаевме што е љубов но се си има граница. сега не зборува со никоја од другарките и повторно си е само и само и секаде со дечкото
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Имам или поточно имав таква другарка бидејќи откако стапија во брак сега само со парови се дружат.
    И ова е доста иритирачка ситуација го влечеше секаде со нас дури сме го чекале бидејќи тој секогаш доцнеше се спремаше подолго за излегување од сите жени |( . И мака си немаше онака еднаш кај нив дома бевме собрани другарките кога беа верени ние си разговараме типов си пушти порничи да гледа ние сите останавме подзинати :o па таа го опомена да смени.
    Инаку другарка ми дури и на риболов оди со него замислете ја ситуацијава еден куп мажи, а таа упорно дреме до него со саати или па виси да проверува резултати од натпревари бидејќи типов е хардкор уплатувач на спортска. Нејсе тоа дел од нивното слободно време си е, ама тие упропастуваа голем дел од нашето време како друштво со неговото присуство.
    Се знае излегување во женско друштво дека не треба да вклучува и дечковци ајде ти се молам како да не можат да поминат неколку часа одвоени, од вакво форсирање побрзо пукаат врски, па секој има потреба да здивне малку од партнерот понекогаш и да ја осети онаа слобода која една жена доста убаво му ја искажала на мажот преку зборовите „излези од дома имам потреба да те оговарам со другарка ми„.
    Смешно,но вистинито.
     
  6. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    и јас имам таков проблем уствари повеке се :!:
    со една другарка сме заедно уште од мали нозе се дружиме секогаш заедно сме биле и си фати дечко јас ги запознав мој пријател немам ништо против нив мило ми е за нивната врска ама дружењата со неа намалија неколку пати излегов со нив и се осекав како натрапник а ги знам цел живот и двајцата по одприлика еден месец и јас фатив дечко ај некако работите се оправија понекогаш излегувавме сите заедно ама тоа беше привремено ептен потпадна под негово влијание еве веке неколку месеци седат дома не излегуваат освен на кафе и тоа ептен ретко.
    мене искрено ми е смачено од оваа ситуација ја викам на кафе кај мене доаѓа ама седи на трње додека пиеме кафе овој и звони па муабет а се договаарат за средба е неможам да разберам никаква работа е оваа.
    додека јас си излегувам со друарките се собираме на кафиња на вечери на пијанки и секогаш одам сама никогаш не ми прави проблем ниту пак ми звони на пет минути затоа што си имаме поверение и двајцата.е сега за другарката и звонам за излегување без него не оди никаде ја молам за кафе да седнеме некаде се согласува а потоа одеднаш нешто друго и излегува и веке престанав еве ретко се гледаме ама нека е не ја молам веке што сака нека прави.
    и уште еден пример за друга другарка со која се дружевме значи нон стоп и со неа заедно се беше во ред додека не фати дечко и многу брзо се вери немаше ни два месеца и еве ги секаде заедно без него не излегува дури и престана да звони ама гајле ми е за тоа што сакат нека прават кој е за дружење добро кој не е нека си го фака патот.
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас и да сакам да го носам секаде со мене неможам далеку ми е.Како и да е воопшто не сум против да си го носи некоја дечкото со неа односно заедно да си излагаат,па што ако се колеги од работа?Ќе ги запознае па нареден пат ќе се вклучи и он во муабетот,не гледам ништо лошо тука мој избор ако мене не ми смета што има па на нив да им смета.Е сега girls night е нешто друго.Како прво јас неможам да разберам како ОН нема осет да рече се девојки нека си излезе што ќе правам јас?Ќе дреме као клен со муабетот ај да си одиме |( е ова и мене ме нервира зашто ми нема смисла 5 женски и он.А и она сега се договорила со другарки,знае само женски дека се и пак да го вика хмм или па несмее без него да иде :?: не ми е јасно,ќе дреме таму ќе снима муабети.Утре дечко ми ќе ми рече е како она си го носи дечкото а ти не?Исто и јас би реагирала да знам дека друштво машки се собрале и девојката на некој таму дошла а јас дома седам.
     
  8. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
     
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Кај мене пак обратно е. Моите другарки сакаат да доаѓа мојот дечко со мене. Дури и ми викаат да дојде и тој зашто им е забавно. Сите сме врсници. Играме карти. Дури и за секс опуштено правиме муабет.
    Но сето ова само во одедени ситуации. Ние најмалку 3 пати во неделата одиме на едно заедничко кафе..Е тука нема викање дечковци и паѓаат добри женски муабети. А кога излегувам во дискотеки секогаш сум без дечко. И да го молам дечко ми нема да дојде. Многу ми е глупаво во дискотека да бидиш со дечко. Не е то, то. Нема филинг. Илјада пати е поубаво со другарки и така и си практикувам.
     
  10. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Излегуваме заедно, ама и посебно ... кога сакасм да одам со другарки одам, кога сака да оди со другари оди ... Мене ми е глупаво да оди секаде со мене или јас секаде со него ...
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кога е поканет некаде со мене одиме заедно, за излегување почесто сме заедно цело друштво и машки и женски ама кога другарка ќе ме покани на кафе се подразбира одам сама или пак ако со другарки ќе се договориме за на кафе во град тој не доаѓа се подразбира само женско друштво :)
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Аххх има и полоши случаеви од носење на дечкото на лејдис најт. Јас имам една братучедка која секаде по гости го носеше уште во првите месеци од нивната врска. Значи девојчето откако се фати со него, мене ми нема дојдено дома сама , цело време со него. Да не може човек муабет на раат да си напраи. А што беше еден од оние самобендисани , лажговци и преваранти - абе шо да ви кажувам. |( За среќа раскинаа :lol:
     
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    немам ништо против за тие што се многу често со дечко но секогаш и секаде да одиш со него епа тоа е претерано за среќа јас си немам таков проблем со другарките досега така нема ни се упропастено некој договор
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Иако е тоа лично право, сепак сметам дека не е убаво доколку се договорени се девојки, да се помкне и нечиј партнер. Мене тоа ми е само знак на љубомора и забрани. Јас сакам воздух, сакам приватност, слобода. Башка пред него сум имала живот со тие другарки кој треба и понатаму да го негувам.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Уффф ова ме потсети на една мноооогу незгодна ситуација. Значи беше пред некоја година имав една ептен блиска другарка. Си фати дечко и почна да искача претежно со неговото друштво ама ок и ние се гледавме, потоа и јас фатив дечко и искачавме во парови и се тоа. После некое време не можам да се сетам дали уште идев со тој дечко :?: или не ама сеедно, се договоривме да излеземе женски на кафе, а после тоа да идеме во парк со цело друштво. И рековме ЖЕНСКИ на кафе и после со ДРУШТВОТО и јасно беше дека НЕ треба да дојдат дечковци. Бевме 4 другарки, додека бевме на кафе она збореше на мобилен константно, после тоа „случајно“ во парк се сретнаа и она реши да оди со него. Не изреагирав никако во тој момент пред нив си рековме чао, чао и си отидоа. Толку се изнервирав, не можев да се смирам цела вечер,седнавме со друштвото и почнав да викам, да пцујам дека не можам веќе да трпам секаде да ми доаѓа со него, дека мене ми е преку глава и се по ред и кога одеднаш се вртам и они позади мене со вакви изрази :o и нели во моментов не знаев што да кажам и продолжив истото да им го зборам и си отидов. Утредента и се јавив да и се извинам и да и кажам дека стварно не е во ред, не личи на ништо, дека и самите они ќе се презаситат, се беше супер не ми беше лута рече демек сфаќа у право сум, ама нормално тоа не смени ништо, си продолжи она по старо. Сега мислам дека не се заедно, не контактираме веќе со неа... :/
    Значи и јас имам долга врска и сум навикната на дечко ми и често сме заедно, т.е. најчесто искачаме сами, за жал немаме заедничко друштво. Ама кога ќе се каже дека искачаме секој САМ со своето друштво без разлика дали се само женски или машки, или па мешани другиот само кажува убаво да си поминеш и крај.
    Се извинувам за долгиот одговор, ама и сега ми залупа срце како тогаш кога ги видов овие двајцава влечуги позади мене :lol: :lol:
    И само уште ова, девојки не се залажувајте ако ви речат другарките дека не им смета да дојде и дечко ви со вас. Значи им смета! Само не можат тоа да го кажат. И мене тоа ми го зборат другарките и јас на нив, ама сосема е јасно дека тоа се кажува од култура.
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Е стварно неможам да сфатам вакви патетични врски :@ па не ќе ти го украдат бре дечкото ако барем еднаш месечно излезеш сама со другарки. Стварно не можам и не сакам да ги сфатам ваквите врски и луѓе, па едноставно тоа не е нормално :^) Ќе одиме со дечко ми залепени еден за друг, небаре ќе ми избега некаде.
    А за тие што тоа го прават од љубомора, да не ги изневери, освестете се еднаш дека ако некој сака да ве изневери ќе го направи тоа па макар и со секундарен лепак за него да се залепите!
     
  17. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Се си има свои граници.Мислам дека во секоја врска тие работи треба да се разграничат,чисто за самиот себе да си имаш свој простор.Ни мене не ми се допаѓаат такви влечења секаде.
    Моето,а и неговото друштво се сме парови,но кога ја си се договарам со другарки кафе-муабет и сл. се знае јас со другарки,со него после.Истото важи и за другаркиве.
    Ми се случувало да бидам ја "влечугата" зашто дечко ми сакал да излезам со него,но подоцна му имам кажано,кога идеш на собири,дали со фах или било кој,слободно иди ...мене и така таму ќе ми биде досадно,а ти ќе незнаеш на кого попрво внимание да обрнеш.Ќе си имаме ние доволно време за нас :)
     
    На maca-23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Дали ме нервира? - ДА.
    Дали ми пречи? - ДА.
    Дали ми е сеедно? - НЕ.
    Ваквите од прва ги елиминирам искрено. Веднаш им кажувам, ваква и ваква е работата, не чини. Ако не се корегира во своите постапки, ciao tutti.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Искрено, многу ми е глупаво и патетично тоа-секаде да се оди со дечкото. Се си има свои граници. Кога сум договорена со другарките, си излегуваме само ние, женско друштво и секогаш преубаво си поминуваме. И што ако сме излезени без дечковци, што ни фали?

    Мене тоа не ми е нормално, како да ќе ми избега дечкото па треба секаде да одам со него како залепена. Глупости! :fubar:
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Мојон фино се вклопи кај моето друшво на кокошки...
    Кога сум со нив -со нив сум.
    Он нека си праи машки муабети во негово друштво.

    Јас лично, си преферирам по некоја вечер во викендот да си отседам дома, со купишта цигари, кафе и чипс и оговарање.
    Не би го носела, не би ни трпела туѓ дечко на тој начин.
    Ми спотребал некој да ми превртува очи док зборам што ми се десило...
    Како не... марш!