Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Излегување секаде со дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 мај 2011.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Скоро секогаш излегувам со дечко ми, без разлика дали со неговото или со моето друштво! Но и моите другарки си ги носат дечковците, односно излегуваме во парови сите заедно!
    Но кога сакаме да се изнамуабетиме, да споделиме некој ,,сочен муабет,, да дискутираме на некоја поженска тема се разбира дека не го влечам со мене! Поточно и да го викнам да дојде знам дека нема да сака да одигрува улога на моја приколица! Кога е средба со другарките тогаш само другарките ќе бидеме! Ниту една од моите другарки нема навика да го носи дечкото, така да го немаме тој ,,проблем,,

    И не ми е јасно зошто би го влечкала дечко ми со мене онаму каде не му е местото :?: Ете се ставам на место на таквите девојки кои секаде го носат ,,саканиот,, и не можам да ја утврдам вистинската причина зошто е тоа така! Недоверба ли е во прашање? Некое глупаво правило да се биде постојано заедно? Што знам,не ми е јасно!
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Ај и јас да споделам искуство на темава. Имено, другарка ми иде 1 година со дотичниот господин. На почеток стварно ми се свиѓаше, не дека сега не ми се свиѓа али претерува на моменти.
    Искачаме ние со друштво во кафана, со договор дека ќе го собереме покасно за во дискотека. Типот се појавува во кафаната со нејзе. Океј, прв пат. Втор пат потполно иста ситуација. Трет пат, после Нова Година, се немавме видено 2 недели, се собираме женско друштво да си ги искажеме авантурите, маките, она се појавува со него! И ај отвори уста де!
    Четврт и најекстремен случај. Се договараме ја и она да идеме на шопинг у друг град, за викенд. Ми се јавува вечерта пред тргање и ми вика абе ќе дојде и Х со нас. Аман си велам интересно му е да се влечка 7саати по продавници?! И издржа дечково, алал да му е.
    Збориме со неа, она се правда дека он инсистира да доаѓа. Среќа што учи во друг град па во работни денови може да правиме собиранки.
    Е сега, овој викенд, прв викенд откако се во врска, другарка ми искочи со нас, строго женско друштво и после 10тина пијачки и се појави еден поранешен симпатија и беше на праг да го изневери. I was like wtf?! :^)
    Тоа ти е, гушење до бесвест.
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.326
    Пол:
    Женски
    ЈАс претежно секаде одам со дечкото,пример кај другарки на роденден,кај негови другари и се тоа,не ми пречи,ама кога се договарам само женски дека се собираме,не доаѓа,ниту се буни,нема зошто,па не мора секогаш да сме заедно.и он ако сака нека си се договори само машки нека си излезат.Глупаво ми е тоа сме се договориле женски само и оп гледаш само еден дечко со нас,ако веќе дојде еден нека си дојдат сите со дечковците а не така глупости.
     
  4. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    И добро што ќе правват тие девојки, откако две цели години биле отсечени од сите поранешни пријатели и биле сами со дечкото, кога ќе раскинат. Најсмешни ми се тие моменти, злобничко е. Ама треба да си знае дотичниот кај му е местото. :) На пример јас и дечко ми се гледаме преку недела, ама кога е кафе со другарки, договорено излагање со девојките само не го викам него. И да го викнам нема да дојде. Што баара таму? Да дознае каде има најдобра интимна депилација?
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Јас и дечкото си ги утврдивме тоа правило уште на почетокот, и морам да кажам дека и после толку години, одлично функционира. А правилото гласи „Кој прв, тој услужен“ :rofl:
    Што значи, ако јас се договорам со другарки за шопинг, за кафе, за филм, за шеткање, за кукање и плачење, за перверзни муабети, одам со неа и крај. Ни 5 минути покасно да се јави господинот и да ме побара за излегување, нема да откажам средба со другарките, а нема ни да го викнам со нас. Зошто? Каква поента има тој да седи со нас, да ги слуша нашите разговори, да слуша интимни разговори? Истото важи и за него.
    Тука морам да напоменам дека како и во секое правило, има и исклучоци. Луѓе сме, се случуваат секакви работи, и добри и лоши, па ако му сум потребна, ако е нешто итно, ќе останам со него.

    Што се однесува до другарките, во секое друштво мора да има и такви, да не биде монотоно де!
    Од 6 најблиски другарки, 2 се однесуваа така, со таа разлика што не ги влечеа дечковците со нас, туку воопшто не доаѓаа! Или пак, ако веќе дојдеа, по 15 минути заминуваа со изговор дека се договориле со Х, неизбежно било. |(

    Што е најинтересно, нивните дечковци не се така љубоморни и желни за излегување со нив, како што овие двете сакаа да го претстават нештото. Верувале или не, причината што постојано се излезени со нив, што се гледаат секој ден, е всушност начин да ги контролираат дечковците, во смисла - „Ако јас сум постојано со него, нема да се гледа со другари, нема да зјапа по други женски, нема да контактира со други женски. Ако јас не излегувам со другарки, нема ни тој да излегува сам со другари.“ Според правилото на реципроцитет :rofl:
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    За да успее една врска потребно покрај љубовта да има разбирање и компромис, да тоа е едно од златните правила за успешна врска. Неможе една врска да успее ако нема доверба и разбирање. Го сакам, дечко ми е да речам скоро 10 години, но неможам јас 24 часа со него да бидам окупирана. Се знае кога сме заедно, кога сме со пријателите. Со оглед на тоа па што сега и заедно живееме има време секогаш за нас двајцата. Кога сака оди со неговите другари, нема потреба за поднесување на сметка а истото важи и за мене. Барем за тоа немаме проблем. Чувај боже чудни ми се паровите кои 24 часа се заедно, а ако не се заедно тогаш телефонски разговараат. Знам такви примери и тоа воопшто не е во ред, кога тогаш ќе пукне.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас си имам задолжително минимум една вечер со другарките, тој - вечер со другарите.
    Нема мешање, нема потпрашување, пораки, ниту муабет на телефон таа вечер.
    Правилата се тие.

    Имавме случај кога дечкото на една другарка стандардно си доаѓаше на лејдис најт. :^)
    Моментот не го сфаќам, ама ич - па уште и доаѓа демек изненадно и шмекерски - кај ви се бе дечковците?
    - Еве, мојот во гаќи си мирува. |(
    Ама нам толку ни чука, муабетите за фарби, влошки, шминки, нокти, секс и перверзии не изостанаа, и малку по малку се опамети.
    Сега си прашува - а само женски сте?
    Ааааа, не доаѓам.

    За памет. ;)

    А кај дечко ми некогаш се случува обратна ситуација - машко друштво, и само една женка, женска на некојси дотичен.
    Таа ситуација - подеднакво бетер.
    Треба да се има усул, разбирање и доверба, нема светот да се сруши ако не поминете една вечер заедно.
    Ме иритираат ваквите парови и ги одбегнувам за дружба.
    Да се немало свое јас.

    Ги одбегнувам и оние кои доаѓаат, а цела вечер ја поминуваат на телефон со лиглето од дечко.
    И што си ми дошла, да те слушаме како си гугувкате и си праќате воздушни кис4иња?
    Марш дома.
     
    На EleMental, TeddyGrey и teddybear им се допаѓа ова.
  8. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    Ах, јас имав еден дечко одев 3 години сега екс фала му на Бога, требаше нон-стоп да бидам до него ако не сме заедно ми ѕвонеше на секој пола саат, не смеев да излезам без него.Се оддалечив од сите другарки, не смеев да излегувам со сестра ми, ни со брат ми зошто брат ми имал другари да не сум стоела со машки не било убаво с с с.Не смеев кафе да пијам со другарките па камоли да излезам во град навечер. |(
    На факултет не смеев да се облечам како сакам да ставам накит, да се шминкам...ах има многу глупави работи што можам да пишувам до утре.Али како и да е ми дојде паметот и научив многу убава лекција во врска со љубовта и за една врска.
    Но сега имам друг дечко и ми е многу убаво.Ме разбира за се имаме комуникација, доверба и љубов.
    Секогаш треба да има разбирање и компромис во врска.Јас со мојот дечко одам скоро 8 месеци и имаме многу разбирање еден спрема друг и компромис, а секако дека и доверба имаме што е многу битно за опстанок на една врска, и на крај љубовта да не ја изоставам.Тој е од друг град јас од друг, а работам и студирам во Скопје и секогаш кога може да дојде, доаѓа на недела-две за да се видиме.Јас кога сакам да излезам со другарките му кажувам ќе излегувам и ок е се, многу нормално да му кажам дека ќе излегувам, а не да излезам и потоа да му кажам јас излегов.И тој исто ми кажува јас излегувам и ок готово, баш ме радува да излегува да се дружи, несакам да седи дома и да се изолира нема смисла.Се случило два-три пати тој кога беше дојден Скопје кај мене, јас бев излезена со другарките и никогаш ми немаше ништо речено, освен со ум само и убав провод :)
     
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Нема проблем ако сакам сама да искочам ке одам и не го викам ке му кажам ја одам чаоооооооооооосс :rofl: :rofl: :rofl: а ако сака да оди сам некаде нека оди ама да не го остаи паметчето домче :wasntme:
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Има сеа нова ситуација со дечкото на другарка ми..
    Она доаѓа сама, ама му кажува ќе оди, и он ИЗНЕНАДНО се појавува со другари на истото место :@ |(
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Јас одам скоро секаде со дечко ми и не гледам ништо лошо во тоа. Се разбира оди и сам на кафе со другари итн. но доста често сме заедно. Секој ден обавезно мора да се видеме. Ако недоволно има излегување со дечкото, нека бара секс од оние со кои излегува :| :D
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ми смета и тоа многу.. значи порано заради врска ги губев сите другарки сега и двете ги имам затоа што сватив дека другарките можеби цел живот сум ги имала и ке ги имам а дечкото не знам колку ке бидеме заедно.. затоа сега си искачам и со другарки и со дечко ми..
     
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Никако.Се знае лејдис најт си е лејдис најт.Кога е време за трачарење на кафе се иде со другарки.Дечко ми не е ни таков тип да си го пика носот кај што не треба ниту јас го викам,едноставно нема потреба он да ги слуша нашите муабети и оговаранции.Имам другарка што го влечка дечко и со нас на кафе,слуша се,ме нервира зошто треба да се пази пред него што се збори и муабетот е 2 реда..А кога правиме лејдис најт доаѓа без него и се понаша ок куче пуштено од ланец... :x
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    епа не баш секаде :rofl:
    не ќе го влечам со мене коа сум со другарки или он ќе ме зема со него коа е со другари,мислам ова ми нема смисла, а има доста такви парови што познавам :lol:
    се знае,си имаме време и за нас двајцата и за останатите околку нас,неможе тоа така 8)
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имам другарка, само 9 месеци е со дечкото, а луѓе неразделни се не знаете колку.
    Што да кажам повеќе од ова-испраќавме другарка во странство, собрани во кафана, од претходно се знаеше дека сите ќе дојдеме без дечко, ете ги нив двајца заедно!И ако ви се верува, на дечково не му беше воопшто непријатно, си седеше како муле цела божја вечер без да му е барем малку непријтано и да рече јас одам.И така сега, на слики гледаш 10 женски и едно машко :fubar:
    Инаку, и јас и дечко ми се знае дека на кафиња со друштво секој си оди сам, ептен ретко ако се погоди јас со него или он со мене, ама како што реков секогаш е поради некоја причина.
    Сите што ги знам и биле така нераздлени, на крајот си здосадиле и не сакале да се погледнат, а не па нешто повеќе.
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Секако дека не одиме секаде заедно. Кога искачаме само женски и така е, не доаѓа он. И он си оди некогаш на кафе со другари па и со другарки од негов клас. Нема што јас да се лутам или он. Имаме правено муабет на таа тема и двајцата се сложивме дека си веруваме еден на друг и дека нема потреба до никакво задушување. Да, тоа според мене, а и според него, е задушување ти да одиш секаде со него. Не е некој што секаде ми се меша, едноставно имаме доверба еден со друг и тоа е тоа. Искачаме заедно често, сами или со цело друштво, но кога ќе се договорам јас дека одам само со другарки тогаш се знае дека одам сама. И многу ми е мило што така функционираме :D
     
  17. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    тхе сејм :)
     
  18. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Немам таква другарка што со дечкото се како тенџере и капак. И јас не сакам кога ке се договориме само девојќи- само ние ... Иначе ние сме 4 верни школски другарки и сега тие 2те немаат дечковци и на пр ке се дог само женски и они ке закарат друго некое машко и после на другата школска не и дават да го закаре дечкото. Па кога веќе има машко зошто да не дојде и дечкото на школската...ахх како ме нервираат се они ќе наредуват кој да иде а кој не... :@ :envy:
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ејјј ми ја погодивте темава. :D
    Отсекогаш сум била против влечкање дечковци и женски каде што нетреба. Убаво е понекогаш и тој да дојде со вашето друштво и вие да отидете со неговото или да договорите излегување во парови но нели се знае границата. Лично би се чувствувала многу глупаво ако во друштво од 10 машки јас сум единствено девојче.
    Пример од моите другарки :D
    Другарка 1 - во врска е скоро 2 години и никогаш не излегла со другарки. Мислам има излезено 3-4 пати но со неа беше и љубениот. |( Па така тие кога се со друштво цело време се гушкаат, лигават и си докажуваат колку се сакаат. Дечкото воедно не и го поднесувам бидејќи се обидува на сите да им соли памет што да прават со животот а тој незнае што со својот.
    Другарка 2 - во врска е повеќе од 3 години, излегува со другарки 1 во 3 месеци и обавезно минува 1 саат во разговор на телефон бидејќи дечкото и е болно љубоморен
    Цела среќа што си имам и други другарки за излегување па не зависам од овие 2 кои ни со полиција неможеш да ги најдеш :emo:
     
  20. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Започнав нов живот. И врска исто.Можеби е прерано ама ќе напишам.Ми се свиѓа.Супер е.Паметен , згоден , добар ...ама неможам тоа да го сватам.Денеска беше нашиот прв состанок.Одлучив дома се ќе кажувам ...ама тој ме присили на некој начин повторно да лажам ! :(
    Прво ме тераше да одиме некаде далеку од градов.После многу молења , го одбив.Иако ми се допаѓа многу ! Попушти он, попуштив јас.Ок. рече тогаш , овде нека биде во градов.Ама ќе бидеме сами, сосема сами.Ок...си реков.Дома кажав ќе излезам со него , ама реков во кафуле некое дека ќе одиме.Всушност , бевме во еден стан.Сами.Се заколнав самата на себе дека се ќе дозволам, ама секс на прв состанок- никако ! Молеше , се обидуваше ама ништо.Рече дека сака да започне врска со мене , ама никој да знае.Така да се состануваме , за почеток и толку.Не знаете колку понижено се осетив...му реков да ме попрати накај дома , ок. рече.Цел се тресеше , како странец ...до тогаш цункање, гушкање , нежност ...а по пат беше укочен.Наеднаш сретнавме луѓе кои не познаваат , тој веднаш ми прати смс. како се изнервирал што не сретнале ...ок. прв состанок е.Но, сите негови врски биле такви.Ми значи.Сакам да го задржам.Но начинот на кој идеше по пат со мене , па колку ладно ме отпоздрави пред пријателите ...а претходно нежност ...се осетив мн. понижено и глупаво.Можеби нештата ќе се променат , ама не знам...јас планирам да одам со него , да се состануваме...да имам трпение.Па, ако приметам дека работата не се менува , те. тој и понатаму ме крие да го оставам.Нема друга врска, 100 % сум сигурна, мал е градов сите се знаеме еден со друг.Што мислите ...да дадам шанса или не ? Ве молам , потребно ми е туѓо мислење ...Благодарам