A pa kaj mene e drugo znaci mnogu drugarki dodeka nemaat deckovci onaka si se druzime nostop iskacame zaedno, taman ke si fatat decko odma pocnuvaat prvo da ne iskacame zaedno, vtoro poveke da se se druzime pomalku, treto da se slusneme epten edvaaj ednaska na den a pred toaa nostop znaci 24 casa se slusame i na kraj zavrsuva toa drugarstvo. Ne svaakam dali nivnite deckovci se takvi dalii na niv poveke im odgovara i taka iako jas so decko mi sum 6 godini vo vrska pa gi pravam site raboti kako slobodnite i ne go vleckam sekade so mene a i toj ne saka si ima vreme i za nas a i za drustvo
Со дечко ми сум заедно веќе 2 година и јас не го сакам тоа одење секаде во смисла ако е грлс најт тогаш тоа е тоа и крај ако е цело негово друштво јас нема што да барам тамо ... Во врска со промена до некаде ги разбирам до некаде не има другарки со кои малку се одалечи кога врската ми стана сериозна ама тие 2 шо ми се најдобри верувај ме нон стоп се слушам и да немам време поради учењето да се видам се слушам некое кратко порача дека ги сакам и сл секогаш наоѓам а кога таква ситуација се случи во друштвото наше седнавме и кажавме се шо ни смета во таа ситуација ... искрено незнам како не може да најде време за еден повик и јас не ги сакам таквите
Кога би имала дечко, да биде со мене и јас со него во битните моменти да, славење Нова година и искачања. Ама да го влечам сегде со мене ќе ме гуши, ми треба слобода и да излезам со другарките сама, да им посветам внимание и на нив. Он со негово друштво, јас со мое, ќе си се договориме, а сегде заедно ќе ни здосади.
Нема потреба да се влечкаме секаде заедно, па на секој му треба слобода во животот. Ако ми е дечко не треба да е врзан за мене 24/7. Мене искрено претерано лигави ми се тие парови што баш секаде одат заедно. Викенд дали 5 пати сме излегле заедно, тој со неговото јас со моето друштво, и тоа е тоа малку напнав со зборот "заедно" не ми замерувајте
Јас немам таква другарка, чудно е? Иначе, не сум многу често со партнерот. Повеќе сум со другарките, отколку со него. Отсекогаш било така. Секогаш сум имала мислење ако бидеме заедно 24/7 дека ќе ми стане досадно со него. Кај мене дечко ми е најпротив да седе со мене и со другарките. Моите другарки лично му имаат речено да дојде да седи со нас, тој ќе каже дека се осеќал како гејче. А навистина незнам зошто вика гејче, би било добро некогаш да дојди со мене и со другарките, но ете не сака. Штознам, се зависи до карактерот. Секој дечко не е ист. На некој му се слуша женски муабети или да не му ја украдат девојката, а некој е сосема спротивно од тоа. Многу ми е мило што сеуште има такви машко што потполно веруваат во неговата партнерка и ја оставаат да ја помине цела вечер со другарките. И тој има другари. Што ти ќе му бранеш? Не, не смееш да одеш со нив, дојди со мене.
Јас и он сме секогаш заедно испаднати , добро освен изузетоци кога тој е на работа или јас инаку секаде заедно
Пошто долго време сме у врска веке и безвезе ни е сам по сам да излегуваме, освен ако више ептен запне некоаја екипа да сме само женско друштво или со да се сретнам со некоја екипа со која не си ги знаеме партнерите, на пример колеги од факултет, нема смисла да го земам со мене или да одам со него. Никој не познава безвезе ке му биде. У последно време од коа почнаа да се мажат другарките нема лејдис најтс само денска шема и тоа се почесто по дома. И да се погоди да е кај мене ако ми идат другарки си седи со татко ми, им оди муабетот.
Скоро секаде одиме заедно, со исклучок на друштво каде што има само женски. Не сакам во такво друштво да го влечам со мене, а и него би му било непријатно.
Па излегваме заедно само на шопинг не доаѓа со мене затоа што неможе да ме дочека позната приказна,е сега излегувам и со другарки не сум прилепена само со дечкото
Имам другарка која секогаш кога со друштвото ќе се договориме за на кафе или да јадеме во ресторан, таа доаѓа со дечко и, но тоа мислам не му смета на никој во друштвото.
So decko mi sekade izleguvam po kafici,diskoteki...So negovo ili moe drushtvo...Ama koga treba da sum so drugarkite odam sama bidejki ako bi dosol i toj nema da lici na nisto,za toa taka se imame dogovoreno
Ние секаде одиме заедно затоа што моите другарки живеат надвор од градот па многу ретко се случува да се собериме , така да излегувам заедно со него и неговото друштво што воопшто не ми пречи пошто сите сме блиски а исто и на нив ... секогаш си поминуваме забавно
Јас со дечко ми сегде заедно - не излегвам. Јас си имам мое друштво и одам насамо со нив, кога сум со него ќе му текни ајде да поминиме кај овие моите можи некој има излезен па ќе одиме таму со нив ама тие се воедно и мои пријатели па нема проблем (ги знам нив пред да го знам него). Газ и гаќи да сме не е интересно, сепак покрај животот заедно нели, си имаме пријатели. Не ми смета кога ќе ми речи „Вечерва сакам со тој и тој да одам на кафе“ или јас ако му речам „Утре изгледа -другарка ми- ќе иди на кафе кај мене“ и нема некој проблем.
Јас откако сум во врска со дечкото некако сите другарки ме одбегаваат не знам зошто. Подеднакво му посветував внимание како на дечкото, ама видов дека не вреди, па сега ги множам со нула. Кога и да ги побарам за кафе или за онака муабет се зафатени, па нема да ги молам. Поубаво ми е излегувањето со дечкото отколку со нив, љубоморни и само за инает ќе прават сплетки. Секогаш заедно излегувам со дечко ми, некогаш тој вика другари, јас другарки па така наоѓаме средина
јас излегувам со дечко ми но не нон стоп. Имаме различни друштва, и тоа е тоа. Излегуваме и мешано друштво. не се напињаме со тоа нон стоп да бидеме заедно..
Додека бев во врска со маж ми не излегувавме секогаш заедно. Јас излегував со другарки и он со другари. Глупаво ми беше секаде да го носам со мене. Имав другарка која што секаде го носеше дечко и. Ќе се договоревме да излеземе само другарки, а она обавезно идеше со дечкото.
Па скоро секаде заедно излегуваме се случува да отидеме на кафе он со другарите јас со другарките. Ама повеќе сме заедно.